Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Вие сигурно би одбиле неколку милиони евра, плус луксузно живеење во Дубаи. Требаше да остане во земја, во која се води војна (y)
Луксузно можеш да живееш и во Шпанија, Италија, па и Англија (еве лондонските екипи). Не мора уште на 27 години кај арапине а не си постигнал ништо :eek:
 
Луксузно можеш да живееш и во Шпанија, Италија, па и Англија (еве лондонските екипи). Не мора уште на 27 години кај арапине а не си постигнал ништо :eek:
Добро, за Луиз Адриано правиме муабет. Сигурно не може да бира во кој тим сака да игра. Да беше нешто посебно, одамна ќе заминеше од Шахтар.
 
FC Inter Fans - Macedonia
Според последните шпекулации Ливерпул ја покачил понудата за Ковачиќ на 30 мил евра, точно колку што бара Интер за него.

Mr_CallumWright @Mr_CallumWright 28s29 seconds ago
Hearing Kovacic deal could be agreed soon as well. #LFC

Jay Riley @Jay_78_ 14m14 minutes ago
A little dickie bird told me we're keen on Mateo Kovacic too, lets see on that.

Прегледај го приврзокот 123515

ШТО СЕ ТРЕСЕТЕ ,ШТО СЕ ТРЕСЕТЕЕЕЕЕ !!

АЈДЕЕЕЕ !!!! #7

Ситуацијава Ливерпул-Ковачиќ ептен потсеќа на онаа пред година дена со Јунајтед-Видал... мислам да не сум им во кожата на фановите на Интер :несвест:, овој трансфер може да се одвива цело лето дури и после 31 Август :popce:
 
*го отвара шаторот и почнува да кампува пред Кајгана*

Абе, @Peja989, @Syn, @Ilumious и остали модератори,
не е боље да се спои темава со таа за шпекулации? Дај не ја правете ко за Кладилница каде што седумсто правила се ставија, па се подели на седуманесет теми. Мислам дека овде е доволно онаа каде што е речиси само read-only и се ставаат само официјални трансфери, а оваа да служи и за шпеккулации.

Пошто вака мислам дека истите муабети се влечат у две теми. :D
 
Не знам кои членови беа ама вака бараа. Една тема да е за пред трансфери, една за објавување и една за дискутирање на истите.
 
Не знам кои членови беа ама вака бараа. Една тема да е за пред трансфери, една за објавување и една за дискутирање на истите.

Значи ја сум уствари контра-членот? :pos:

Добро сеа ако сакам да прашам кој ѓавол опнавте 30 милиони за прокелтиот Фирмињо кога у тим имате многу слични играчи, а во исто време и да прашам што па ќе ви го и Ковачиќ при многу слични играчи, треба да пишам у двете теми одделно? :D

Се зезам. За последново, а за ова што кур правите со трансфериве, озбилно прашувам. Пак без големо име, пак со овие што имаат дриблинг, техника и спид 99 а останатите атрибути по 65? Велемајсторот ќе продолжи да игра 433 без класичен шпиц со три лажни напред, а? :cautious:
 
Ако мислите дека е подобро така, не е проблем да ги спојам. Еве, нека дадат мислење поактивните и решен „проблем“ за неколку секунди :)

Во врска со Фирмињо, ќе си оди (најверојатно) Стерлинг и тој треба да му дојде како замена. Земавме страшно добар десен бек и Милнер, тешко потценет играч. Ингс, Гомез и Богдан не ги спомнувам.

Кова, евтин е и ништо чудно ко што викаше Џонтра да биде увален Балотели при дилот.

Се разбира, се би било сувишно ако не се донесе напаѓач, нешто што најмногу ни требаше лани.

Цената на Фирмино е 21м фунти сега и 8м во клаузули (4 ако се пласираме во ЛШ и 4 поврзани со настапи, не ја помнам бројката).
 
Добро за Кова лично мислам дека е многу подобар од сите про-офанзивни средњаци што ги имате.

Згрешви погоре, не 433 туку 343 играше Роџерс во вториот дел чинам, изгледа пак ќе продолжи со тоа иако не знам колку му е проверена неговата тикатака. :D

Сепак лани беше клучната грешка, кога не провате да земете ѕвезда и да ја преплатите ако треба, за директна замена на Суарез, сега без ЛШ во ракавот, не знам...
 
да кажеме про-офанзивни средњаци во моментов ни се Фирмино, Кутињо, Стерлинг, Марковиќ и Ајб. Позади нив Милнер, Хендерсон, Џан, Лукас и Ален. Сега дека е подобра опција од било кој од овие, не би рекол али нема врска.

Во врска со формацијата, мислам дека ќе си ја враќа 4-3-3 или евентуално дијамантот 4-4-2.

За замената за Суарез, пробавме со Алексис али ни кажа „ај изгубете се од тука, си одам во Арсенал“ :Д
 
Ти како модератор треба да донесеш одлука што е најдобро за овој подфорум, дали да стојат двете теми или да има само една. После, ако одлуката се покаже како лоша, да си сносиш последици. А не ај договорете се вие и кажете ми, па после ако не чини ќе речеш е што се буните сега, вие така ми рековте да направам :tapp:
 
Не беше и ти модератор во подфорумов?
Oh...
 
Не беше и ти модератор во подфорумов?
Oh...
Само по потреба, а ЕлНињо не ме тагна што значи дека не треба да се мешам во оваа одлука :D

Али ако ние одлучуваме, сметам дека треба да се спојат. Се мешаат и многу тешко ќе биде да се воведе некаков ред и тука да се дискутираат само официјални трансфери, а во другата да се збори за шпекулации.
Вака ќе си биде една општа за фудбалски трансфери во која ќе се збори и за шпекулации и за веќе комплетирани трансфери, и уште една во која само ќе се објавуваат официјалните.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom