Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на тоа што 35 милиони треба да отидат за Монако, ќе гледаат сега што е можно повеќе пари да извадат од Реал.

 
Ептен лошо одиграно од страна на Кејн. Од интервјуто со Невил, до касното враќање на тренинзи. За на крај да свитка опаш и да си остане.

A што друго му останува, да седне и да плаче на сред стадион? Проба со јавно кажување на цена, проба со неидење на тренинг, неиграње. Имаше цена, Сити не сакаше да ја плати. Крај на приказната.
 
A што друго му останува, да седне и да плаче на сред стадион? Проба со јавно кажување на цена, проба со неидење на тренинг, неиграње. Имаше цена, Сити не сакаше да ја плати. Крај на приказната.
Нормално дека сега во оваа ситуација нема друг избор, го критикувам за се што направи затоа што секој потег му беше погрешен.
Од самиот старт тргна погрешно. Очигледно имале разговор околу тоа кога потпишуваше договор и наместо да оди директно прво да збори со Леви и да побара да си оди, он прво нешто што направи е јавно да си одреди цена. Потегот со каснење е секако мизерен после ова. Доколку прво пробал да го убеди и не успеал, па ај. А и кога веќе реши да не оди на тренинг, требаше да оди до крај и да го натера клубот да попушти затоа што Тотенхем секако не може да си дозволи да го чува така. На крај немаше цена затоа што и Леви се заинаети. Од се што знаеме одговорот секогаш бил не, без никаква намера да влезат во преговори. Со друг пристап верувам дека ќе си го добиеше трансферот.
И иако имаше критики после објавава од новинари за истово, има среќа што е капитенот и гордоста на Англија, иначе ќе го изедеа одма.
 
Ќе им ја земат главната ѕвезда за наредните 10 години, џабе им се и Меси и Рамос кои заедно имаат 70 години. Огромен удар ќе биде за ПСЖ заминување на Мбапе. И Нејмар ќе наполни 30че на почеток на наредна година, а реално и онака не им е некој лидер, побитно му е да кидне за роденденот на сестра му во најбитниот период од секоја сезона.
 
Позицијава на ПСЖ дува промаја :pos: На усно ветување Леонардо се базира дека може да диктира цена со Флорентино...
Ако Мбапе сака толку во Реал, Флорентино ќе му даде дел од оваа сума и следно лето ќе го земат како слободен агент, а остатокот ќе може Реал да го инвестира во некој друг.
Објективно и 160м за играч на 1 година до договор е премногу поготово кога играчот е скоро одлучен да им се приклучи дали сега или следното лето.
 
На овој изгледа не му е јасно дека ништо не е во негови раце, и дека имаат ист проблем како Јунајтед со Погба.

Они ке диктирале услови, боже сачувај.

 
Ахх што убаво ја бутнаа америте цената на нафтата на 0 долари пред пар години... да не беше кризава никат немаше да се врати. Тогаш ќе ги видев фраериве арапски небањати. Нека користат уште некоја година форава со нафтата, како убаво мерачки ќе се распаднат.
 
Ако не попушти Мбапе, секоја чест за него. Ретко денес фудбалер да оддолее на големите суми за плата. Другар му Нејмар е пример.

ПСЖ претпоставувам мислат дека со Меси и Нејмар ќе го убедат да го продолжи договорот, ама не верувам.
Во ПСЖ нема да е прва карика, додека у Реал ќе гази уште 10 години и се ќе се врти околу него.
 
Ако не попушти Мбапе, секоја чест за него. Ретко денес фудбалер да оддолее на големите суми за плата. Другар му Нејмар е пример.

ПСЖ претпоставувам мислат дека со Меси и Нејмар ќе го убедат да го продолжи договорот, ама не верувам.
Во ПСЖ нема да е прва карика, додека у Реал ќе гази уште 10 години и се ќе се врти околу него.

Ниту Мбапе ке игра во Реал за мали пари, ниту Нејмар играше за компири во Барселона.

Друга е работата со Мбапе, едноставно сон му е да игра за Реал. Јунајтед го искешира Роналдо со светски рекорд, и го искористи тоа.
 
Не ми е јасно зашто форсира сега Флорентино кога следното лето може за 0 да го добие. Можда блефира и ги нервира Арапите, who knows... Следно лето Реал може да ги има Мбапе и Халанд во пакет за 75м, едниот за 0, другиот за 75 пошо Дортмунд дебилите му ставиле клаузула на Халанд од 75м од 2022 година. :pos:

Во апла подредена позиција е ПСЖ, преочигледно е дека Мбапе сака во Реал, уште поочигледно е дека они се помирени дека ќе го изгубат но сакаат да кешираат, е сеа сакаат многу да кешираат што е голем проблем пошо има година дена до крај на договор и на крај голема е веројатноста да останат со курот у раце. Од таму и разбирливи се овие нервозни и агресивни изјави на Леонардо.

Мислам дека згрешија ПСЖ со политиката, факт е дека направија страшен тим ама мораше акцентот да го удрат на Мбапе, а вака остануваат на Меси кој е на залез на кариера и на Нејмар кој наскоро прави 30 години и стандардно пропушта по пола сезона ради повреди. Кога ќе ги нема нив двајца наебале, а веќе се ол ин отидени да земат ЛШ со оглед на трансфериве летово.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom