Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Па кој не би сакал да брани во клуб каде што одбрана се Кристенсен и Рудигер? Толку би имал работа што веднаш би се прославил.

Види сега, шала настрана, ама ако би дошол Облак, сигурно нема одбраната на Челзи да се состои од Кристенсен и Рудигер во првата 11-ка.

Патем, се шушка за Алаба нешто. Што мислиш, би сакал да игра Облак со Алаба? :icon_mrgr:
 
Облак е топ голман, и би бил огромно засилување за Челзи, без разлика кој би бил во одбраната. Ама онака ако го замислуваат трансферот, Кепа + доплата, тоа многу потсеќа на Дембеле за Нејмар муабети. А од друга страна јас лично не веривам дека Челзи би се спружил 120 милиони или така нешто повторно за голман.
 
5 сати чоек ќе ве остај и одма шпекулации :)
Облак го продолжи договорот до 2023 и му ја кренаа клаузулата од 100 на 120 милиони.
Не само шо е огромна клаузулата туку тука и платата која ја зема, 20.8 милиони годишно, тешко дека Челзи ќе му ги дај овие услови во овој момент.
А ако мислат да се циганчат со Кепа плус доплата можат да сонуваат затоа што Облак е еден од играчите врз кои Симеоне го гради тимот, нема шанса да попуштат.
Немаат никаква потреба да продаваат играчи, колку шо знам немаат проблем со финансискиот ферплеј, ниту пак Јан сака да си бега.
Нормално секогаш постои опција да си оди ама засега нема простор за такво нешто.
Челзи и порано имаше пријавено интерес за Облак, и мислам дека оваа вест е само тоа, интерес од страна на Челзи и ништо повеќе.
 
Прочитав на порталине наши, Кепа + 30м за Облак.... Не ми се веродостојни нашиве, ама до толку бе да тролаат.. Облак 120м има откупна клаузула, испод 80+Кепа не би го дале...
 
Прочитав на порталине наши, Кепа + 30м за Облак.... Не ми се веродостојни нашиве, ама до толку бе да тролаат.. Облак 120м има откупна клаузула, испод 80+Кепа не би го дале...
80+ Кепа = 60 милиони :icon_lol: Упола од тоа што бара Атлетико
 
Не знам колку вистина има во сево ова, ама на овие им е прегорен мозокот ако мислат оволку да фрлат за овој.

Не знам колку вистина има во сево ова, ама на овие им е прегорен мозокот ако мислат оволку да фрлат за овој.

Тотенхем нема толку пари, а и играчот е пред трансфер во Наполи.
 
Не знам колку вистина има во сево ова, ама на овие им е прегорен мозокот ако мислат оволку да фрлат за овој.

не се малце многу париве за напаѓач со 13 гола во Франција?
Излеа уште ПЛ тимовите не научија дека од Франција не се зимаат тие „мега звезди“...
 
Тотенхем и Наполи како што знаат да бараат ненормални суми за нивните играчи заслужуваат и нив да ги одере некој. [emoji3]

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Тотенхем и Наполи како што знаат да бараат ненормални суми за нивните играчи заслужуваат и нив да ги одере некој. [emoji3]

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
Французиве како дерат тимови тоа е чудо... пепе 72 милки (фунти), Ндомбеле 54м (фунти), Менди 43м, Салиба 27м а е 18 годишен одбрамбен сеуште недокажан...
Целата лига вкупно има £829,894,500 Income :D

За споредба Пл има €886,050,000 :D
 
Тотенхем и Шалке во преговори за Озан Кабак

Французиве како дерат тимови тоа е чудо... пепе 72 милки (фунти), Ндомбеле 54м (фунти), Менди 43м, Салиба 27м а е 18 годишен одбрамбен сеуште недокажан...
Целата лига вкупно има £829,894,500 Income :D

За споредба Пл има €886,050,000 :D
Менди има добра сезона за Реал, нека ме поправат Мадридистите ако грешам :)
А за Пепе, овој трансфер не можам да го сфатам, толкава пара за него ...
 
Менди има добра сезона за Реал, нека ме поправат Мадридистите ако грешам :)
А за Пепе, овој трансфер не можам да го сфатам, толкава пара за него ...
И Салиба уште не е отиден во Арсенал, коа го купија одма на позајмица се врати, и он може да искочи живо џабе. Пепе и Ндомбеле еве сезонава се уклопуваат следната ќе видиме дали ќе се адаптираат. Тоа не го мења фактот дека се преплатени малце во моментот кога се купени :D За менди не знам, не го пратам Реал многу и го немам гледано. Мадритисти нека кажат дали ги вреди парите :D
 
Неќна даде гол, така да вреди за тие пари Менди...... :D :D :ROFLMAO: :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom