Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Роналдо е 0 ризик за јуве. Тие 100м. што ги потрошија одма ги вратија. Маркетиншката вреднос на Роналдо е неспоредлива. Башка им отвара можност и во иднина такви ѕвезди да носат. Да не беше Роналдо ни Де Лигт сега немаше да дојде. Ќе завршеше на друго место. Така да нема потреба од форсирање глупости. Е сега дали јуве ќе биде разочаран ако не освои ЛШ дур е Роналдо таму? Тоа секако тоа е и првичната цел зашто воопшто е и донесен ама и да не освојат во никој случај не се многу парите што ги дадоа за него.
 
Не е овој истиот што го спореди Милер со Тоти ?

Истиот е, ама нели читаш дека во меѓувреме мозочен удар добил:P

Шала на страна, споредбите со Тоти не беа играчки како што се сеќавам, туку у стил домашен играч и клубска легенда :)
 
Роналдо од маркетнишки аспект им смени премногу, го носиш вториот најдобар фудбалер во светот. Второ има голема база на следбеници по Азија, најмоќен фудбалер во сегментот на маркетинг и тоа е. Вака од играчки аспелт за една сезона не го подобри квалитетот на Јувентус односно само го засени Дибала. Јувентус имаше далеку послаба сезона од лани.
 
ти главното го немаш прочитано:D
Тебе ти препорачувам да си направиш 5 акаунта на кајгана како јас што сторив, да има со кој да си правиш муабет у фан клуб Атлетико М. а не да замараш тука народо на пола саат :kafence:
 
Рибери пред некој месец ги одби Ливерпул затоа што сакал да се пензионира, сега потпишува за Фиорентина :rolleyes::icon_mrgr:
 
Рибери пред некој месец ги одби Ливерпул затоа што сакал да се пензионира, сега потпишува за Фиорентина :rolleyes::icon_mrgr:
Па во Ливерпул немаше им биде главна ѕвезда. Сега во Фиорентина ќе биде тоа. Башка не верувам дека и ќе можеше да го издржи темпото на ПЛ па затоа и ги има одбиено. Башка и не зема лоша плата во Фиорентина. 4 милиони на годишно ниво за 36 годишен играч не се малце.
 
Тебе ти препорачувам да си направиш 5 акаунта на кајгана како јас што сторив, да има со кој да си правиш муабет у фан клуб Атлетико М. а не да замараш тука народо на пола саат :kafence:
А кој ќе ви прај интересно тука
 
Роналдо од маркетнишки аспект им смени премногу, го носиш вториот најдобар фудбалер во светот. Второ има голема база на следбеници по Азија, најмоќен фудбалер во сегментот на маркетинг и тоа е. Вака од играчки аспелт за една сезона не го подобри квалитетот на Јувентус односно само го засени Дибала. Јувентус имаше далеку послаба сезона од лани.
Кој е првиот?
 
Ова на Фиорентина со Рибери е многу поголем ризик одколку на Јувентус со Роналдо ... 4 милиони по сезона, а дали ќе изигира 4 натпревари...
Колку и да не ги сакам Роналдо и Јувентус трансферот беше ептен врв... Секоја чест за управата на Јувентус, според мене голем проблем во ЛШ им е слабиот квалитет на противниците во Серија А и некако не влегуваат со цел капацитет, што им се одразува во ЛШ.
 
Ти не рече ќе видиме што ќе биде, ти од сам старт, на необјавен трансфер се испосра на него (Роналдо во Јуве). Тоа што Јуве освајале лига и без Роналдо не значи дека неговиот трансфер не требаше да му се случи на клубот (а и на Серија А, за воља на вистината). Со тој потег Јуве ја врати лигата на мапа, буквално кажано. До тогаш, незамисливо беше најдобрите играчи да одат и да играат во Италија, зошто лигата се глеаш ко фидер клаб за Англија/Шпанија/Баерн/ПСЖ. Сега, година дена потоа го купија најдобриот млад штопер у свет. Еве, Интер ги привлече Лукаку и Санчез (веројатно кај и да е, ќе се официјализира).

За 100те милиони, имаш подоле одговор.



Кога ти ќе сфатиш дека 100м за Јуве и 100м за Интер не се исто, ко што 100м за Манчестер Јунајтед и 100м за Ливерпул не се исто, може да продолжиме со муабет. До тогаш, џабе вртиме во круг.
Procitaj go delot narecen: od aspekt na titulite i uspesite. Finansiski znam deka e podnoslivo za Juve i deka on vlece sponzori i ostanato, za toa se slagam i nikogas ne sum go negiral istoto.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom