Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не велам дека нема да игра во Јуве повеќе од 3 сезони ама со оваа инфлација, за 3 сезони и те како ќе се лупа 150 милиони за дефанзивец, уште па ако Де Лигт ги исполни очекувањата.
А зошто би прифатил Де Лигт да замини од јуве и ако сака некој да ја плати клаузулата? Јуве е на одличен пат, константно 10 години се развива на сите полиња. Веќе дојде фаза кога јуве е моќен да плаќа огромни плати на играчи. Не гледам причина ако продолжи јуве со ова темпо за 3 години да има екипа која можи да му понуди нешто што не можи јуве.
 
Па може ќе сака да освои Лига на Шампиони
 
зошто би прифатил Де Лигт да замини од јуве и ако сака некој да ја плати клаузулата?
Затоа велам дека не навлегувам во тој муабет, може ќе сака да ја заврши кариерата во Јувентус, мада груб тип, за такво нешто ќе помогне само ако го кикне Раиола.
 
А зошто би прифатил Де Лигт да замини од јуве и ако сака некој да ја плати клаузулата? Јуве е на одличен пат, константно 10 години се развива на сите полиња. Веќе дојде фаза кога јуве е моќен да плаќа огромни плати на играчи. Не гледам причина ако продолжи јуве со ова темпо за 3 години да има екипа која можи да му понуди нешто што не можи јуве.

Абе тој можит ќе сакат да останит ... ама душата на ѓаолот лично му ја имат продаено (или свињата-наречи го Раиола како сакаш), кој шо е ко "париглед" (очите му се таму кј шо му се и парите) така да види ти сеа :)

Друг фактор шо според мене играт голема улога е заситеноста од титули и едноличноста на лигата. Баш како шо викаш ти, Јувентус е на прав пат веќе некое време и не гледам ни блиску во иднина да бидит симнат од тронот на Италија, така да сигурно во тие 5 години шо ги имат потпишано минимум 3 лиги ќе освојт, и ако освојт барем 1-2 Лига на шампиони (шо е дсота веројатно)...на свои 24 години слободно можит да си барат нови предизвици, друга лига,клуб, соиграчи и слично.

Меѓутоа, не ја отргнувам ни можноста да останит многу долго. Ми делуват на лидер и лојален, благодарен играч. После пензионирање на Џиџи,Џорџо,Бонучи,Роналдо, продавање на Пјанич, ако прикажит игри како во Ајакс, да е clutch во битно моменти , капитенска лента не му бегат. Е тогаш е се можно :)
 
Затоа велам дека не навлегувам во тој муабет, може ќе сака да ја заврши кариерата во Јувентус, мада груб тип, за такво нешто ќе помогне само ако го кикне Раиола.
Клаузулата ја сфаќаат многу демек ќе дојди екипа и ќе плати и ќе го земи играчот. Во суштина е механизам за полесно играчот да се ослободи од екипата каде што игра. Во сите спортови доаѓа време кога играчите сами си ја кројат судбината и форсираат трансфери во екипи каде што сакаат тие да играат.
 
А зошто би прифатил Де Лигт да замини од јуве и ако сака некој да ја плати клаузулата? Јуве е на одличен пат, константно 10 години се развива на сите полиња. Веќе дојде фаза кога јуве е моќен да плаќа огромни плати на играчи. Не гледам причина ако продолжи јуве со ова темпо за 3 години да има екипа која можи да му понуди нешто што не можи јуве.
Затоа што ретко кој играч денешно време се задржал во некој клуб повеќе од 3/4 години, сакаат нов предизвик, пари, место на живеење, поготово денешниве фудбалери сите папучари, ќе им текне на госпожата нејќам Лондон мрачно ми е сакам Мадрид, па сакам Милано градот на модата па Париз па не знам ти шо и толку треба играчот трансфер да си побара сам :)
 
А зошто би прифатил Де Лигт да замини од јуве и ако сака некој да ја плати клаузулата? Јуве е на одличен пат, константно 10 години се развива на сите полиња. Веќе дојде фаза кога јуве е моќен да плаќа огромни плати на играчи. Не гледам причина ако продолжи јуве со ова темпо за 3 години да има екипа која можи да му понуди нешто што не можи јуве.

IjZGmCU.jpg
 
Пошто колку и да може јуве да дава пари за плати и глупости се дур не се сменат законите во Италија ќе биде ограничен на тоа поле. Се зависи од играчот и агентот негов. А знаеме кој му е агент. Како што стојат работите Јунајтед, Сити, Псж, Реал се клубови кои послободно можат му понудат повисока плата и провизија на Мино. Е сеа па ќе кажам се зависи од самиот играч. За ниту еден млад играч денес не може се каже дека ќе остане сигурно 10 години во еден клуб.
 
Пред 3-4 години немаше да кажеш дека не веруваш некој да може да си дозволи дефанзивец од 70-80 милиони?

немаше..:D

тешко е да се процени како ќе се движи фудбалов во наредните неколку години, и ништо чудно и за дефанзивци да се даваат такви суми...

еве за 3 години, Де Лихт би вредел 150-200 мил, Мбапе колку би вредел, 500?

Реал минатата година остварил рекорден приход, некои си 750 миил, да речеме за 2-3 години би дошол до 900 мил...за да земе двајца млади и перспективни играчи или во случајов светски ѕвезди, најдобри на нивните позиции, треба да одвои 600-700 мил од остварен приход од 900 мил? каде се платите и еден куп други расходи?

ок, малце глуп муабет, тука влијаат милион работи, али во секој случај, лудило на кај тргнал фудбалов..

или ќе си тераат со овој модел, ќе купуваат 16 годишни копилиња по 50 милки, па ќе се надеваат дека за некоја година дека ќе ги биде...#Vinicius #Rodrygo
 
Пошто колку и да може јуве да дава пари за плати и глупости се дур не се сменат законите во Италија ќе биде ограничен на тоа поле. Се зависи од играчот и агентот негов. А знаеме кој му е агент. Како што стојат работите Јунајтед, Сити, Псж, Реал се клубови кои послободно можат му понудат повисока плата и провизија на Мино. Е сеа па ќе кажам се зависи од самиот играч. За ниту еден млад играч денес не може се каже дека ќе остане сигурно 10 години во еден клуб.
Ни јас не мислам дека баш Де Лихт би останал во Јуве 10 години,не поради платата или условите туку поради свињата што ја има за агент.Цело богатство напврави крмакот од ненормалнине провизии што ги зима при секој трансфер на неговине играчи во различни тимови.

Иначе се смени законот во Италија сеа крајот на Јуни,се воведе т.н Beckham Law,каде тимовите од 2020 ќе можат многу полесно(ќе имаат помали давачки) да понудат поголеми плати на играчите кои ќе доаѓаат во Серија А.
 
Јувентус го купи Де Лихт за 75М, на рати за 5години, по 15М секоја година, добар дил имаат направено.

Милан да има 15М моментално би го купил Вертеоут.:D
 
Ни јас не мислам дека баш Де Лихт би останал во Јуве 10 години,не поради платата или условите туку поради свињата што ја има за агент.Цело богатство напврави крмакот од ненормалнине провизии што ги зима при секој трансфер на неговине играчи во различни тимови.

Иначе се смени законот во Италија сеа крајот на Јуни,се воведе т.н Beckham Law,каде тимовите од 2020 ќе можат многу полесно(ќе имаат помали давачки) да понудат поголеми плати на играчите кои ќе доаѓаат во Серија А.
За да важи законот треба да е минимум 2 години во Италија а од 2021 ќе важи од прв ден ::
 
Законот ќе важи за оние играчи и тренери што биле минимум 2 год надвор од Италија и што ќе останат во некој клуб во Италија најмалце 2 години(ако седи помалце ќе треба да ги враќа парите).Што значи ова повеќе ќе се однесува на странските играчи што доаѓаат во Серија А и за Италијаните што играле 2 години во друга лига,за домашните играчи што не играле надвор од Серија А не важи ова.
 
Едит: пишувало, освен двајцава, на листата се Ракитиќ, Семедо, Малком и уште еден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom