Фудбалски/трансфер дискусии

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740
Стварно, кај ќе оди Бејл? Платата е мислам најголем проблем во ситуацијата затоа што не гледам зошто он би прифатил да оди било каде за пола од тоа што го зима. А максимум што би му го дал било кој друг клуб е пола од моменталната плата. Ништо чудно да мора Реал да се согласи и да продолжи да му дава дел од платата само за да го откачат.
Во Тотенхем тоа е уште поголем проблем, таму ни пола не би му дале. Друга опција можеби Баерн, ако успеат некако да им го пикнат, ама и они не верувам да се спремни да му даваат ептен висока плата. Не гледам друг клуб кој би можел да е опција. Од Јунајтед секогаш може да се очекува нешто такво, им треба некој за да му прави друштво на Санчез, ама тешко и они да се излажат :D
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.772
Поени од реакции
11.790
Едино ако го земат Кореа за слична сума околу 30тина милиони со бонуси до кај 35. Тоа ми е многу поверојатно него сума од 55 милиони.
Се ова е масло на Мендес, нешто као у нба коа 3 тима праат трејд. Го носи Силва кај него во Монако за 30 милиони, Милан со тие пари и плус претпоставувам уште 10/15 милиони ќе го земе Кореа со што се ослободува и место и пари во Атлетико за Хамес кој е исто така негов клиент.

Иначе у никој случај не се реални цените ниту за Силва ниту за Кореа и да не беше вака вмешан Мендес никој немаше да плати 30 за Силва или 45+ за Кореа. Ова покажува колкава моќ има Мендес денес у фудбалот.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
17.340
Поени од реакции
19.803
Кореа има договор со Атлетико до 2024 и клаузула од 100 мил. евра. Не вервам да попуштат од Атлетико за помала сума од која шо се спомнува а тоа се 55 мил. евра, не поготово шо Кореа никогаш не се бунел да биди резерва и секогаш давал се од себе кога ќе му се пружи шанса од клупа.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Стварно, кај ќе оди Бејл? Платата е мислам најголем проблем
Па Кина е за тоа лек..може и поголема плата да му даде..само нз дали имат голф терени таму...ваљда ради тоа не му се оди таму....

А и не е у некоја позиција Бејл да бара иста плата..со последните случувања и со фомата што ја има, и 8 мил му се многу да му даде некој клуб...
Мислам Баљерн дека може да го згрижат ако не бега у Кина..
Или трампа за Погба и пари...

Чудно е што нема ниту еден медиум/новинар да пушти било каква шпеклуација за негов можен трансфер, а Зидан изјави во 24/48 часа дека ќе си оди
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740
Па Кина е за тоа лек..може и поголема плата да му даде..само нз дали имат голф терени таму...ваљда ради тоа не му се оди таму....

А и не е у некоја позиција Бејл да бара иста плата..со последните случувања и со фомата што ја има, и 8 мил му се многу да му даде некој клуб...
Мислам Баљерн дека може да го згрижат ако не бега у Кина..
Или трампа за Погба и пари...

Чудно е што нема ниту еден медиум/новинар да пушти било каква шпеклуација за негов можен трансфер, а Зидан изјави во 24/48 часа дека ќе си оди
Па веќе прочитав дека Кина не е опција за него. И може не е во позиција да бара иста плата во нов клуб, ама е во позиција да одбие да си оди и да продолжи да си ја зима истата.

Иначе мислам рече дека се надева ќе најдат решение толку брзо. Доколку беа во толку напредни преговори со некој, нема шанси да не се знае ништо.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.597
Поени од реакции
2.478
Bejl najverojatno u totenhem. Procitav pred nekoe vreme ispratile ponuda 60-70milioni i da mu plakjaat polovina od platata a pola real. A mozda i vo baern da ide bile na vecera perez i rumenige pred utakmicata.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Обединети немаат десно крило... како ќе им легне една трампа за дабингмастерот :icon_lol:
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Кореа има договор со Атлетико до 2024 и клаузула од 100 мил. евра. Не вервам да попуштат од Атлетико за помала сума од која шо се спомнува а тоа се 55 мил. евра, не поготово шо Кореа никогаш не се бунел да биди резерва и секогаш давал се од себе кога ќе му се пружи шанса од клупа.
Кореа не е некој wow играч па за клаузулата што ја има да одигра било каква улога. А тоа што не се бунел дека е резерва и секад давал се од себе исто не игра ама никаков фактор. И Борини кај нас никад не се бунел и секад дава се од себе кога ќе влезе па пак повеќе од 10 милиони ни на сон нема му извадат.

Убаво кажа погоре Хевест ова е масло на Мендез и сумиве воопшто за никој не се реални ниту па стварно толкави ќе бидат. Медиумите само си наѓаат бројки за цените посекако.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.340
Поени од реакции
19.803
Кореа не е некој wow играч па за клаузулата што ја има да одигра било каква улога. А тоа што не се бунел дека е резерва и секад давал се од себе исто не игра ама никаков фактор. И Борини кај нас никад не се бунел и секад дава се од себе кога ќе влезе па пак повеќе од 10 милиони ни на сон нема му извадат.

Убаво кажа погоре Хевест ова е масло на Мендез и сумиве воопшто за никој не се реални ниту па стварно толкави ќе бидат. Медиумите само си наѓаат бројки за цените посекако.
Не игра улога ако клубот не рачуна на него, лани му продолжија договор така да не се дојдени до 25 мил. евра Атлетико па да го продаваат Кореа по секоја цена
Во овој случај ако сакаат вашите да го земат ќе се договорат за слична сума ама таа не вервам да биде помала од 40 милиони, ако не можи ќе го понудат во некоја друга екипа, се спомнуваат Тотенхем, Волвс и Наполи, ако не ќе си остани во клубот се дури не пријави некоја екипа интерес за него.[DOUBLEPOST=1563720821][/DOUBLEPOST]Ете земете го раперов од погоре шо го постирал Донев, посекако поголем дел во вашиот фан клуб него го преферираат, и да не му тргни на терен ќе ви снима песни и спотој на Сан Сиро :)
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.601
Поени од реакции
13.967
На крајот најбитна е желбата на играчот. Ако играчот сака да остане, и клубот не сака да го продава, нема пари што ќе го купат, без разлика кој е играчот. Збориме за финансиски стабилни клубови нормално.
Ама ако играчот сака да си оди и го притисне клубот, ќе мора да му одредат цена.
Псж не мислат така, ќе го стегнат на трибини до крај на договор, нема играч што ќе си ја уништи кариерата на таков начин. Ќе си ја свитка опашката и ќе си ги излиже лајната, па ќе игра како ништо да не било.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.340
Поени од реакции
19.803
Жалосно играч како Бејл да заврши во Кина поради несериозност на играчот и инаетот на тренерот, не знајме шо точно се има десено помеѓу нив двата ама мислам дека не му доликува на еден тренер од такво реноме како Зидан да се понаша онака на прес, поготово не спрема играч кој има многу направено за клубот. Сметам дека можеа да го решат проблемот со затворени врати а не онака во јавност да се брукаат.
Небитно, Фекир пристигна во Севиља, каков лик е ми делува како од некоја радикална група од Сирија :) Ќе бидат интересни Бетис со Фекир, очекувам да се изборат за ЛЕ
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.763
Поени од реакции
52.740
Arsenal offer Crystal Palace £65m plus Reiss Nelson on loan for Wilfried Zaha but Eagles laugh off second bid for forward and demand £80m.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom