А како го доведуваш во корелација штедењето и повлекувањето ?
Ако има помалку штедачи,каматите на штедење ќе се наголемат!??
http://en.wikipedia.org/wiki/Bank_run
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_bank_runs
Иако ова се поединечни случаи,не е тешко да се заклучи што би се случувало доколку стане масовно и во сите банки.
Настрана тоа што Кантона бил екс-фудбалер,тепал навивачи,дали повеќе сакал да живее Англија или не,и дали го нарекол Саркози идиот (повеќепати) - човекот има поента.
Во таков случај,централните банки ќе мора да штанцаат пари предизвикувајќи спирала на инфлација.
Или да воведуваат ад-хок репресивни закони од типот - колку може да се повлечат пари неделно или месечно.
Банките постојат поради довербата и калкулираниот ризик дека никогаш,ама баш никогаш нема да се појават штедачи над еден одреден процент кои ги барале да си ги повлечат парите.