Официјално Кепа не е ни на клупа на Челзи што значи дека шпекулациите се вистинити.
Сакам да го посветам овој пост токму на Кепа.
Со овој трансфер уште долго време, и за доброто на фудбалот се надевам засекогаш ќе остане запаметен како најлош трансфер во историјата на овој спорт.
Секоја чест, живееме во историски времиња.
За тие што не паметат, ситуацијата беше ваква:
Челзи година уназад, а впрочем и цело лето се натегаше со Куртоа кој беше извесно дека ќе си замине.
Челзи, како генијален тим со генијална управа реши...
...да чека до август, на ДВА ДЕНА пред почеток на новата сезона и да потроши ни повеќе ни помалку туку 80 милион евра на ГОЛМАН.
Во истиот тој момент, во некоја усмрдена чекалница, млад разочаран црнец со име Едуар Менди чека да се пријави во агенција за вработување бидејќи се разочарал од фудбалот и сфатил дека тука нема леб.
Истиот тој разочаран сенегалец само пар години подоцна ќе му ја земе работата на гореспоменатиот баскиец и ќе биде најдобар голман во Европа.
За контекст, во моментот кога беше купен Кепа тој беше најскап голман.
Во меѓувреме, се појавија арапи и американци... и се уште е најскап голман.
Во моментот кога беше купен Кепа поскапи трансфери од него НА СИТЕ ВРЕМИЊА, беа:
-Луис Суарез од Ливерпул во Барселона. Трансфер кој ако вродеше со плод, Суарез ќе беше еден од најдобрите напаѓачи во Ла Лига и со своите голови и асистенции ќе донесеше многу успех на Барселона!
Тоа и се случи
-Вирџил Ван Дајк од Саутемптон во Ливерпул. Трансфер кој ако вродеше со плод ќе ја зацврстеше одбраната на Ливерпул и ќе помогнеше да му донее на тимот стабилност и успеси. Сепак, централната одбранбена позиција е битна, сите паметиме дека во 2006 токму дефанзивец освои Златна топка и до ден денеска е единствна позиција што не е напаѓач да ја освои оваа награда во последните пар декади.
Тоа и се случи, Ван Дајк беше успешен трансфер.
-Лукаку од Евертон во Јунајтед. Да не се повторувам ептен, знаеме што е улогата на напаѓачот. Ако ова беше успешен трансфер ќе беше исто како Суарез, само наместо Ла Лига - Премиер ставете и тоа е тоа.
Не се случи тоа.
-Хигуаин од Наполи во Јуве. Исто, напаѓач, од него зависи се.
-КР од Јунајтед во Реал. Ако испадне успешен трансферот, Реал троши надреална сума за создавање на супер тим предводен од еден од најдобрите на сите времињ. Тоа и се случи.
-Бејл од Тотнем во Реал. Реков, ќе скратам, знаеме што се направи Бејл во Реал. Токму тоа што се очекува.
-КР од Реал во Јуве. Исто и тука се очекува секој меч да растура
-Погба од Јуве во Јунајтед. Една од најбитните позиции, и за многумина можеби позицијата од која зависи се. Ако имаш цврст и квалитетен играч што редовно ќе игра на светско ниво, шансите се дека редовно ќе бидеш меѓу најдобрите екипи во Европа.
Тоа не се случи.
-Дембеле од Дортмунд во Барса.
-Кутињо од Пул во Барса
-Мбапе од Монако во ПСЖ
-Нејмар од Барса во ПСЖ
Како што гледате, сите овие трансфери погоре беа на играчи за кои што се очекува СЕКОЈ.ЕБАН.НАТПРЕВАР. да ти носат маестрални партии и со својата игра да ти донесат титула и успех од коло во коло.
Кепа, ако беше успешен трансфер...............ќе донесеше одбрана во 90 минута еднаш на 5 натпревари.
Не, сериозно, у кој универзум се фрлаат толку пари на ГОЛМАН СО ЕДНА ОК СЕЗОНА ЗАД СЕБЕ????
Таква пара да фрлиш на позиција каде што "можеби у мај ќе спаси гол у 90 минута" е исто како да вложиш стан на еден број во рулет.
Лудост и ретардираност.
Особено што сево ова беше panic buy. Особено што имаа време да размислат за ова.
И сега, Кепа си оди........на веќе почната лига.
И тоа на позајмица.
И тоа немаат замена за него (освен човек што лани не беше добар за Брајтон)
Одлично.
Челзи смени газди и се по ред... и пак логиката на купување на играчи со една добра сезона зад нив продолжува.
Ете, Кепа беше преплатен и испадна лош трансфер.
Ама голман е.
Сигурно истата грешка нема да се направи и со Кукуреља, кој со едн.. ок, згрешија и таму. Ама одбранбен е.
Сигурно нема да згрешат и со Мудрик? Ајде ќе почекаме.
Или со Каиседо, човек што веднаш ќе влезе во топ 5-6 најскапи трансфери на сите времиња после една добра сезона. И доаѓа од Брајтон. Исто како и Кукуреља.
Едвај чекам да видам каков panic buy ќе направат за замената на Кепа.
Не се ни сомневам дека ќе биде нешто смешно.
Не знам дали беше поглупаво неговото доаѓање или одење.
Кепа изгледа како ок човек. Ништо против него, не е ни нешто ептен лош голман.
Ама тоа не го менува фактот дека луѓето што беа инволвирани во неговиот трансфер не треба да работат подалеку од Стокомак до крајот на животот.
Се додека не излезе некоја екипа да потроши повеќе пари на голман, или евентуално не потроши слична сума на 36+ годишен играч, трансферот на Кепа засекогаш ќе остане како најлош трансфер што можеше да испадне "добро, ајде, вредеше трансферот" само ако Кепа во следните години останеше во Челзи и имаше кариера малце подобра, или барем слична од онаа на Буфон.