Поздрав до двете екипи. Коректно изиграно без набој денес, се надевам дека во брзо време ке израмниме и во победи. ( 5-2 мислам дека е резултатот за црвените)
Али - Panta rei.
Али - Panta rei.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас сакам од сите денес што игравме да го издвојам Кајзер.
Дечкото е за почит, со какви маки и болки дојде да игра и не се штедеше воопшто додека можеше. Ти си друже за пример и во човечност и во пожртвуваност и како другар.
Кејф ми е што почињам да те упознавам.
Нема многу луѓе што ке направат се само нешто да функционира и да опстане како дружењево низ утакмициве.
Лека ноќ.
Одлична партија дечки, честитки и до црвените и плавите. И минатата и оваа утакмица, стандард - катастрофално ги почињаме, минатата 4-0, оваа 3-0. Но како и минатата така и оваа се вративме, но уште подобро и посупериорно. Позади Инзаги Де бус и Саета кинеа. Сајбер напред увек знае да си се најде на вистинско место, па и по некоја добра асистенција имаше. Вори стандардно добар, цврст и борбен и он без душа на крај остана. Јес да на крај не ми сметаше и на секој напад да си се мењаме, али ај шо е многу многу еГоуст нејќам да го коментирам, едноставно, најдобар е.
Паднав на кондиција 2-3 пати по неколку спринта, по Дјуд трчав како куче и мислам дека корисно беше тоа. Дјуд секоја чест и тебе. Ви фалеше Кифла, но и новото голманче фати колку можеше.
Честито победа нека ни е, со среќа даље.
Едит: Вори цело време на десно бегаше и корисно се покажа тоа, штета што некој не му влезе у тој момент со клизач, ке го усреќеа. (Тој што треба ке разбере)![]()
Јас сакам од сите денес што игравме да го издвојам Кајзер.
Дечкото е за почит, со какви маки и болки дојде да игра и не се штедеше воопшто додека можеше. Ти си друже за пример и во човечност и во пожртвуваност и како другар.
Кејф ми е што почињам да те упознавам.
Нема многу луѓе што ке направат се само нешто да функционира и да опстане како дружењево низ утакмициве.
Лека ноќ.
Пошто ми беше (најверојатно) последна утакмица во црвен дрес во вакви услови ќе си дозволам една мала субјективна анализа од моја страна.
Прво на сите што ме спомнавте едно големо ФАЛА. Следната недела би било супер да се најдеме на пивце сите што сакаме да продужиме дружба и надвор од терен
Победата на плавите чиста како солза, зааслужено победија, честитки за победата момци.
За играта на црвените.
Ние изгубивме ради замените. Знам дека звучи чудно но затоа што најголем дел од играта го скиснав на клупа (не дека сакав ама немав воља да викам дека треба замена) можев добро да посматрам што се случува. До првата замена имавме 2:0, само што излегов како прва замена стана 3:0 и одма после тоа почна серијата на плавите која веќе не сопре.
Тука не сакам да кажам дека ради мене почнала нивната серија, затоа што сите излегоа како замена ама само што ќе се уиграше тимот еден играч одеше надвор и се почнуваше од почеток. Да знаев дека вака ќе биде ич немаше да доаѓам, сигурен сум со само 6 играчи без замена ќе поминевме подобро.
Еден гол примивме со 4 играчи. Требаше да влезам во игра, се завртев да ја соблечам јакната, играчот веќе надвор и ние примаме гол. Логично кога си со 4 дека или држиш топка кај себе на сигурно или ја рогаш накај нивен гол да добиеш во време. 3 секунди фалеа. Само што стапнав на терен падна голчето и сигурен сум освен мене и играчот што излезе никој друг не примети дека играме со 4 а такви работи мора да се приметуваат
.
Второ. Одбраната често пати оставаше плав играч кој не беше чуван од никој, значи некој не фатил играч за чување а пресингот во одбрана е многу битен. Секој требаше да има маркирано играч и чим овој премине центар одма фластер на него. Зашто тоа не функционираше не знам. Можда не е лошо за иднина да се прашува голманот после утакмица да даде негова анализа кој каде кикснал за да се поправат слабите точки во следната утакмица. Он најдобро знае како се примени головите.
Трето. Точно дека сум повреден ама не до толку да не можев топка да дадам и не знам колку топки исчистив пред гол ама освен тоа никој не ми подаваше. Милион пати бев сам или по десна страна или на центар, жив чоек околу мене нема и наместо да ми се подаде па да направам пас (само два погрешни паса имав во тоа малку време што играв) секогаш или се дриблаше или се шутираше во најгусто. Зашто никој не ми подаваше (со чесни исклучоци) неам поим.
Вчера видов дека за 20 мин игра не ми се исплатат бензинот и парите, неам ќеиф вака да седам на клупа. Ако ви фали играч понатаму викајте ме ќе дојдам кога сме 6 во екипа, јас ќе си останам црвен и понатаму и кога можам ќе идам да ве гледам а со некои од вас продужуваме игра и дружба на други терени.
Стегам палци следната да возвратите со победа.
Пс.Утакмиците со Сајбер и Мац ми беа голем ќеиф, кога и да ви фали играч (следниве месеци најверојатно сеуште со 60% мобилност пошто морам да се штедам додека не помине) викајте.