А има еден портал (спортски вести или не знам точно како се вика), со цел да имаат повеќе реакции и коментари (а со тоа да допре до поголема публика), намерно пишуваат глупости, т.е. намерно грешат во насловот или во описот на веста на фејсбук (да не бидат исти едно со друго.
Пример, ќе пишат наслов на статија "Мане пред трансфер во Баерн Минхен", ја објавуваат на фејсбук и во опис пишуваат "Фудбалерот се договори со ПСЖ".
Па следуваат "haha" реакции и милион коментари колку се неписмени. А овие се радуваат затоа што така добиваат на кликови и фанови. А кога ќе пишаат нормална објава без грешки имаат по 5 лајка и еден коментар.