Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Вака по муабетов, Пеп каков тренер е според тебе?
Хммм…
Искрено, треба да е некој луд па да рече дека е лош тренер…
Ама исто така никогаш нема водено просечен, слаб тим, па да можеме релевантно да го оценуваме..
Генерално со Барса, Баерн, Сити во биографија тешко да извадам заклучок. Во Баерн не ги исполни очекувањата, во Сити му требаше многу време и миљарди па да почне да освојува, а и многу киксови и бреинфартс имаше на битни утакмици, финалиња и полу-финалиња..

Всушност додека го пишувам ова, го читам и постот на @devilko, и се согласувам со него.
Пеп ти е повеќе менаџер отколку тренер.
 
Нормално дека не може да се донесат 10 играчи одеднаш (освен ако не си пластика Челзи или Сити), затоа тим се гради низ повеќе години.
Фала Богу дека доколку не ти донесат некој играч ќе се прилагодуваш и крпиш, ете конкретно за Јунајтед има доста позиции кои не се пополнети со адекватен играч, па некако искрпи Тен Хаг.
Во право си и за работата или тој играч или никој друг. Затоа менаџерот си составува листа со неколку опции, пример за шпиц Кејн, Осимен, Рамос, Хојлунд. Доколку не може едниот, ќе се оди на другиот. Ама ако од сите овие профили, на некој дебил од управа му текнува да ти го донеси Роналдо, кој допирна точка нема со претходните профили е тотално поразително, воедно му даваш и алиби на менаџерот за евентуален неуспех, и би бил сосема во право.
Зашто лани не се прилагоди и се идеше по секоја цена на ДеЈонг иако овој упте првиот пат ги корпосал, среќа па од нигде никаде влезе у комбинација Каземиро иначе дебакл ке беше
 
Зашто лани не се прилагоди и се идеше по секоја цена на ДеЈонг иако овој упте првиот пат ги корпосал, среќа па од нигде никаде влезе у комбинација Каземиро иначе дебакл ке беше
За тој Де Јонг нерви искинав кога пред некое време прочитав шпекулации дека и ова лето ќе пробаат да го носат. Ќути, сега некако прекинаа да го споменуваат. Ок, го сакаше, ликот јавно почна да кажува дека не сака да си оди од Барса, крај, остави го.
 
Абе овој Хаверц се наполни пари ама сериозно го уназади развојот. Не му требаше Челзи. Сега Арсенал, па секој нареден трансфер класа надолу.
 
Пиши икс на сезонава
Стварно не ја разбирам опсесијава на Перез со Мбапе, не е здраво ова веќе.

 
И пак постојат огромни шанси дека лиглето ќе потпише нов договор со ПСЖ на сред сезона и пак да бидете во неизвесност следна сезона. :facepalm:
 
Пиши икс на сезонава
Стварно не ја разбирам опсесијава на Перез со Мбапе, не е здраво ова веќе.

Оди у фан клуб Реал и види ја формацијата што ја ставив, имаме играч за таа позиција.
 
Што е со Саудијциве што изиграваат Кинези мислам дека упорно пробвет да го довлечкаат тоа Светско првенство кај нив во 2000 и која ама после ова фијаско со Катар тешко дека ќе се одлучат за организирање на истото во држава со слични и поригорозни закони.
 


Romelu Lukaku, who Chelsea currently want to sell, is not convinced on playing in Saudi Arabia despite some interest. He wants to stay at Inter, DiMarzio adds.
 
Ај овие што се 30ка плус ги разбирам, ама Рубен Невес се откажа од фудбал на 26год.

Џабе ги носат таму играчите, ништо нема да направат. Кина вака две сезони ги носеше па никаква популарност не добија. Овие што идат се знае за што идат, нема мотивација во нив веќе, ќе си играат рекреативно нема да се замараат со ништо. Плус кај овие е 40+, кој фудбал жити бога може да падне на таа температура.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom