Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Вака исто се појави и Џек Ма, основачот на Алибаба кој зборуваше против политиките во Кина за да се извини. Оттогаш никој го нема видено ни слушнато во јавност.
 
Спремал се за видеото, кошуља, сако, надоле гарант е само на гаќи и чорапи :icon_lol:
Screenshot_2023-05-06-00-03-23-490_com.facebook.katana-edit.jpg
 
Го истегнаа за уши, нема заебанција со арапов.

Само не ми е јасно, камерманот го држи пиштолот или некој друг? :D

Вака исто Верати 2017та се извинуваше преку видео откако претходно отворено кокетираше со Барселона. Со пиштол вперен кон него.
Само што 2те ситуации се скроз различни. Верати беше под договор со ПеСеЖе и откако јасно му ставија до знаење дека не го продаваат, сиротиот немаше друг избор освен да даде изјава како заробеник на ИСИС, или за нас подобро познато како Кастриот Реџепи од БЕСА.
Од друга страна, Меси има договор до крајот на сезонава. Уште пред месец дена им соопштил на парижаните дека нема да го продолжи договорот. Зашто има потреба да дава вакви изјави и да се објаснува, искрено не ми е јасно.
 
Зашто има потреба да дава вакви изјави и да се објаснува, искрено не ми е јасно

That is very logic, ако зема милиони месечно, ќе има до последен ден од договорот да му дудла на арапот
 
После се што освои Меси, после сите можни титули и пари…
Искрено не знам што му е мотивација да продолжи активно да игра?!
Блескаше на мундијалот, точно, ама е дааалеку од прајм-тајм! (таму имаше мотивација и национална гордост, мораше да ја заврши таа работа)
Не верувам дека се враќа од љубов да ја вади Барса..
Можда само средината и градот му одговараат..(?)
Да уштека уште нешто пред пензија, и да ужива(?)
Баш ќе ми бидат интересни навивачите на Барса што уште сонуваат дека ќе се врати тој тим и таа игра на Пеп..!
 
Затоа шо сака да стави крај на најдобрата кариера во фудбалот во клубот со кој што освои се'.
Меси и да појди во Барса сега пак нема да му биде последен клуб во неговата кариера или ќе појди Америка или блискиов исток да искешира нешто на крај или пак една две сезони во Аргентина во почетниот клуб на Меси. Од играчки аспект Барса нема да добија ништо со неговото идење едноставно е нема повеќе енергијата што е потребна за највисоко ниво мислам свесни се за тоа и овие од Барса повеќе идат на маркетиншки и пред се финансиски бенефит од неговото доаѓање кое ито како им е потребно овај период.
 
Вака исто Верати 2017та се извинуваше преку видео откако претходно отворено кокетираше со Барселона. Со пиштол вперен кон него.
Само што 2те ситуации се скроз различни. Верати беше под договор со ПеСеЖе и откако јасно му ставија до знаење дека не го продаваат, сиротиот немаше друг избор освен да даде изјава како заробеник на ИСИС, или за нас подобро познато како Кастриот Реџепи од БЕСА.
Од друга страна, Меси има договор до крајот на сезонава. Уште пред месец дена им соопштил на парижаните дека нема да го продолжи договорот. Зашто има потреба да дава вакви изјави и да се објаснува, искрено не ми е јасно.

Не е само кон клубот. Ова негативно делува кон спонзорите, практично кажува дека имаш вработен кој не можеш да го контролираш. Ова е многу паметен PR потег, демек недоразбирање.

Ова дека не знаел дека е слободен, аха, важи. На секој фудбалер му е даден распоред минимум недела нанапред каде, кога и што. Свесно си го има прекршено ова. Се извини, вода под мостот. Идеме понатака.

Роналдо истото го направи, кога дозна дека нема да е стартна постава кај Солскаер против Сити. Си фати Португалија, демек повреден, иако повредата требаше да му биде санирана во тренинг комплексот на Јунајтед. Едноставно, премногу се големи за да ги контролираш. Меси испадна паметен, се извини. Вториов...
 
Фабрицио Романо објави дека ПСЖ го смениле распоредот кога Меси веќе бил во авионот накај Саудиска Арабија. По распоред требало да имаат слободен ден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom