Јако им го забибери Санчез на Интер, ем ќе си иде без пари, ем Дибала не го земаа ради него. Не ми се верува Марота вакви дебакли да доживува на трансфер пазарот, порано многу постабилен да беше во работата, вакви работи никогаш не му се дешаваа... Се знае кој сака да иде, нека иде, ама нитуеден трансфер не му трпел ради некој поедини играч.
И не е баш тоа причината зошто не дојде Дибала. Мислам, е дел од причината ама дека конкретно ради Санчез не дојде Дибала е малце погрешно.
Одолговлекуваше Санчез, на крај ги прифати истите пари што му беа понудени и пред еден месец, само ваљда чекаше да си најде добар клуб по услови што ги сака.
Имаше информации дека со доаѓањето на Лукаку малце и се сменило размислувањето кај Инзаги и дел од стручниот штаб, едино Марота запнувал за Дибала ради маркетиншки причини, зборот што му го дал и секако нели, ко јако име и засилување.
Поише иде на тоа дека се предомислија за Дибала него дека го изгубија директно ради Санчез. Заборавате дека покрај Алексис требаше и еден од Џеко и Кореа да си идат што е многу тешко изводливо сценарио.
Беше зицер и ќе беше добро да се земеше Дибала ама и вака не е којзнае колку страшно, супер напад склопи Интер, побитен беше трансферот на Лукаку него Дибала.
На таа позиција покрај Лаутаро и Кореа, можат да одговорат и Хакан и Миктаријан у крајна нужда. Кај Лукаку ќе требаше да остане само Џеко како лани.
А напад составен од Лаутаро и Дибала е добар за на ПЕС, вака у реален фудбал ќе им дојде некое горило како Бремер и сам ќе ги чува 400 минути.