Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Стерлинг за Сити минатата сезона одиграл 47 меча во сите конкуренции. Кај тренер кој сака и ротира пречесто.
Не ми остава ова впечаток дека бил некоја последна дупка.

И уште еднаш, Сити и Гвардиола сакаа да го задржат. Тој самиот сакаше да напушти, да игра во тим каде што ќе се врти фудбалот околу него. Во Челзи тоа ќе се случува, зошто како и да ја вртиш, подобар е од сите напаѓачи во моментов.

Конкурент, да, но идејата брзо да се ослободат од незадоволен играч ги натера да продаваат на Челзи. Ма да, исто така сега и не знам колку Челзи е реален конкурент на Сити. Барем не знам во Премиер Лига.
Незадоволен а изиграл 37 утакмици е тука нешто не штима него дај колку вкупно минути има изиграно зашо може 10-15 натпревари да има влезено на десет минути само
Последниве две години Стерлинг не е незаменливиот у Сити и некој без кој не се може а не тука да ми го прават ѕвер, да беше тоа што се прикажува немаше да го пуштат сигурно
Автоматски споено мислење:

Ситници на пример како онаа дека му е потребно 15 шанси за да даде гол?
Со Вернер ке грмат напред
 
Сити го земаа и Алварез од Ривер кој се смета за еден од најголемите таленти што излегле од Аргентина у последниве 10+ години, а реално и доста покажа у Аргентина и Либертадорес. Сигурно и него го планира Пеп за сезонава.
 
Сити го земаа и Алварез од Ривер кој се смета за еден од најголемите таленти што излегле од Аргентина у последниве 10+ години, а реално и доста покажа у Аргентина и Либертадорес. Сигурно и него го планира Пеп за сезонава.

Ќе треба време да се вклопи...сепак нова лига, нова држава,нов систем..ехе еден куп варијабли имаш тука...пак јаки се Сити,имаат изграден систем и многу играчи ама за со појаки противници посебно во ЛШ мислам дека ќе му фали Стерлинг.....многу јак играч е според мене
 
Незадоволен а изиграл 37 утакмици е тука нешто не штима него дај колку вкупно минути има изиграно зашо може 10-15 натпревари да има влезено на десет минути само
Последниве две години Стерлинг не е незаменливиот у Сити и некој без кој не се може а не тука да ми го прават ѕвер, да беше тоа што се прикажува немаше да го пуштат сигурно
Автоматски споено мислење:


Со Вернер ке грмат напред


Не сакам да глумам адвокат на Стерлинг. Ѕвер самиот за себе не мисли дека е, не мислат ниту луѓево што пишуваат позитивно за него. Не измислувајте работи.

Ќе грмат со Вернер напред. Мда.

Во 337 натпревари, 131 гол, 94 асистенции. Баш како Вернер. Ова е фантастична статистика за било кој играч.
И тоа во каква средина и со какви соиграчи. Некогаш е многу потешко кога си опкружен со играчишта да се истакнеш.

Зошто си заминал? Сака човекот да е играч број еден во тим. Да биде носител. Во Сити пред Де Брујн не може да биде никој водечки фудбалер. Сега на Стерлинг тоа му пречело, сакал и да промени средина. Во Челзи, де факто, ќе биде со сигурност водечки играч, барем во навалната линија. Со сите свои маани.

А Стерлинг има маани. Дека му се потребни повеќе шанси за да стигне до гол, потребни му се. Не е спорно воопшто. Само и тоа е малку пренапумпано (види статистика погоре).
Што нуди од друга страна? Пресинг ненормален, помош во одбрана, стартна брзина, брзина со топка, флексибилен во напад, знае да се најде во ситуација за гол, знае и да опали од далеку. Човекот со години игра за Ливерпул и Сити, стандарден репрезентативец, убава возраст.

Гледај сега, јас прв сум го критикувал Стерлинг претходно и тоа за некои аспекти од играта што овде сте ги изнеле. Не се промени тоа преку ноќ, затоа што сега ќе дојде во Челзи. Моето мислење за него секогаш било топло-ладно, ама кога ќе се одземе и собере, Стерлинг е добар фудбалер. Баш добар фудбалер. Класа не е, не знам дали и ќе биде, ниту пак мора.
Во споредба со Пулишиќ, Мулишиќ, Лео Меси, лично и персонално.
 
Стерлинг е тоа што Пулишиќ сакал да биде кога гледал клипчиња на јутуб од америка на диал ап конекција.
 
Toп трансфер е Стерлинг за Челзи особена за таа сума. Таман си е. Има многу уште фудбал во него и ептен ќе се снајде. Само не знам што ќе им е трансферот на Аке за таа сума. Можат многу подобри штопери да најдат за истата сума ама ако Тухел го бара лично тогаш има некој план. Како и да е очекувам Челзи да се доближи до Сити и Ливерпул наредна сезона.
 
да повториме топ трансфер е лукаку у челзи, доста драп. те
 
Важи дека го седнал на клупа. Горе доле сите напаѓачи имаа слична минутажа, стартови и седење на клупа. Ротираа сите, не дека бил закован на клупа Стерлинг.

Глеам врнеа понуди надвор од Италија и требаше Сити да одбијат 55 милиони фунти и да држат незадоволен играч кој сака да смени средина само за Бони и Клајд да биде задоволен и да не се плаши што Челзи драстично ќе му избега на Манчестер во поглед на квалитетен во составот.

У право е Џони. Многу се потценува Стерлинг заради некои ситници.
*Англија
*состав

Да ти ебам све алкохоличарско
 
Od kaj Barca 60 mil za Rafinha , 60 za Kounde ,30 mil za Lewa ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom