Фудбалска Федерација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата muvla
  • Време на започнување Време на започнување
Темава ја извадив од нафталин, ама не можев да се воздржам. :pos2:

Гостите на ФФМ мераклии за порно

Интересно беше напуштањето на собите во хотелот "Тон Опера" на гостите на ФФМ. Дел од нив кои биле мераклии за гледање порно-филмови ги користеле услугите на ваквите канали кои се плаќаат. Кога на рецепција им беа дадени сметките и им беше побарано да се платат, тие сами се издаваа правдајќи се дека само нивните цимери гледале порно. Најзагреаните од нив за ПТВ-услугата платија дури по 500 норвешки круни, односно по 60-ина евра.

http://vest.com.mk/?ItemID=0CB07BB15C291448A0BC325059746D79

Абе што се 60 евра кога некој те носи на турнеја од 1000 евра.

Зар не прочита колку потрошиле за екскурзијата во Шкотска и Норвешка!

500000 евра!
Ситница бе!:toe:
 
Зар не прочита колку потрошиле за екскурзијата во Шкотска и Норвешка!

500000 евра!
Ситница бе!:toe:

Прочитав. Пишуваше 150.000 само за „гостите“. Изборна година во ФФМ. :toe:
Тие туристи ќе му донесат на Хари доволно гласови. Ништо ново.
 
Координирана истрага на полициските институции го проверува работењето на првиот човек на македонскиот фудбал Харалампие Хаџи Ристески. Има ли организиран криминал во македонската фудбалска федерација, колку милиони евра се вртат со матни зделки?

МВР, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Управата за перење пари, повторно ја тресат највисоката фудбалска институција, дознава А1 од висок функционер во МВР.

Освен за матните зделки со лажирање на натпревари, полицијата спроведува истрага и за организиран криминал, финансиски измами, прикривање на странски донации, неуплатени пари од продажба на билети. Според извори од истрагата во неколку случаи бил оштетен буџетот на Европската фудбалска федерација, но и буџетот на ФФМ, како и државната каса.

За сомнителните трансакции, прикривање царински давачки, па дури и набавка на фалсификувани дресови, се обидовме да побараме одговор од Хаџи Ристески. Во федерацијата не го најдовме, доаѓал само еднаш неделно, а денеска бил на пат.

Во 2007. година, МВР ги запечати вратите на ФФМ. Спроведуваше пред истрага за криминал во Федерацијата. Тогаш кривична заработи само генералниот секретар, Лазар Митровски.

На тогашната акција на МВР, Хаџи Ристески и даде политичка позадина, дури и ФИФА и УЕФА сметаа дека власта врши политички притисок врз федерацијата. Но само пред еден месец УЕФА утврди дека неколку натпревари во Македонија биле наместени, отвори истрага која се уште трае. Главниот инспектор на уефа, го заобиколи Хаџи Ристески помош побара од МВР.

„На министерката и ја доставив одлуката на УЕФА и сета документација“ изјави на 17.08.2009. Герхард Копел, главен инспектор на УЕФА.

Министерката Јанкуловска тoгаш најави дека допрва ќе биде оформено обвинение, според неа не се исклучува можноста пријавата да опфати и перење пари или злоупотреба на службената положба.

A1

Дали конечно ќе се решат од овој више?
 
И пази тоа...ДОАЃАЛ ЕДНАШ НЕДЕЛНО!! Го боли курот него, си се шета а овде фудбалов ни гние. Да му ебем семката!! Си се шета низ светов со наши пари и со пари на ФИФА и УЕФА...копиљ!
 
Како се ситнат деновите до изборот на нов претседател на ФФМ, така се зголемува бројот на луѓе кои сакаат да го симнат Харалампие Хаџиристески.
Нишан на последниот челник на федерацијата денеска крена првиот човек под него, потпретседателот Реџеп Беџети.
Двете последни седници на управниот одбор на ФФМ се обична фарса, тврди Беџети, како човек кој директно присуствувал на нив.
Според него, на последната седница, одржана на 25-ти овој месец немало никакво гласање ниту одлучување бидејќи управниот одбор и комисијата немале право да одлучуваат.
Таа комисија може само да констатира, а генералното собрание на ФФМ треба да ги верификува мандатите, истакнува Беџети.
Патем станувало збор за комисија формирана на претходната седница на управниот одбор, на 17-ти октомври, закажана за неполни 24 часа со телефонски повици и без дневен ред и материјал.
Матното однесување продолжува со записниците на ова 5-члено тело, на кои секаде недостасувал потписот на петтиот член, кој не случајно е доктор по правни науки, значи свесен за евентуални заобиколувања на правилата.
Сметајќи дека ваквите случувања можат да донесат несогледливи последици во македонскиот фудбал, Беџети заклучува, цитирам ноторна лага е дека комисијата и управниот одбор на ФФМ ја одбиле легалната кандидатура на господинот Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ и оспорувањето на кандидатурата на Благоја Николовски и дека верификувале какво било собрание на општинските фудбалски сојузи затворам цитат.
Беџети става прашалник и на изјавата на Хаџиристески на последната седница на управниот одбор дека тој не бил должен да ги почитува одлуките на агенцијата за млади и спорт.
И ако логични и со помала тежина се нападите на конкурентите на Хаџиристески, обвинувањата на човекот што до скоро беше втор во федерацијата треба да се сфатат уште посериозно и да отворат потреба за објаснување од првиот човек на ФФМ.

А1
 
Веќе имавме тешки дебати околу ова!

Ајде пак да ги размуабетиме!

ФОРМИРАЊЕ НА БАЛКАНСКА ЛИГА, УТОПИЈА ИЛИ РЕАЛНОСТ
Регионална лига спас за фудбалот
Секогаш кога македонските клубови ќе испаднат од натпреварувањата на УЕФА, се актуализира прашањето за формирање на Регионална фудбалска лига, како единствен спас за македонските, но и за ексјугословенските клубови. Дали формирањето на едно вакво натпреварување е утопија или реалност? Кои би биле нејзините предности, слаби страни, и кои се пречките за нејзиното формирањето? Кои клубови од Македонија би можеле да учествуваат во една таква новоформирана лига? Едно е сигурно, македонските клубови кои би настапувале во една таква Регионална фудбалска лига, би имале многу повеќе од две-три квалитетни средби годишно.
Гледајќи глобално, по распаѓањето на поранешна Југославија фудбалот во секоја од новоформираните држави бележи значителен пад во квалитетот. Споредено со некогашните натпревари во ексјугословенскиот шампионат, разликата е огромна. Токму затоа и во секоја од поранешните ју-републики постои одредена заинтересираност за формирање на едно вакво регионално натпреварување. Кога Работнички, Македонија Ѓорче Петров или Ренова, како моментно најорганизирани клубови во државава би играле против Партизан, Хајдук, Динамо Загреб, Црвена звезда, односно Левски, ЦСКА Софија, Марибор, Динамо Букурешт, тоа би било нешто сосема поинаку. Освен навивачкиот интерес, клубовите би имале и несомнена финансиска корист.
- Јас сум и тоа како за формирање една таква лига. На овој начин на кој сега функционира, фудбалот во Македонија нема да издржи долго. Фудбалот во Македонија е на умирање. Доколку постои иницијатива, би помогнал и правно и на каков било начин да се формира таква Регионална лига. Тоа е спасот за фудбалот не само во нашава држава туку и пошироко. Би се тргнало од некаква мртва точка, би оживеале замрените фудбалски центри во Македонија, би се зголемил квалитетот, со што сите би добиле. Не смее да се гледа тесноградо или клупски на овој предлог - изјави Драган Поповски, претседател на Работнички.
Како пречка за формирање на една ваква Регионална лига се наведува национализмот, кој се уште е доволно присутен на овие балкански простори. - Се се решава. Не е проблемот толку голем колку што се прави. Има кампањи за промоција на фудбалот, договори, формирање правила, мерки на ФИФА и УЕФА, вклучување на државите. Значи се може да се направи. Англија, која имаше најголеми проблеми со хулиганството, го реши тој проблем, така што навивачите сега воопшто не и се проблем - дополнува Поповски.
Повторно се отвора темата за навивачите и тие дефинитивно не можат да бидат проблем за формирањето Регионална фудбалска лига. Иако во Србија и во Хрватска хулиганите прават многу поголеми инциденти, таму ниту во домашните шампионати нема забрана за гостувања на навивачките групи. Со добра меѓудржавна координација и полициска соработка навивачите би можеле да бидат само дополнителен декор за разубавување на ова натпреварување. Развиените фудбалски земји, особено Англија, тоа го решија на најдобар можен начин, со закон. Таму фудбалот е многу повеќе од спорт, а сите балкански држави треба да го следат позитивниот пример, вклучувајќи ја и Македонија.
 
Фудбалот е на умирање да. Знаеме зошто е така. Нема ниту регионална лига да ни помогне. Треба да се организира поквалитетно домашно натпреварување. Хари не успеа да го направи тоа.
Можеби му треба уште 4 години власт, па да направи нешто???
Многу ме интересира кои се тие поголеми гомнари од него што му даваат сила и уште го држат на чело на ФФМ?
 
Мислам дека е многу битно да се дознаат тие личности кои го држат Дон Хари, да јавноста ги дознае нив. Погледнете го Масар веке на повеке пати му вика отворено а и од некна свика и прес да излезе јавно и да каже кој тоа него го дисквалификува, а овој мака си нема во стилот село се плени баба си ја чешла!

Ова со регионалната Лига мислам дека е Мишн Импосибл затоа шо на балканот владее “тивка“ војна помегу соседите и не верувам дека некој ке се осмели да се направи такво нешто.
 
Само едно не ми е јасно, нели Куралампие не смееше да добие уште еден мандат бидејќи веќе е со два мандати едно подруго? Што бидна сега?
 
Како да ги дознае јавноста кога медиумите ич qr не ги боли за фудбалот. Никој не пробал до сега да направи соочување на телевизија со некој од ФФМ. Оние од А2 секој ден викаат гости за скулптурите, за црквата на плоштад и слични политички глупости, а ниту еднаш не им текнало да викнат гости од ФФМ, Агенција за спорт, новинар, претставник на некој клуб ... да се соочат пред јавноста ЗАЕДНО. Оној Бошко од Сител стално си вика негови луѓе и тотално не е корисен. Нема некој да ги соочи сите инволвирани во фудбалот. Глупиве наши медиуми само за политика се палат.
Затоа ќе се чудиме кој го штити Хари, кој е тој што не дозволува да биде уапсен иако и апсолвент на Правен факултат ќе успее да склопи обвинителен акт против него.
Сега ќе слушаме глупости од типот „дошол делегат што нема полномошно“, „гласал некој што не е избран“, „паралелен сојуз во Битола, Гевгелија ....“ „прекршен статут на федерацијата“, а сето тоа нема да ни биде јасно додека не се соочат сите страни на една маса пред камера.
Завечера Омерагиќ прес конференција, вчера Хаџи Ристески, денес Николовски и така се во круг, секој ќе плука во празно, Хари ќе се брани од далеку без да се соочи со ниту еден од нив, а ние ќе си седиме збунети и ќе се чудиме кој е тој што ја штити мафијата во фудбалот.

Пак ќе ја посочам најголемата одговорност кај новинарите, кои се тотално незаинтересирани за ова. Оној Велија почна нешто против Хари ама што фајде од тоа? Велија ми треба за да ми каже дека Хари е крадец?
Нека викне претставник од ФФМ, од АМС, МВР итн... и да ги видиме фактите на маса.
Ако Хари е чист, тогаш нека се појави некој надлежен од државните институции и нека го каже тоа јасно и гласно. Ако не е чист, нека превземат нешто соодветно.
Вака кучињата лаат, карванот си врви.
 
Само едно не ми е јасно, нели Куралампие не смееше да добие уште еден мандат бидејќи веќе е со два мандати едно подруго? Што бидна сега?

Не смееше, но јебига во него се и оревот и каменот, шо сака тоа си праве!:toe:

Како да ги дознае јавноста кога медиумите ич qr не ги боли за фудбалот. Никој не пробал до сега да направи соочување на телевизија со некој од ФФМ. Оние од А2 секој ден викаат гости за скулптурите, за црквата на плоштад и слични политички глупости, а ниту еднаш не им текнало да викнат гости од ФФМ, Агенција за спорт, новинар, претставник на некој клуб ... да се соочат пред јавноста ЗАЕДНО. Оној Бошко од Сител стално си вика негови луѓе и тотално не е корисен. Нема некој да ги соочи сите инволвирани во фудбалот. Глупиве наши медиуми само за политика се палат.
Затоа ќе се чудиме кој го штити Хари, кој е тој што не дозволува да биде уапсен иако и апсолвент на Правен факултат ќе успее да склопи обвинителен акт против него.
Сега ќе слушаме глупости од типот „дошол делегат што нема полномошно“, „гласал некој што не е избран“, „паралелен сојуз во Битола, Гевгелија ....“ „прекршен статут на федерацијата“, а сето тоа нема да ни биде јасно додека не се соочат сите страни на една маса пред камера.
Завечера Омерагиќ прес конференција, вчера Хаџи Ристески, денес Николовски и така се во круг, секој ќе плука во празно, Хари ќе се брани од далеку без да се соочи со ниту еден од нив, а ние ќе си седиме збунети и ќе се чудиме кој е тој што ја штити мафијата во фудбалот.

Пак ќе ја посочам најголемата одговорност кај новинарите, кои се тотално незаинтересирани за ова. Оној Велија почна нешто против Хари ама што фајде од тоа? Велија ми треба за да ми каже дека Хари е крадец?
Нека викне претставник од ФФМ, од АМС, МВР итн... и да ги видиме фактите на маса.
Ако Хари е чист, тогаш нека се појави некој надлежен од државните институции и нека го каже тоа јасно и гласно. Ако не е чист, нека превземат нешто соодветно.
Вака кучињата лаат, карванот си врви.

Мислам дека имаше една емисија лани или полани на Канал 5, само не се секавам, зашо ја дадоа едншка и толку!

Точно е тоа дека треба да седнат сите на маса, но Дон Хари го избегнува тоа како Јаница Костелич шо ги исбегнува ззнаменцата. Токму од тоа бега Дон Хари, и Омерагич и Николовски излезеа и јавно го викнаа на соочување ама шо фајде.
Едино такво нешто може да направи Васко Ефтов, мислам дека тој е човекот за таа работа, пошто во фудбалот има секаков Криминал и мислам дека ке биде интересно и за него!:toe:
 
Јасно е дека Хари не сака да се појави очи во очи со никого. Ама барем можат да викнат некој друг релевантен гостин. Треба да дојде некој од АМС и да каже дали тие спорни општиснки сојузи се легални или не се. Ми се смачи само од прес конференции каде што секој си ја тера својата приказна, а новинарите само како записничари фаќаат прибелешки наместо да постават некое прашање. Се продадоа за две патувања во Холандија и Шкотска.

Нема да имам ништо против Хаџи Ристески ако се појави некој од МВР, Агенција за млади и спорт, Финансиска полиција .... и јавно каже дека Хари е чист, дека нема никаков криминал во ФФМ, дека сите делегатски листи се според законот, дека смее некој што е осудуван да биде претседател на ФФМ, дека Хари нема кладилница итн. Ако има фер гласање, нека одлучат делегатите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom