Не ми се јасни навивачиве на Милан што не го гледаат аматерскиов пристап на нивната управа која дефакто го остави клубот со минимум 50м евра помалце приход од трансферите на овие 2 играчи, иако реално таа бројка е многу поголема, нарочито ради Донарума, плус, потенцијално засили свој најголем ривал од Италија со истово.
Ова е сценарио кое паметен директор го гледа години унапред, не чекаат 5 до 12 да видат дали ќе ја бидне или не, ко што чекаа Милан.
Доаѓа лето и расчистуваш со сите кои се на година од истек на договор, или потпишуваат тогаш или ги продаваш, сеедно кој е, зашто ти станува јасно колку е саат со нив уште тогаш и тоа е тоа. Од овие двајца играчи ќе земеа добра пара, за голман немаше многу да дадат ко што и беше случај со овој од Лил, другите пари ќе ги потрошеа и на замена за Чаханоглу а и да пополнат пар други дупки во тимот со што Милан би бил и посилен отколку со него на терен, ете, да тргнеме само од ова. Ама не, они чекаа и се надеваа дека играчиве ќе се премислат или што и да е, небитно е, грешка во чекори е и тоа е факт. Затоа го земав примерот со Икарди, неспоредливи се односите на Икарди што ги имаше со Интер тогаш и овие на Донарума и турчинов, Бепе си го искалкулира тој ризик, и во таква ситуација ја нареди со него да потпише нов договор а потоа инстантно беше позајмен во ПСЖ.
Друго, сега Чалханоглу го губат на сметка на Интер, втор битен момент, абе голем кур каков бил он у Милан, еве нека е мизерен а тоа секако не беше случај, прашањето е каков ќе е во сосем друга и поинаква средина каде има шанса да е од голема корист за екипата. Пишав во темата за Интер, на вакви играчи ко Хакан му одговараат тимови каде веќе е дефинирано кој е кој, моментално Интер е таков, во Милан генерално гледано тоа беше само Ибра па очекувањата од Чалханоглу беа многу поголеми и он требаше да прерасне во лидер на таа екипа, а таков материјал реално не е и никад нема да достави лидерски способности за екипа која се бори за висок пласман во едно големо првенство.
У Интер ситуацијата е сосем поинаква и тимот добива играч на место на Ериксен кој лани постигна 3 гола и по некое чудо имаше 0 асистенции, и колку и да е добар Ериксен, а е, и е доста подобар од турчинов, во 352 формација не беше многу корисен а и беше далеку од лидер на тимот. Таа мала дупка сеа се пополнува со турчинов кој може да биде супер потпора за оние кои се веќе носители на играта на Интер. Така да пакет 2 у едно им се дешава на Милан сеа, го губат за 0, а истовремено го помагаат Интер, тим на кој им излезе неочекуван проблем со Ериксен. Свесни сме ние што ни доаѓа уживајте, али ко шо глеате, доаѓа на место на некој кој немаше огромен импакт у играта на Интер во таа 352 формација, а полошо од тоа турчинот нема шанса да достави освен ако не се повреди сериозно и не игра.
Не знам у кој свет ова не е грешка на управата на Милан, и тоа (пре)голема, ама ајде нека е, ете лош бил, една полусезона изиграл добро и слично, така ќе се тешиме сеа и ќе мижиме пред очигледното.