Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Озбилно, чудо едно е колку си станал неподнослив последниве година дена. Порано беше ќеф да се дискутира со тебе, сега го допираш дното. Алисон лани беше во топ 3 голмани. Кажи ми дали Кепа го имаш една минута изгледано шо го правдаш трансферот и уште пак го споредуваш со Алисон?
Го немам ниеднаш гледано.

Сакам да кажам дека и на Алисон му е само минатата сезона, претходно не играше во Рома. Нормално дека огромна предност му е тоа што се докажа во Европа и играше и на СП, ама дека 70 милиони за Алисон се ок, а 80 за овој (а толку се само затоа што тоа му е клаузулата) се лудост, не се согласувам.
 
Билбао никогаш не продале играч за повеќе од 50 милиони колку што знам, не пак голман. Сигурно ќе го земеа за помалку од 80.
Па ти ко фан на Барса ваљда треба да знаеш дека кај Билбао нема преговори туку си има клаузули, си ја плаќаш клаузулата и играчот е твој.
 
Иначе не ги оправдувам парите, голманот сигурно вреди околу 35-40 милиони максимум. Ама ден пред да се затвори трансфер периодот е, нема никаков простор за преговори и мора да се плати клаузулата. Нормално дека се лудост 80 милиони.

Ама и парите за Алисон се луди, така да не може тој трансфер да се оправдува, а овој да е глуп :D
 
Билбао никогаш не продале играч за повеќе од 50 милиони колку што знам, не пак голман. Сигурно ќе го земеа за помалку од 80.
Немаше шанси да дадат играч кој скоро потпиша 7 годишен договор и тоа за сума помалку од клаузулата. Mислеа дека со тоа долго ќе остане во Билбао, ама има будали кои ќе платат 80 мил

Кепа вреди 20 мил, а Алисон доста ја покачи цената во изминатата сезона и вреди 60 мил.
 
Го немам ниеднаш гледано.

Сакам да кажам дека и на Алисон му е само минатата сезона, претходно не играше во Рома. Нормално дека огромна предност му е тоа што се докажа во Европа и играше и на СП, ама дека 70 милиони за Алисон се ок, а 80 за овој (а толку се само затоа што тоа му е клаузулата) се лудост, не се согласувам.

Иначе не ги оправдувам парите, голманот сигурно вреди околу 35-40 милиони максимум. Ама ден пред да се затвори трансфер периодот е, нема никаков простор за преговори и мора да се плати клаузулата. Нормално дека се лудост 80 милиони.

Ама и парите за Алисон се луди, така да не може тој трансфер да се оправдува, а овој да е глуп :D

3 минути имаш меѓу постовите, земи полека стај си сок, напрај кафе, склопи еден пост, препрочитај го па корегирај ако има нешо и стисни "испрати мислење" после :Д
 
Па јебига, финале на светко играше, немало сигурно тогаш да се преокупира со реал мадрид, потоа имаше одмор, голема работа сезоната што сега почнува, нит први нит последни ќе бидат реал ако во меѓувреме пазарат а веќе се играат натпревари.
Роналдињо така отиде во Милан, исто и Ибра, снајдер во интер дојде последниот ден, слета од аеродром и буквално после пола ден играше у дербито со Милан.

Ќе видиме ае, у круг ја вртиме дискусијава, нема уште долго да трае сагава секако.

Можеби и ќе потрае до крајот на рокот.

Последните пишувања (од подобрите медиуми не од Марка и таблоидите) се дека клубот е убеден да не го продава Модриќ, затоа што мислат дека новиот договор што ќе му го понудат е солиден и на ниво на тој што би го добил во Интер.

Главниот проблем се агентите на Модриќ, кои веројатно со Кинезите имаат договорено поголема провизија ко Миле Јанакиевски.

Тука е и напизденоста на Реал кон нив, но и кон Интер. Пишав некни, Перез и преговарачите на Реал го немаат муабетот со новајлииве, си работат на други принципи. Да беше Морати уште претседател, убеден сум дека ќе се договореа лесно со Перез и ќе одеше тоа на друг начин.

Истите агенти му се и на Ковачиќ, за кого исто така клубот не сакаше да го пушти и го сметаше за играч преку кој ќе се гради тимот во иднина, но и кај него притискале и затоа ќе го пуштат во Челзи, за да овие омекнат со Куртоа.

Затоа се можни двете сценарија, Перез да се заинаети за Модриќ како Леви што се инаетеше на времето, но може и да сака да се откачи од балканскиве агенти па да го пушти Лука ако Интер некако собере доволно пари.
 
3 минути имаш меѓу постовите, земи полека стај си сок, напрај кафе, склопи еден пост, препрочитај го па корегирај ако има нешо и стисни "испрати мислење" после :Д
Па види убаво што пишувам бе :D
Не се согласувам дека Алисон е ок, а овој лудост. Двата трансфери се луди.
 
Па види убаво што пишувам бе :D
Не се согласувам дека Алисон е ок, а овој лудост. Двата трансфери се луди.
Погрешен пример даваш според мене, Алисон не треба ни да иде у иста реченица со овој Кеба, нема шо да праиш споредби со цел да најдеш било какво оправдување.

Плус да напоменам дека детево одма ќе мора да биде под мач бато, нема да има простор за грешка пошо душа ќе му извадат за тие 80м евра, еден Де Геа имаше 2 години фрка да се снајде у ПЛ али уз него го имаше Ферги, ќе видиме овде шо ќе се деси али многу исфорсиран потег од Челзи.
 
Погрешен пример даваш според мене, Алисон не треба ни да иде у иста реченица со овој Кеба, нема шо да праиш споредби со цел да најдеш било какво оправдување.
Абе не ги оправдувам, ни за Ноер не би дал 80 милиони. Ама таква е ситуацијата, пола од парите ќе ги вратат со Куртоа и тоа е тоа.
 
Абе не ги оправдувам, ни за Ноер не би дал 80 милиони. Ама таква е ситуацијата, пола од парите ќе ги вратат со Куртоа и тоа е тоа.
Бољи Реина да ви го увалевме за 10м ко шо пробувавте пред две недели, ќе ве спасевме од срамот.
 
Заборавив да допишам, кај Ковачиќ единствениот но и најбитниот знак ? дали ќе биде добар трансфер е неговата мотивација/мрза.

Ако не се флегмира ко Бензема, ко што знаеше да прави, и ако игра со потенцијалот, не се сомневам дека ќе изгази во Челзи.

Нема врска тоа дека нема воопшто напреднато откако е дојден во Реал. Баш напротив, тој е еден од играчите кои се променија за 180 степени под Зидан. Дојде како офанзивец а сега е ДМФ.

И тоа има потенцијал да биде специфичен дмф, нешто ко Алонсо на времето. Има страшна техника, дриблинг, долги топки а го научија и како да се позиционира и да одзема топки. Клизачот му е ебена перфекција.

Не знам овој Сари дали е толку добар колку што го хајпаа талјаните, но ако е стварно добар, Кова уз Канте ќе доминира.
 
Бољи Реина да ви го увалевме за 10м ко шо пробувавте пред две недели, ќе ве спасевме од срамот.
Јас ќе бев задоволен од Реал да го пратеа Навас во обратен правец, поима немам зошто во ниеден момент не беше тоа опција.
 
Јас ќе бев задоволен од Реал да го пратеа Навас во обратен правец, поима немам зошто во ниеден момент не беше тоа опција.
А демек Куртоа 100% во Реал?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom