Не ми е јасно како не сфаќате, Интер ќе плати 70м за играчот севкупно (не знам бонуси и такви срања), само не сега него после 2 години, просто како грав. Интер, за тие што не знаат, на 1 јули, односно за 3-4 дена како му доаѓа, го завршува договрот со УЕФА што го имаа, односно ФФП сетлмент и ќе може порастеретено да троши. Зошто? Затоа што откако се Сунинг тука вредноста на клубот е драстично зголемена, клубот расте на секој можен план, комерцијален, маркетиншки, финансиски, итн итн..., и најбитно од се е што Интер ги исполни условите на тој 3 годишен ФФП договор со Уефа, период за кој требаше Интер да ги среди финансиските срања кои настанаа со нерентабилното работење на претходните управи.
И сега некој се чуди зошто Модриќ го барале на позајмица, ако не може и после ова да сфатат тогаш ок, не знам што да кажам. Мислите дека ако Интер имаше кеш како на пример ПСЖ дека немаше да го искешираат Лука? Смешки реално... Убаво ви кажал погоре Лупхол, ПСЖ го зема Мбапе на сличен начин на кој Интер го бара Лукаку.
Да разјаснам само, тоа што на Интер му завршува сега тој договор со УЕФА не значи дека можат милијарди да трошат, сепак ќе треба да се оди според правилото на ФФП, да пребиваат пари од трансфери, карти, спонзори и 300 други заработки и така да се нивелира салдото, впрочем затоа и така го бараат Лукаку, а не инстантно во кеш.