Дембеле да, ама со Кутињо баш спротивен е примерот. Барселона напнуваа баш пред крај на трансфер периодот, Кутињо дури и поднесе transfer request и сепак Ливерпул им даде до знаење дека нема да го пуштат пред почетокот на сезоната. Јасно им беше дека нема да го задржат наредното лето или во јануари (што и се случи), ама сепак си останаа на ставот и јасно дадоа до знаење дека Кутињо нема да си оди во август пред почетокот на сезоната.
Како и да е, мислам дека со ова ново правило барем еден играч од премиер лигата ќе си замине во тој период кога нема да може клубот да најде негова замена.
Без разлика, на крај Барселона пак успеа да го купи Кутињо иако тоа го направи во јануари, а Ливерпул пак не успеа да го замени Кутињо во истиот трансфер период кога го продаде, бидејќи реално скоро не возможно е да замениш класа играч со класа играч во јануари.
Ливерпул во ТОЈ МОМЕНТ беше оштетен (потенцирам во тој момент да не ме цитираат како без Кутињо стигнале во финале ЛШ) со тоа што држеше незадоволен играч и дел од сезоната не ни го играа тој играч со оправдание дека бил "повреден". Кутињо исто беше не задоволен, на натпревар на Бразил плачеше, во буквална смисла, зашто не бил среќен.
Интерес од некоја екипа како Барселона или Реал и контакт со играчот и агентот има неколку месеци порано. Некогаш првите контакти за некој играч се на почеток во септември, некои во февруари/март.
За оние поголемите трансфери е вака и во ваков случај клубот што добива понуда ќе му се даде рок на клубот кој што сака да го купи, а не да доаѓа кога нема да може да се најде замена.
Како Дортмунд на Обамејанг кога побафа трансфер.
Барселона не успеа летото да го земе Кутињо. За Дембеле знаеа дека постои интерес и дека треба да бараат замена.
Ако тропнат за Хазард тоа сигурно нема да е на крај и Челзи ќе биде известен уште сега. Ако на него му текне сам да си оди ќе го добие истото како Кутињо.
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Да, но не сите трансфери се прават така. Еве пак ќе ја земам Барса за пример зашто на неа и се случи ова иако ова може да важи за секој тим.
Барса минатата сезона немаше у план да го продаде Нејмар, сепак играч како играч, дали под влијание на агент или други фактори може да му швркне дека не сака да игра веќе и сака да смени средина. Па пак, во 5 за 12 направија се што можат и го земаа Дембеле, зашто мораа да пополнат дупка која не планираа да ја имаат на почеток на сезона.
Ако ова му се случи оваа сезона на Реал, Барса, Баерн или ПСЖ и покрај тоа што ќе биде затворен трансферот во Англија мислиш нема да можат да издејствуваат трансфер на одреден играч од ПЛ?
И да не успеат тогаш, ќе и остават на екипата не задоволен играч кој јасно кажал дека сака да си иде и на крај пак ќе си го потпишат во јануари како ништо да не било.
Сепак ова си е мое мислење, си стојат позади тоа дека ова што го направија со менување на трансфер периодот само ќе им се одбие од глава.