Кој признава пола му се простува.
Сакав да те цитирам кај што и го спомна на Фросе ама ај викам батали... Него сега веќе кога сам се намести...
Де Хеа сам знаеш дека беше пред потпишување во Реал, не знам како ти оди ова во прилог ова, дури се беше договорено и сите кога очекувавме да се случи трансферот и Навас да дојде во спротивен правец во последен момент се деси нешто. Од тогаш Реал нема пратено ниту една конкретна понуда. А јас, како и повеќето фанови на Јунајтед очекуваме да ја здувне при првата прилика. Не е тоа некоја тајна.
Јунајтед со Фергусон на чело, не успеа да го задржи Роналдо за друго нема потреба да се прави муабет. Ферги кој недела дена пред да го шитне рече ни вирус нема да им даде на Реал. Ете, толку вредат официјалните соопштенија на управите.
Истиот Хенри кој што е копиљ јак рече нема потреба да продава ниту еден од Суарез, Стариџ, Стерлинг и последно Кутињо. Гледаме кој ви остана во клубот. Мора да е многу јак копиљ.
Него, ќе објасниш како може играч што има клаузула да не биде пуштен да си оди дури и ако се плати целата?