Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Нека не сс глупира Баерн и нека го одврзе ќесето.
120-130 милиони евра ти го носат Кејн во тим, а он е играч што овој тим на Баерн ќе го направи инстант кандидат за освојување на ЛШ.

Ретки се напаѓачите од таа класа на Кејн што се слободни трансфер периодов.

Добро, сепак тоа е тактика на преговори.
Мислам дека ќе се согласат некаде на 90 + бонуси.
 
Оптимистичен сум за Брозо, како класичен Балканец незнам како би сакал да игра кај нинџите, не дека е до толку дивјак ама малку построго и по харам се Арапиве за опуштања во нивна земја познавајќи го Брозо многу малку со тој негов луд карактер.

Демек тие 20 милиони не му биле доволно уште поголема плата барал. На крајот на денот ако му ја исполнат желбата и ако прифати не би го судел. Таква играчина како него си заслужува избор каде сака да игра и колку пари да добива.
 
Галан од Селта Виго во Атл.Мадрид за 5 милиони плус еден младинец.

Кондогбиа најверојатно во Марсеј за 7 милиони.
 
Има голем хајп за овој Галан, појма немам шо играч е Ефтино го земаме ама не ми се допаѓа шо во зделката е вклучен еден од талентирани надежи на академијата, ама ајде, ваљда знај Чоло шо прај.
Има интерес од Атлетико и за Верати и Кеси, исто и за Амрабат се шпекулира извесно време.
 
Какви паметни потези влече Сити во последните неколку години. Го губат Гундоган и не чекаат, туку по Ковачич одма.
Има да процвета кај Пеп овој. Баш негов тип на играч, сличен на Гундоган.

Само грешка ќе биде ако отиде Вокер и не донесат брз бек. Сакал нејќел ти треба таков коњ кој ќе трча по Винициус и Леао тип на крила. Аканџи нема да се трка со тие сигурно.
 
Со Аканџи - Диаз - Аке ќе игра во одбрана, како што играше пред да се повреди Аке. Страшен играч е Вокер, нема збор, ама минатата сезона само последниот месец му играше на Пеп кога се повреди Аке.

Пак паметно ќе пазари, место директно да го замени Вокер, ќе им искешира 100 милиони на Лајпциг за Гвардиол и ќе има уште една опција плус во одбраната за да не мора да ја мења формацијата или да го трга Стоунс од DMC. Или па ќе искешира исто толку милиони за Рајс, ќе ја игра Рајс позицијата на Стоунс, а Стоунс ќе си го врати на природната негова позиција во одбрана.

Језиво копиле е Гвардиола, има ненормални замисли и точно знае што сака, и нормално газди и финансии да му ги остваруваат тие замисли без некакви последици доколку истите се неуспешни.

Мислам дека на Сити најголем предизвик ќе им биде да го заменат Бернардо Силва доколку овој одлучи да си замине.
 
Само грешка ќе биде ако отиде Вокер и не донесат брз бек. Сакал нејќел ти треба таков коњ кој ќе трча по Винициус и Леао тип на крила. Аканџи нема да се трка со тие сигурно.
Последниве 2 дена биле заинтересирани за Хакими од ПСЖ.
 
Со Аканџи - Диаз - Аке ќе игра во одбрана, како што играше пред да се повреди Аке. Страшен играч е Вокер, нема збор, ама минатата сезона само последниот месец му играше на Пеп кога се повреди Аке.

Пак паметно ќе пазари, место директно да го замени Вокер, ќе им искешира 100 милиони на Лајпциг за Гвардиол и ќе има уште една опција плус во одбраната за да не мора да ја мења формацијата или да го трга Стоунс од DMC. Или па ќе искешира исто толку милиони за Рајс, ќе ја игра Рајс позицијата на Стоунс, а Стоунс ќе си го врати на природната негова позиција во одбрана.

Језиво копиле е Гвардиола, има ненормални замисли и точно знае што сака, и нормално газди и финансии да му ги остваруваат тие замисли без некакви последици доколку истите се неуспешни.

Мислам дека на Сити најголем предизвик ќе им биде да го заменат Бернардо Силва доколку овој одлучи да си замине.

Ако би имал мала замерка кон феноменалната кариера која ја имаше Фергусон, тоа беше само ова. Кога имаше шанса за доминација, овој играше курташак, зошто главна цел му беше ПЛ. Тоа и го чинеше титули во ЛШ. Пеп од друга страна не остава ништо на случајот.

Мислам дека на Сити најголем предизвик ќе им биде да го заменат Бернардо Силва доколку овој одлучи да си замине.
Тука му е Марез, ќе го игра него ко крило прва постава и ќе чека веројатно да види новото засилување како ќе му се прилагоди, нема да има голем притисок според мене.

Рајс, Гвардиол, Ковачиќ се перверзија од засилувања за тим што освои триплете пред неполн месец, не верувам дека еднаш има добиено НЕ за што и да посака и тоа е клучно за успехот што го има и ќе го има.

Има тренери што 20 години кариера имаат по клубови и ниеднаш не биле во таква ситуација.
 
Какви паметни потези влече Сити во последните неколку години. Го губат Гундоган и не чекаат, туку по Ковачич одма.

Добар е Ковачиќ но не е на ниво на Гундоган. Чиста класа е турчинот, комплетен везњак. Мислев по повредата во Дортмунд ќе стане Нури Сахин 2, но се препороди во Сити. Уфрлање во шеснаесетникот од втор план го има донесено до совршенство. Ковачиќ особено во овој сегмент заостанува зад Гундоган. Незнае да заврши акција. Сепак во готов тим како Сити плус Пеп има простор за напредок.
 
⚪️ | :

Arsenal have submitted new, record bid for an English player in order to sign Declan Rice! ✨

◉ Official bid submitted to West Ham for £100m fixed fee plus £5m add-ons, just waiting for final answer.

◉ This is Arsenal’s third bid in this saga and could be record signing for Gunners and for English player.

◉ West Ham, waiting to hear from Man City after Citizens had £80m plus £10m add-ons bid rejected today.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom