А сега, ако сакаш да го дискутираме колку е лошо влагањето на Саудиска Арабија во Европа во фудбалот, кој и веќе е сведен само на пари, ќе дискутираме, меѓутоа тоа е посебна тема не поврзана со ова.
Зашто влагањето на Саудиска Арабија во Европа нема да им негативно влијание врз големите клубови, баш напротив.
Споредбата со зимање на играчи од Источна Европа, Африка и Азија од страна на европски клубови и зимање на играчи од Европа од страна на Саудиска Арабија е искрено неоснована.
Зашто европските клубови освен што нудат подобра плата, им нудат на играчите од Источна Европа, Азија и Африка компетитивност и можност да се натпреваруваат на највисоко ниво за најпрестижните трофеи.
Но, со тоа ги прават сите други некомпетативни, ги сведува на развоен полигон. Имаш само мал број на клубови, не се ни 10, а другите сите се развоен полигон. А надвор од тие неколку лиги не можеш ништо да направиш. Ако некогаш си можел да бидеш компетитивен со ЦЗ, Стеауа, да играш врвен фудбал во аргентинско, бразилско првенство, денес тоа е невозможно.
И сега се трудат да го заштитат тој монопол. Зошто би излегле веднаш да се замеруваат? А и не е дека не галамеле против државни арапски пари. Затоа и воведоа ФФП и пробуваат да се изборат за нови регулации кои ќе им одговараат. Од друга страна, меѓу многуте причини, и поради ова тргна Саудиецот со ваков чекор.
Ако успеат да бидат некаков фактор, ќе мора да ги примат во ЛШ, како и некој американски клуб. А доколку дојдат до тоа, значи дека планот бил успешен, а овие што дошле сега и сигурно жртвувале доста, мотивирани од финансии да направат нешто, што би претставувало промена на тоа како гледаме на фудбалот сега, од тој финансиски аспект и поврзаноста со лигите.
И изјавата на Крос беше само дел, а не цел пост и се вклопуваше во тоа морализирање, осудување.
А и разбирам зошто, на страна тоа што го пишуваш за компетитивноста, гледаме како се случува обид да се промени нешто што ни е познато, убаво, емотивно сме поврзани, што мислиме дека само така треба да функционира.
И мене ми е чудно, но повеќе сум љубопитен да видам до каде ќе отиде ова и што ќе направат, отколку што ми се кука за фудбалот, европскиот фудбал, алчните фудбалери...
А јас да сум му менаџер, би му советувал да не оди во СА, но немам некои претерани негативни емоции и не сум шокиран кога ќе слушнам дека некој отишол таму.
П.С. А зошто мислиш дека арапските пари нема да ги погодат најмоќните клубови, туку ќе страдаат повеќе тие од втор, трет ешалон? Ќе добијат конкуренција уште во некој клуб? Да, но тие и до сега се во сенка и речиси никогаш не стигаат до врвот, а камоли да направат нешто на подолг рок. Во однос на трансфери, ќе имаат поголем пазар кога продаваат фудбалер што е интересен за голем клуб, ќе земаат повеќе пари. Еве да го земеме Белингам, веројатно најзначајниот трансфер во овој преоден рок. Тој или некој таков, којзнае дали ќе отиде во Реал во некои нови околности, кога овие би давале и поголеми плати и повеќе за трансфер.
Милан, Интер и слични, веќе се исфрлени од таа борба и нема да се вратат, тие секако ќе останат во сенка и ќе чекаат да успеат да им се погодат коцките, другите да имаат некои проблеми и да запретат, направат нешто една до три сезони најмногу.
Автоматски споено мислење:
Нека смеат и клубови надвор од Западна Европа, ете Источна Европа, Скандинавија, Средна Европа, па и Јужна Америка мада и тие се ѓупци ама имаат традиција. Ама шо кур да смеат овие арапско муслимански терористи каде национален спорт му е клецкање кози, само се деградира фудбалот за многу нивоа, еј стигнавме главни и најмоќни да бидат козоебачи, наместо господа луѓе како Берлускони, Перез, Ањели итн сите од старата гарда. Малце му е шо купија европски тимој скроз е неприродно и то, па и да играле во Европа сега. Уште то да го дочекаме и да гасниме спортските канали, такво понижување за спортот не смеј да се дозволи. Па која е шансата дека некој муџахедин или исисовец нема да се замаскира и инфилтрира во публиката кога ќе игра некој тим од кај нив во сред Европа и алаху акбар сите да ги крени во воздух. Како прво е нерезонски да се дозволи ова од безбедносен аспект, после натаму се друго, финансии, углед итн.
Ова е веќе и нешто друго...
Македонец, кој во целата своја историја, наебувал од европските господа, има неверојатна голема желба да се стави во улога на бранење на "традиционална Европа", "бела Европа", "христијанска европа", "западната цивилизација", "либерални вредности"... Како и многу други мали народи од Источна Европа, да си додели улога на граничар, бедем на "западната цивилизација" од црнците, муслиманите, жолтите, варварите, додека истите тие господа, гледаат и бетер на нас.
Но, проблемот и е културолошки, затоа се и тие реакции за кои пишував во првиот пост. Ти само тоа го формулираш повеќе директно и од некоја источноевропска позиција.
Последно уредено: