Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Драгане се побркав со страните мислев дека тука пишам, зато си тука секогаш да ми ја исправиш грешката :D длабоко се извинувам нема да се повтори пак.
Те сфаќам, немоеш сегде да постигнеш и у брзање се дешаваат и грешки. Не ми се извинувај мене, извини им се на модераторите, пошто може да јадеш бан и што би праеле после без твоите анализи и експертизи. :love:
 
Те сфаќам, немоеш сегде да постигнеш и у брзање се дешаваат и грешки. Не ми се извинувај мене, извини им се на модераторите, пошто може да јадеш бан и што би праеле после без твоите анализи и експертизи. :love:
Ама, ама, јас не ти се извинвав тебе, :X3: туку општо на сите читатели на темата. За престигнување треба на спремање кај тебе да идам оти ти нема равен.
 
Со Џексон Мартинез што бидна? Официјално е?
 
Опасен овој новиот кинески прволигаш.
Жервињо, М'Биа, Какута, Ѓулум... од каде пари?
 
Arshavin set for Macedonia move

awesome_up.png


138

dislike_up.png


20
Andrey Arshavin is set to sign for Macedonian club Cardar Skopje having been released by Kuban Krasnodar in January.

Goal.com........
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Незнам каде да го ставам оваа мислење, ама мислам оваа е најсоодветна тема за тоа.

Значи мене лично не ми се допаѓа оваа што се дешава со играчите кои потпишуваат за Кинески клубови, а пред нив има уште многу фудбал во нивните нозе, а се квалитетни играчи. На пример Гуарин, Јелавич, Рамирес, Тешеира... Многу, многу сега моментално не ми текнува на нив. Значи ако се задржат во Кина повеќе од 12 месеци, не верувам дека дека ќе се вратат на нивото на кое биле или дека ќе се подобрат од тоа што биле предходно.
На пример ќе ги немат тие услови кои са ги имале во предходните клубови за кои што играле. Справите за вежбање, слабата стратегијата, победничкиот менталитет, помала компетативност на натпреварите, недоволно залагање, желбата за надигрување, интензитетот на натпреварите, мотивација за титули.....Сето ова ќе го немаат во Кина, и што повеќе се таму, толку се помали шансите дека ако подоцна се решат да се вратат во појаките лиги во Европа нема да успеат воопшто.
Одма ми доваѓа пример со Ето кога беше во Анжи во Русија. Се разбира нивото е многу поголемо на квалитет во Русија него ли во Кина, него поентата е дека оваа предходно се што го набројав го изгубил Ето во Анжи и кога подоцна се пресели во Англија, односно кога потпиша за Челзи, баш оваа го имаше изјавено Мурињо дека на Ето ќе му требало една сезона за тој да се врати во формата во која бил предходно. Се разбира заради таа причина и Ето и Мурињо се скараа, поради која Ето си замина од Челзи по само една сезона.

Ае овие што се на залезот на кариерата ги разбирам, постигнале нешто во кариерата, па сега да спечалат малку лесна пара во Кина, Америка па и Индија, ама за овие фудбалерите што пред нив има уште добри 5-6 сезонаи, незнам. Моето размислување е дека доколку повеќе се задржат на пример во Кина, дека повторно никогаш нема да бидат исти како порано.
 
Ова што се случува е лудило дечки...Лавеци ќе земал 400.000 фунти неделно во Кина...цццц до кое дереџе дојде фудбалот еј не е можно...

Сеа не знам колку е точно или дали е официјално,али како и да е лудо е!
 
Лавеци 5ти најплатен играч во светот, ќе си спечали и во 2018 година и после тоа без пари ќе си се врати во некој клуб во Италија или Аргентина. Иначе 23.5 мил фунти за ПСЖ

Само со 400.000 фунти неделно може да го убедат да игра со фаци како овие до Гуарин. :D

CaSV9xdWQAE7ZBP.jpg
 
Веќе пишав вчера, па ќе пишам и денеска. Не е нормална оваа работа што се дешава со Кинезите. Го уништуваат фудбалот.....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Веќе пишав вчера, па ќе пишам и денеска. Не е нормална оваа работа што се дешава со Кинезите. Го уништуваат фудбалот.....
Си ја прават јака лигата . Види во Англија колкави плати земаат играчите зошто во Кина да не можат да земаат толку кога се економски јаки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom