Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Се избори Санчез за да зима катаљарда фунти неделно, за да после 5 месеци оди во Баерн и зима 150к евра, v'red :D
Ама не замина за пари, за СЀ да освои замина оти вака муабети му вадиш
 
Нема теорија Санчез да е во игра, Марсијал одговара најмногу а Алексис со ништо не покажал дека сака да си оди.

Само што не верувам да сме ние во сериозна игра, зошто како прво поради фактот што ќе мора да се троши повеќе во дефанзивата. Фред 50, Тоби изгледа 55, лев бек тука некаде некоја цена и како второ, Лева беше желба на Ван Гал, Мурињо и Вудвард се опседнати со Бејл и вртат околу него како кучиња околу месара. Пре би него да го доведат отколку Лева.
 
Сигурно не фрлија 80+ милиони за напаѓач за една сезона. Или Лева ќе му грее клупа на Лукаку? :icon_mrgr:
 
Веќе 5 месеци се збори за неговиот трансфер во Сити, дури и тој имаше интервју каде има пофални зборови за ПЛ, Пеп и кажа дека би сакал да игра таму само што сега со доаѓањето на Анчелоти може некои работи да се сменат, познавајќи го Карло Жоргињо треба да му биде везњак број 1.
 
Истово ќе го пишав. Да немавме адекватен шпиц ќе имаше шанса да се замешаме, вака со Лукаку многу тешко. Плус не се тип на играчи кои можат да се комбинираат заедно во фор.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Веќе 5 месеци се збори за неговиот трансфер во Сити, дури и тој имаше интервју каде има пофални зборови за ПЛ, Пеп и кажа дека би сакал да игра таму само што сега со доаѓањето на Анчелоти може некои работи да се сменат, познавајќи го Карло Жоргињо треба да му биде везњак број 1.
Не верувам да остане ако решил да оди уште претходно. Сити се ептен загреани, а Наполи одолговлекуваат за Сари да отиде во Челзи, со надеж деќа ќе се вклучат и они, па сигурно ќе му извадат добра сума.
 
Муабетот е дека ЏДМ не измисли топла вода :)
 
Дај и овој Рабио летово нека направи некаде трансфер, оток станаа со мајка му и со Марез, четири лета за нив читаме.[DOUBLEPOST=1527679637][/DOUBLEPOST]
60 кога стигна да бара Барселона за Цилесен, 100ка ќе бараат за Донарума, Алисон и Облак (во случај да нема клаузула). Тоа е уште еден додатен проблем кога ќе направи голманот кикс на некоја важна утакмица, сега цел свет знае дека им треба голман и им лупа цени, исто како на нас за напаѓач лани кога пуштија муабети дека Руни ќе се враќа во Евертон.
 
Затоа мислам дека летово нема да се купува голман. Ќе форсираат вакви работи, сите ќе се замараат со голман, Алисон ли е Облак ли е а Клоп ќе си го средува тимот (штопер и уште двајца офанзивни играчи). Според муабет Ласелс (30м фунти), Фекир(50м фунти) и ќе закачат уште некој рандом играч. Ова не дека ќе се случи, само си носам заклучок од шпекулации што апсолутно не мора ништо да значи.
 
Има уште 3 години договор мислам, плус тоа му е откупната клаузула. Нема потреба Барса да го продава Цилесен, подобар втор голман нема шанси да најдат. Да не ја тупеа со Кутињо и на крај за едно 150 милиони да го ни го продадат, можеби ќе се согласеа од Барса за преговори за Цилесен...вака нека го убедат и за 60 милиони чиста зделка, сака нејќе ќе мора да продаде Барса.
 
Баш со Диме вчера зборев, истово ми го кажа, ни тој не верува дека голман ќе биде купен. Па и логично, пре би да се склопи целиот тим, голман ако испадне прилика. Рачунај со Фабињо и Кеита (првиов ако е подефанзивно настроен и нормално ако се вклопи) ќе имате и помалку шутеви кон голот, одбраната нема да е толку експонирана и изложена на притисок.
Има уште 3 години договор мислам, плус тоа му е откупната клаузула. Нема потреба Барса да го продава Цилесен, подобар втор голман нема шанси да најдат. Да не ја тупеа со Кутињо и на крај за едно 150 милиони да го ни го продадат, можеби ќе се согласеа од Барса за преговори за Цилесен...вака нека го убедат и за 60 милиони чиста зделка, сака нејќе ќе мора да продаде Барса.
да бе, заборавив дека има откупна клаузула :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom