Krkiroma
NOMEN EST OMEN
- Член од
- 30 декември 2008
- Мислења
- 736
- Поени од реакции
- 22
Пеле секогаш имаше расправии со Аргентинскиот херој Марадона, кој го обвинуваше дека е дел од "ѓаволската" фамилија на ФИФА. Расправијата го постигна својот врв кога ФИФА организираше интернет гласање за Фудбалер на Векот. Марадона победи на гласањето но ФИФА на ја излажира анкетата и реши наградата да му ја даде на Пеле. Марадона протестираше поради ова и на двајцата играчи им беше доделена наградата, притоа Марадона коментирајќи дека наградата на Пеле е безвредна. Минатата ноќ беше одиграна најжестоката сцена од оваа сапунска серија помеѓу Пеле и Марадона која резултираше со тепачка токму на прославата на 68 роденден на Пеле. Пеле кој моментално се наоѓал во Европа на промотивна турнеја за Viagra организирал луксузна забаво во неговиот апартман во Цирих, Швајцарија. 300 поканети гости беа од светскиот врв на политиката, филмот, музиката и се разбира фубалот. Најистакнати личности помеѓу присутните беа Џорџ Буш, Гордон Браун, Стивен Спилберг, Елтон Џон, Мишел Платини, Дино Ѕоф и се разбира претседателот на ФИФА Сеп Блатер. Забавата се одвиваше во најдобар ред пред да се претвори во драматичен Спилбергов трилер а да заврши како хорор шоу. На почеток почна со консумирањето на малку повеќе алкохол од потребното од страна на Пол Гаскоњ, кој што почна да го крши пианото на Пеле. Пред да биде отстранет од завбавата Гаскоњ почна да фрла шишиња со водка и виски кон Лотар Матеус кого го обвини за жолтиот картон во полуфиналето во Италија 1990. Матеус одговори на ова со тоа што рече дека сите Англичани се пијаници што само ја подгреа веќе загреаната атмосфера помеѓу Англиските и Германските гости. Точно во 22 часот Блатер замоли за внимание од сите гости поради наздравувањето што сакаше да го одржи во чест на роденденот на Пеле. Блатер започна изговарајќи: Дами и Господа да ги кренеме чашите во чест на најдобриот фудбалер во историјата... Додека Блатер беше на пола реченица одеднаш неочекувано се појави најнепосакуваниот гостин во собата. Тоа не беше никој друг тука најголемиот ривал на Пеле, Марадона. Марадона ја изгаси неговата Кубанска пура на скапиот персиски килим на Пеле и веднаш премина на негово исмејување. Тоа започна вака: Пеле ти си најголемиот Мит во историјата на фудбалот, ти не си ни блиску да бидеш најдобар дури и во твојата земја каде што пред тебе се наоѓаат Zico, Garrincha, Rivelino, Ronaldo. Само ФИФА и сите нечесни луѓе од ФИФА те имаат прогласено за најдобар фудбалер. Луѓето знаат дека јас сум најдобриот и само тоа е важно. Пеле на ова одговори. Диего те молам кажи ми каква дрога конзумираше вечерва? Ти си лош пример за младите. Сега излегувај од мојата куќа и престани да ме посрамотуваш пред овие ценети луѓе. Но тогаш Американскиот боксерски промотер Дон Кинг излезе со идеја која гласеше: Да има боксерски натпревар помеѓу двајцата играчи и победникот да биде прогласен за Најдобар. На ова се согласија и двајцата. Марадона доминираше во првите две рунди и го изненади Пеле со неколку леви удари. На почетокот на третата рунда Марадона му упати прекрасен аперкат потсетувајќи го на 1986 и Божјата рака. Но во изненадувачка одлука судијата го оквалификува овој удар како не фер и го дисквалификуваше Марадона, кој како Гаскоњ од пред малку беше исфрлен од обезбедувањето и веднаш пратен на авион за Грузија каде што ќе игра егзибициски натпревар. Забавата потоа продолжи без него. Видео од оваа неверојатна тепачка како и неверојатниот нокаут се појавија на Youtube но беа веднаш отстранети. Но видео беше објавено на официјалната страница на ФИФА на кое е прикажано како Пеле го нокаутира Марадона, и како е прогласен за победник од страна на Сеп Блатер.
Преведено од GOAL.com кој ја сака англиската верзија еве линк:
http://www.goal.com/en/articolo.aspx?contenutoid=929202
Преведено од GOAL.com кој ја сака англиската верзија еве линк:
http://www.goal.com/en/articolo.aspx?contenutoid=929202