Фудбалери Кајганџии! Season 12/13 [Пријавување: Играме 8х8 на поголем терен!]

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber Knight
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
За термин во балон доколку има четврток супер...и мене ми одговара најмногу овој ден,петок малце послабо.
Сепак да видиме каков избор има па ќе знаеме на што сме....:D
 
Се јавив во Форца па вака стои ситуацијата.
Има термин во четврток само од 23.20 и петок од 17.30, 22.30 и 23.20. Само тие се друго е се зафатено збориме за стален термин. Е сега чоекот рече балон треба да се стави сега следна среда (значи уште не е поставен) ако е се ок, од овој четврток што иде треба да има балон.
И има еден услов мора да се остаи капар ако се резервира стален термин, капарот е 3600 ден али не морало одма туку може првиот пат 1800ден капар (плус терминот 1800ден) па после вториот пат пак капар и термин... Со капаров било загарантирано дека може да се откажат два термина после 12 саат на дента на терминот и тогаш пропаѓа по еден капар, а ако откажеме до 12 саат дента капарот не пропаѓа. И на секое 10то играње имало гратис 11то играње :D

Овој термин во четврток ептен бош испадна човеков рече тој што бил од 17.30 го резервирале деновиве, такада еве ви информации одлучете, или па да се бара друго место ако толку сите можете само во четврток да бараме друг балон, мене ми е исто.
 
И мене ми е исто, ако може нека праша некој уште денес во 11 Октомври и одма да одлучиме што ќе правиме.

Ако на повеќето не им одговара петок за балон јас би играл и во сала четврток иако баш не сум одушевен од таа опција.

Како одлучи мнозинството јас ќе прифатам во секој случај.
 
Вечерни се термнините, поправив. 11 Октомври немам број ако има некој нека праша..
ПС. Ова со капарот е секаде ист принцип мора да се остави за да го чуваат терминот и у случај да се откаже некоја недела..
 
Сите термини и мене ми одговараат...а вечерните највеќе...така ќе можам да играм секоја недела...а ако е од 17:30 ќе играм 2 недели, па една пауза :-)
Па и 2 дена да играме не е лошо...и четврток и петок што има врска :-)
Ама како одлучи множинството така.Најбитното е што има голема желба за фудбал...што се нема случено од 2005/2006 :-)
 
Мене ми одговараат вечерниве термини али како ке одлучи мнозинството :)
 
Не знам, супер е вечерен термин, онака знаеш дека на крај на денот на фудбал идеш и тоа е тоа. Вака во 5 може да биде сечење на денот за некои, ама нека се изјаснат.

Ја идам у било кој термин. :)
 
А и вечерниот у четврток не е лош.. Башка после нас ќе нема никој може да игарме и + 10 15 минути ако имаме желба и сила секако :) Како ќе одлучите така. Најубаво едно анкетиче да напрајме со сите термини и готово.
 
Јас гласав за тој во четрток што е,ама ми одговараат и другите. Кој ќе чека Петок бе:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom