Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ова е точно ја се откажувам од фудбалот... човече што им е бе?
180 милиони за мочко од 19 години што одиграл една сезона - две...
Ако овој вреди 180 милиони, тогаш Меси и Роналдо по милјарда ли вредат?
 
Роналдо сега да ни го бараше реал ќе лапневме преку 200 ко ништо.
Мада и тоа може да е малку.

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
Перез зема 150 милиони од продавање резерви , ќе го искешира Мбапе како ништо.

Mbappé would be expected to sign a six-year deal at the Santiago Bernabeu where he would earn nearly £200k per week after tax.
 
Да се паметни нашиве да го приберат за две-три сезони кога ќе фејлне јако, таман ќе дојде како Снајдер или Робен на времето што ги земаа гага.
 
Да се паметни нашиве да го приберат за две-три сезони кога ќе фејлне јако, таман ќе дојде како Снајдер или Робен на времето што ги земаа гага.

Не вервам дека Реал само од пратење на една сезона да го имаат купено(ако го земат)..сигурен сум дека го имаат гледано од порано..не е ова Пелистер и Победа па од Јутуб да бираат играчи..Реал Мадрид со години наназад не промашува трансфер и знае да кешира квалитетна роба,всушност самите резултати се меродавни за тоа и скоро секој играч се прилагодва на системот без разлика кој е тренер.
 
Се извлече со тоа 'скоро секој', зошто очигледно не е така. Може да се кажи само последниве две-три сезони е така бидејќи генерални и не прават многу трансфери па един фејл им е Данило и до некаде Ковачиќ.
Ама порано, утинаа трансфери покатастрофално од тоа што денес го прави Јунајтед, нема дискусија за тоа.
 
Па се разбира дека мислев за изминатите години од кога се стабилизираа како клуб кога Мурињо му беше тренер...моментално и Манчестер Јунајтед како да го преживува тој период на Реал пред Мурињо само кај овие работата е тоа што токму Мурињо му е тренер и уште неможи да ги среди и покрај големите вложувања...за Лукаку лупнаа еден кош пари бе:pos:.

Поентата ми беше дека Реал Мадрид не се ненормални туку така да стегнат една вреќа пари за Мбапе и да одат на ризик...знаат што прават
 
Ама и не е некој ризик за нив. Океј за дресови се заебаваме и не може да се врати цел износ - мада и тоа зависи од клуб до клуб, но Реал е таква маркетиншка машинерија што за сезона две ги враќал парите на скоро секој играч што го земале. Почни од Роналдо, Бејл, Џејмс - кој го заборавив и исто може да се окарактеризира ко фејл оти не покажа ништо во Реал, па така сигурен сум ќе ги врати и од Мбапе па макар биле и 200м.
Тоа што го прави најдобро Реал не е сигурниот квалитет на играчот, туку сигурниот профит од истиот играч. Трансфери кои што не биле до толку медиумски форсирани биле многу подобри за Реал.
Мбапе и играч кој што во моментов е најмедиумски покрепен, а таков тип на играч секогаш е плен за Реал - да кажат кој е кој во светот на фудбалот, веќе видено многу пати. Јас типувам ќе фејлне па ќе видиме. :)
 
Да се паметни нашиве да го приберат за две-три сезони кога ќе фејлне јако, таман ќе дојде како Снајдер или Робен на времето што ги земаа гага.
За 2-3 сезони и со две леви нози ќе одат по 100 мил, енормно растат цените на играчите со секоја помината сезона.
Се шпекулира 150+30 или 160+20...ако фејлне сигурно нема да ги фати тие бонуси а на 21-22 години пак ќе вреди над 100 мил.
 
Последно уредено:
Ептен се кренати до небо играчиве, посебно вакви играчи како Мбапе кои ќе одиграат една фантастична сезона. Не викам дека не е јак или нешто слично, ама во денешно време секој потез, секој дриблинг, гол, асистенција и слично на ваквите играчи е кренат до небеса, се објавува по медиуми, портали, новинари и слично. Затоа и после за играчи кои одиграле една одлична сезона, се нудат и бараат вакви астрономски суми кои никогаш нема да бидат реални.
 
Па се разбира дека мислев за изминатите години од кога се стабилизираа како клуб кога Мурињо му беше тренер...моментално и Манчестер Јунајтед како да го преживува тој период на Реал пред Мурињо само кај овие работата е тоа што токму Мурињо му е тренер и уште неможи да ги среди и покрај големите вложувања...за Лукаку лупнаа еден кош пари бе:pos:.

Поентата ми беше дека Реал Мадрид не се ненормални туку така да стегнат една вреќа пари за Мбапе и да одат на ризик...знаат што прават
Леле Џони која легенда си со ова со Лукаку, со сила се правиш будала, дека не разбираш како функционира трансфер пазарот денеска.

Ме интересира што имаш да кажеш за 180те милиони што ги нуди Реал за Мбапе? И да ми ги споредиш со цената за Лукаку што ти е толку смешна. :)
 
За 2-3 сезони и со две леви нози ќе одат по по 100 мил, енормно растат цените на играчите со секоја помината сезона.
Се шпекулира 150+30 или 160+20...ако фелјне сигурно нема да ги фати тие бонуси а на 21-22 години пак ќе вреди над 100 мил.
Ќе вреди не викам не. Талентиште е и затоа пишав така ама на овие години, во Реал, веројатноста да успее знаеш и ти каква е. Башка и платата кога ја читам... :несвест:
Ќе му се залепи некое курвиче ќе заборај и на фудбал и на се.
За мене Јунајтед е најголем клуб ама сите знаеме дека е субјективно. Објективно врвот на секој фудбалер е да заигра за Реал Мадрид. Па сеа ти види каков карактер треба да е за да продолжи да напредува ако врвот го достигнал на 18 години. :D
Ако е толку јак и ментално, свака част.
 
Без разлика колку време претходно си праел проценка на Мбапе(а нема шансии да е нешо многу долго пошо сеа напраи бум играчот) 180м за играч шо е толку млад и шо има пола сезона позади него е СЕКАКО РИЗИК и не може да се каже дека Реал знае шо праи.

Лукаку реално има јаки бројки позади него, имаше некоја споредба со други јаки имиња до 23/4 години кој колку голови имал и Лукако е убедливо прв така да у денешниов пазар цената за него си е сосема на место.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom