Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Ни Фајт Клаб немаше ваков плот - твист :D

 
Мислам дека не постои фудбалски фан на кого не му е преку кур од Каиседо, Брајтон, Челзи и Ливерпул во моментов.
Во таа листа сум и јас, и да дојде, и да не дојде, не ми е ни за смеење ни за плачење работава, нашиве се во full retard modus operandi.
Напротив, баш уживаме. :D (види го твитот подолу)

 
Освен ако не е од финансиски причини, не можам да сфатам зошто Каиседо моментално би го одбрал Челзи пред Ливерпул...
 
Не мислев дека е можно некој да го пробие дното повеќе од Лукаку летово ама честитки до господинот Клоп. Класично препотентно говедо, друг пат кога ќе дели правда по пресови првин нека изброи до 10.
 
Освен ако не е од финансиски причини, не можам да сфатам зошто Каиседо моментално би го одбрал Челзи пред Ливерпул...

Да, бидејќи ќе избира помеѓу Лутон и Ливерпул и бидејќи Челзи секоја сезона ќе завршува 12-то место. Моментално. И двата клубови со лоша претходна сезона и двата клубови во извесна транзиција. Да го ставеше Сити, па ајде некако да има нозе прашањево, вака...

Челзи на овој договор работел скоро три месеци, Каиседо веќе се гледал како играч на Челзи, договорил лични услови, бил во контакт со играчи на Челзи постојано. И сега не сака да го прекрши зборот.

Не е спорно дека можеби и платата ќе му биде за некоја фунта повисока, ама сигурно понудената плата од Ливерпул е приближна на онаа на Челзи.
Лондон, да, исто може да игра улога. Така што...
 
Jас повеќе сакам да оди во Челзи наместо во Ливерпул. Челзи и со него и без него не е конкурентен, Ливерпул со Касеидо ќе биде јак.
 
Освен ако не е од финансиски причини, не можам да сфатам зошто Каиседо моментално би го одбрал Челзи пред Ливерпул...
Па што знам баш за ова. Ај што Челзи е сеуште подобар спонзорски маркет од Ливерпул, тука е и Покетино. Човекот дефинитивно знае да погоди тим со просеци со добар work rate. Не го следам Челзи како пазари/продава летово, али во моментов да би бирал измеѓу нов, ребилдинг тим на Покетино или 7 годишен систем на Клоп што, барем мене ми делува, испукан и немотивиран, би го одбрал Челзи.
 
Не биди толку сигурен.
Играј си ти мајтап, кој знае каква мака има видено човекот изминатата ноќ, на вакви турбуленции, јака му душа. Еве го сега на мала пауза, одмара и штанца мислења по темата:

FB_IMG_1675362998083.jpg
 
Оддамна е познато дека Англичаните преферираат да си играат дома, па сигурно и тоа ќе игра улога во одлуката на Кејн. Единствено ме чуди што Хенес имаше изјава дека се е договорено со него, па е малку чудно што сега се премислува. Во секој случај, еве нека се тргне личниот рекорд целосно на страна, го разбирам што можеби преферира да остане во ПЛ.

Со трансфер во Баерн би добил:
- можност да заигра во врвен клуб
- сигурно освојување на некоја титула, после децинија и кусур професионална кариера
- редовно играње во ЛШ наредните неколку сезони и можност за освојување на истата

Меѓутоа мислам дека има две битни прашања што Кејн би си го поставил во моментов. Дали освојување на Бундеслига со Баерн е доволен предизвик? Знам дека ова звучи како да освоил милион титули до сега, но дали освојување на лига која уште од сега се знае дека би ја освоил ќе му го направи доволно "кејфот" на некој начин. И второто и побитно прашање - дали е спремен да ја напушти најдобрата и најкомпетитивната лига во моментов? И ова мислам дека е многу легитимен аргумент зошто да го одбие трансферот и да остане во Тотенхем.

Дали тие 10тина утакмици во ЛШ му вредат повеќе од цела сезона во Премиер Лигата. Мислам дека тука е дилемата, бидејќи реално догодина може како слободен играч да потпише за тим од Англија што ќе игра и во ЛШ, па да се натпреварува и во двете. Без разлика дали бил Јунајтед, Арсенал, Челзи... било кој би го потпишал без никакво размислување.
Ако мислите дека Баерн го потпиша Кејн за да освои Бундеслига сте се заебале гадно, пола тим да го продај Баерн пак ќе освои бундеслига наредни 10 сезони.
Кејн е донесен за да освојат Лига на Шампиони.
 
Ако мислите дека Баерн го потпиша Кејн за да освои Бундеслига сте се заебале гадно, пола тим да го продај Баерн пак ќе освои бундеслига наредни 10 сезони.
Кејн е донесен за да освојат Лига на Шампиони.
Нееее, нема шанси ова да е точно. Сериозно?!?!?!?!
 
Годинава едино Сити може да ги спречи Баерн за ЛШ. Некако многу штуро ќе биде, нема апла квалитетни екипи, од Англичаниве се е тоа дебитанти како Арсенал и Њукасл, Реал и Барса се мех. Годинава кој ќе земе земе следна веќе Реал со Мбапе пак ќе направи Монопол од натпреварувањево.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom