Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е јасно зашто форсира сега Флорентино кога следното лето може за 0 да го добие. Можда блефира и ги нервира Арапите, who knows... Следно лето Реал може да ги има Мбапе и Халанд во пакет за 75м, едниот за 0, другиот за 75 пошо Дортмунд дебилите му ставиле клаузула на Халанд од 75м од 2022 година. :pos:

Во апла подредена позиција е ПСЖ, преочигледно е дека Мбапе сака во Реал, уште поочигледно е дека они се помирени дека ќе го изгубат но сакаат да кешираат, е сеа сакаат многу да кешираат што е голем проблем пошо има година дена до крај на договор и на крај голема е веројатноста да останат со курот у раце. Од таму и разбирливи се овие нервозни и агресивни изјави на Леонардо.

Мислам дека згрешија ПСЖ со политиката, факт е дека направија страшен тим ама мораше акцентот да го удрат на Мбапе, а вака остануваат на Меси кој е на залез на кариера и на Нејмар кој наскоро прави 30 години и стандардно пропушта по пола сезона ради повреди. Кога ќе ги нема нив двајца наебале, а веќе се ол ин отидени да земат ЛШ со оглед на трансфериве летово.
Затоа што од една страна имаш играч што не прифаќа договор и ти покажува дека треба да превземеш нешто а ти да седиш со скрстени раце не бидува...исто ко женска да ти се нуди а ти ни една пијачка да пуштиш.
Плус ако дојде сезонава Реал ќе си има златна кокошка и дел од парите секако ќе врати. Вакви играчи носат и повеќе спонзори.
 
....А па и овие Реал се понашаат како ѓупски клуб.
Опни 200 бонбони... Покажи класа.
Кралски клуб - жими таквото:D
 
Да бе да....Имаш милиони играчи како Мбапе... и остани баце, кулирај уште една сезона... За џабе после ќе те земеме... У Париз пари не ти даваат... Знам дека пари ти фалат...
 
....А па и овие Реал се понашаат како ѓупски клуб.
Опни 200 бонбони... Покажи класа.
Кралски клуб - жими таквото:D
Да не заборавиме дека пред некој месец Перез на ТВ плачеше дека ќе банкротираат :place:


Секако има логика муабетот на Леонардо и се правеше уште вчера. Реал дури и да се свесни дека нема шанси сега да го земат, мора да му покажат дека се сериозни и да можат да му речат ете стварно пробавме ама не можеше сега, не потпишувај нов договор и почекај да дојдеш следно лето. Иначе ризикуваат да се предомисли и да потпише пак со ПСЖ.

Од страна на ПСЖ секако не треба да им е изненадување ова. Јавно познато е со години веќе дека Мбапе сака да игра за Реал и колку и да имаш самодоверба дека можеш да го задржиш, сепак мора да си свесен дека ќе биде тешко. Според мене направија се што можеа, изградија дрим тим во кој секој би сакал да игра, ама ете, некогаш ни тоа не е доволно за да ја смениш желбата на играчот.
Јас мислев дека се спремни да го изгубат без пари следно лето само за да го задржат во овој тим сезонава ама изјавава на Леонардо кажува друго, со што се отвара некаква шанса за трансфер летово, според мене околу 180-200 милиони. Ако не се случи, веројатно ќе биде од инает затоа што еве веќе почнаа муабетите дека и двете страни се навредени од изјавите и пристапот.

Мислам дека следно лето Реал ќе атакуваат на Халанд, па затоа би сакале Мбапе да се заврши сега. Ако остане за следно лето како слободен играч, би ги добиле двајцата за 75 милиони, а ќе потрошат 100+ на бонуси за играчите, агентите, фамилиите, милениците и слично.
 
Да сум јас Мбапе, би чекал да ми истече договорот и следната година би отишол во Милан за плата од 6-7 милиони.
 
Ја воопшто не сум изненаден од Роналдо што би сакал да иде во Сити, такво човече е од секогаш. Јунајтед го напушти која Јунајтед беше во топ 3 екипи во светот, по резултати и ростер. Никогаш во Јунајтед нема да има статус на Кантона, Ло, Бест, без оглед дали направил трансфер во Сити или не.
 
Никогаш во Јунајтед нема да има статус на Кантона, Ло, Бест, без оглед дали направил трансфер во Сити или не

Па и овој играше за Сити, за малце не го отпаднал Јунајтед од лига... :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom