Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Кажете некој збор за овој Ромеро ид Аталанта, гледам почнаа многу да го фалат, и да го поврзуваат со Јунајтед.

Како за јунајтед е одличен
 
Кажете некој збор за овој Ромеро ид Аталанта, гледам почнаа многу да го фалат, и да го поврзуваат со Јунајтед.
Не за џабе беше прогласен за најдобар дефанзивец у Италија за сезонава што заврши. :D :icon_lol:

На Јуве играч е, односно у Џенова прво почна па овие го купија и им го дадоа на Аталанта.
Далеку од тоа дека е најдобар дефанзивец у Калчо, има минимум 5-6 играчи подобри од него. За Аргентина сега скоро почна да игра.

мех играч, добар за вакви екипи како Аталанта, 3-4то место и примено 150 голови.

Има да го дуваат у Англија.
 
Кажете некој збор за овој Ромеро ид Аталанта, гледам почнаа многу да го фалат, и да го поврзуваат со Јунајтед.
Odlicen stoper ama mislam deka e na Juve igrac i deka bese na pozajmica u Atalanta
 
Не знам дали баш би се радувал на фактот што тимот за кој што навивам му понудил 4 годишен договор вреден 5m плус бонуси по сезона на Хакан Чалханоглу. Можеби делува дека сум батхрт као фан на Милан ама искрено го мислам ова.

Хакан во Милан помина 4 сезони, во тие 4 сезони добиваше целосна доверба од сите тренери што се свртеа во клубот тој период и ниту еднаш не изигра ниту една барем полу-просечна целосна сезона. Лани до ковид паузата имаше некоја мизерна статистика од 1 гол и 1 асистенција и после откога продолжи сезоната во јуни се повампири и за 2 месеци начука 9 гола и 10 асистенции, тоа е веројатно единствениот исклучок. Значи у 4 години изигра асално само 2 месеци фудбал за Милан. После тие 2 месеци почна да блада и да бара некои смешни суми као 7 или 8 милиони по сезона за да го продолжи договорот. Малдини му понуди 4 и никогаш не ја покачи понудата.

Од јануари наваму тимовите беа слободни да му понудат договор и за 6 месеци доби само една единствена понуда од некој катарски клуб, тука ваљда сфати дека малце се прецени со тие 8 што ги бараше на почеток на сезона и рече демек ќе почекал да заврши европското па ќе дадел одговор на понудата на Малдини. У групнава фаза е еден од, ако не и најлошиот играч досега, апсолутно дно проби со Турска. Чиста случајност е тоа што се случи со Ериксен на првенствово и затоа Интер му го понуди тоа што му го понуди.

Малдини и управата се криви за Донарума да, пред 2 сезони одбија понуди од неколку европски клубови и на крај го изгубија за 0. За Хакан се целосно во право што никогаш не му понудија сума ни блиску на таа што ја бараше.

Као шлаг на тортата, видете му ја најноватата тетоважа, чисто само заради ова би го избркал како куче од тим.
image0.jpg
 
6мил годишно е преголема плата за играч со квалитетите на турчинот.

Милан не смееше да дозволи да го изгуби чисто ради фактот што сега мора да се трошат пари за позицијата негова. Со Донарума се знаеше дека со Раиола не се излага на крај, и Милан чак со новиот голман и заштеди паре, како црнчето ќе се покаже у Италија ќе видимо у Лил беше сасвим солиден и голман е најзаменлива позиција у фудбал за разлика од позицијата на која игра Хакан.
Јадниот сакаше да се покаже на Европсково и мислеше Реал и Барса ќе се тепаат за него, а да не се десеше ова со Ериксен ќе молеше да се врати назад или ќе идеше у Катар да игра, што доволно говори што фудбалер е.

И кој мисли дека Хакан бил битен фудбалер у Милан или еден од четворицата најдобри, го глеал Милан пола утакмица сезонава.
 
Јас овој Хакан го имам гледано неколку пати, ми се виде ужасен фудбалер. Има се она што не сакам кај играчите, делува меко, непробивно, мрзливо. Има потег, знае да да даде топка, ама повеќе ми е зијан отколку ќар. Мислам дека нема да помириса прва постава во Интер, но зависи која формација ќе игра Симеоне.
 
Кажете некој збор за овој Ромеро ид Аталанта, гледам почнаа многу да го фалат, и да го поврзуваат со Јунајтед.

Не е ни во првите 5 кандидати на листата за штопери, нема никаква позадина и основа шпекулацијава, комотно можеш да ја игнорираш.
 
3 годишен договор, 5+1 плата.

Hakan Çalhanoglu confirms to @trtspor: “I’ve reached an agreement with Inter, yes. I’m flying to Milano tomorrow and then I’m gonna sign the contract”.

He’s set to sign until June 2024 for €5m/season net as salary. Also €1m bonus per season will be included.
 
Не е светска класа играч ама за без пари ќе брка работа. Не е па дека е без нозе и дека не знае да оди, онака коректен играч и ништо повеќе. Лично не сум некој негов фан поради мекоста што ја има во играта, ама фали во тимов изведувач на прекини, креатор, некој што знае да даде пас.. Секако, овде го тргам Ериксен на страна зашо со него е веќе завршено.

Пак ќе кажам, на фри трансфер е добредојден, а и 27 години има и ако не оди у секој момент може да го шитнеме у Ал Вехда или Персеполис. :D
 

Сумава ми делува дека е дискутирана меѓу Сити и агентот на Кејн. Кејн во интервјуто со Невил кажа дека Леви би требало да искеширa 100 милиони за него дур е време.
 
Последно уредено:
Не ми се јасни навивачиве на Милан што не го гледаат аматерскиов пристап на нивната управа која дефакто го остави клубот со минимум 50м евра помалце приход од трансферите на овие 2 играчи, иако реално таа бројка е многу поголема, нарочито ради Донарума, плус, потенцијално засили свој најголем ривал од Италија со истово.

Ова е сценарио кое паметен директор го гледа години унапред, не чекаат 5 до 12 да видат дали ќе ја бидне или не, ко што чекаа Милан.
Доаѓа лето и расчистуваш со сите кои се на година од истек на договор, или потпишуваат тогаш или ги продаваш, сеедно кој е, зашто ти станува јасно колку е саат со нив уште тогаш и тоа е тоа. Од овие двајца играчи ќе земеа добра пара, за голман немаше многу да дадат ко што и беше случај со овој од Лил, другите пари ќе ги потрошеа и на замена за Чаханоглу а и да пополнат пар други дупки во тимот со што Милан би бил и посилен отколку со него на терен, ете, да тргнеме само од ова. Ама не, они чекаа и се надеваа дека играчиве ќе се премислат или што и да е, небитно е, грешка во чекори е и тоа е факт. Затоа го земав примерот со Икарди, неспоредливи се односите на Икарди што ги имаше со Интер тогаш и овие на Донарума и турчинов, Бепе си го искалкулира тој ризик, и во таква ситуација ја нареди со него да потпише нов договор а потоа инстантно беше позајмен во ПСЖ.

Друго, сега Чалханоглу го губат на сметка на Интер, втор битен момент, абе голем кур каков бил он у Милан, еве нека е мизерен а тоа секако не беше случај, прашањето е каков ќе е во сосем друга и поинаква средина каде има шанса да е од голема корист за екипата. Пишав во темата за Интер, на вакви играчи ко Хакан му одговараат тимови каде веќе е дефинирано кој е кој, моментално Интер е таков, во Милан генерално гледано тоа беше само Ибра па очекувањата од Чалханоглу беа многу поголеми и он требаше да прерасне во лидер на таа екипа, а таков материјал реално не е и никад нема да достави лидерски способности за екипа која се бори за висок пласман во едно големо првенство.

У Интер ситуацијата е сосем поинаква и тимот добива играч на место на Ериксен кој лани постигна 3 гола и по некое чудо имаше 0 асистенции, и колку и да е добар Ериксен, а е, и е доста подобар од турчинов, во 352 формација не беше многу корисен а и беше далеку од лидер на тимот. Таа мала дупка сеа се пополнува со турчинов кој може да биде супер потпора за оние кои се веќе носители на играта на Интер. Така да пакет 2 у едно им се дешава на Милан сеа, го губат за 0, а истовремено го помагаат Интер, тим на кој им излезе неочекуван проблем со Ериксен. Свесни сме ние што ни доаѓа уживајте, али ко шо глеате, доаѓа на место на некој кој немаше огромен импакт у играта на Интер во таа 352 формација, а полошо од тоа турчинот нема шанса да достави освен ако не се повреди сериозно и не игра.

Не знам у кој свет ова не е грешка на управата на Милан, и тоа (пре)голема, ама ајде нека е, ете лош бил, една полусезона изиграл добро и слично, така ќе се тешиме сеа и ќе мижиме пред очигледното.
 
Исто ко вие што се тешите сека е супер играч и бил меѓу најдобрите во Милан. Воопшто не е грешка на управата. Едноставно Хакан не заслужува плата од 6 милиони евра. И тоа е тоа. Сам факт што ниту еден европски тим не му даде понуда треба ти каже што играч е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom