Фудбал - генерална дискусија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
29.101
Поени од реакции
62.306
Мислам дека фали една општа тема на која ќе можеме да споделиме свои гледишта за фудбалот, кои е малку тешко да се сместат во насочени теми како Премиер лига или некој фан клуб.

soccer-ball-goal.jpg

Еве што може и не може на темава:

Може да се споделуваат и дискутираат:
✅ Мислења генерално за фудбалот како игра.
✅ Мислења за фудбалери и екипи, сегашни и од минатото
✅ Заборавени асови
✅ Видеа од натпревари, видео компилации од играчи
✅ Споредба на играчи
✅ Споредба на формации
✅ Фудбалски тренери и оние кои мислат дека се тоа
✅ Стадиони, нови и стари
✅ Женски фудбал (@Scirea имаш задача еднаш неделно)

Ако нешто пропуштив, пишете во коментари, ќе додадеме.

Што не може:
❌ Мерења чив клуб е поголем - имаме фан клубови за тоа, и теми за првенства.
❌ Хајлајтси и дискусии за штотуку завршени натпревари - имаме фан клубови за тоа, и теми за првенства.
❌ Навивачки групи - има цел подфорум за тоа.
❌ Се друго што не може на други подфоруми, не може ни овде.

Да помрчам малку, да не биде воведов голи инструкции:

Во последно време ми се одмилува фудбалот. Се трудам некако да најдам мотивација да гледам. Во суштина ми здосади build-up играта што ја играат скоро сите. Секое село почна да ја практикува. Неодамна гледав некои кратки видеа од тренинг на U10 екипи. Ги учат децата да играат исто, една и иста игра. Најважна е прецизноста на пасот. Креативност не е потребна, често се сече и во корен, се е подредено на прецизни пасови и шеми како да се стигне брзо до последна третина. Минимум 10 минути од 90 треба да ги гледам голманите како си подаваат со бековите. Идејата беше да се возбудам кога е топката пред противничкиот гол и да се потресувам кога противникот го напаѓа нашиот гол, а не да се тресам дали ќе му рипне на голманот преку нога или ќе му ја пресече најблискиот противнички играч.

Како резултат на сето ова, секој натпревар ми изгледа како предходниот и некако ми станува напорно да го гледам сето тоа. Дали сум единствен што го чувствува ова или не има повеќе?
 
Последно уредено:
Малце ко презаситени да сме со фудбал... Ама и ја имаме утнато поентата на фудбалот ко ќе видиш, наместо да си го следиме само својот клуб кога игра (без разлика дали во живо или на тв) ние скоро секој ден гледаме фудбал на тв.
 
Mislam deka sledi slicen problem kako NBA. Kako sto e krenato nivoto, tekot na igrata e tezok za pratenje za obicnite fanovi. Pomalce individualni kreativni potezi, povekje sistemski akcii i egzekucija, ili analizi i statistiki.
 
Малце ко презаситени да сме со фудбал... Ама и ја имаме утнато поентата на фудбалот ко ќе видиш, наместо да си го следиме само својот клуб кога игра (без разлика дали во живо или на тв) ние скоро секој ден гледаме фудбал на тв.
Нема ништо кај нас, се е тешко разочарување. Јас одев на стадион од 7 до 30 години. Кога бев мал замислував како се ќе се подобри, како ќе се доизградат трибините, ќе има повеќе народ, ќе биде помодерно, поубаво. Најубавите години беа баш тогаш, кога стадионите се уште се полнеа и имаше и по 10,000 публика на локални дерби натпревари. Кој можеше да претпостави дека стадионите ќе се дозапустат, луѓето ќе ги полнат кладилниците наместо трибините, па ќе се отселат, дека ќе не има помалку а не повеќе, дека парите кои секогаш беа малку ќе ги снема воопшто. Денес мојот локален клуб е во некоја трета или четврта лига, губи од селски екипи, сведен е на чист аматеризам, на трибини одат само роднини и пријатели од играчите, карти не се наплаќаат. Срце не боли тие што знаеме што беше и како беше некогаш.

И некое ниво погоре ако одиме, Вардар како некогашен национален тим и симбол на македонскиот фудбал во регионот, ги допре сите дна, беспарици, испаѓање од лига, само 300-400 или колку се таму помлади навивачи го следат, и секоја чест за нив.

Но ништо кај нас не излезе како што треба, никој не успеа да создаде и одржи ниту полу-професионален клуб кој би личел на нешто и со кој би се идентификувале помладите генерации. Ние сме премала и преслаба држава за тоа, целиот спорт ни е распаднат. Не велам дека нема вина во нас како навивачи, но едноставно реалноста е таа.
 
Добар муабет, се сложувам потполно. Меѓутоа под својот клуб мислам и на клубови од Англија, Италија, Шпанија, Германија итн., еве на пример навиваш за Баерн Минхен, го гледаш вечер во ЛШ и дури следна кога играат - првенство, куп, меѓутоа ние ќе си пуштиме фудбал и утре, па и четврток ако има, а за викенд знаеме и други клубови да гледаме, демек ако има интересни утакмици, после сме биле презаситени, епа нормално дека ќе бидеме презаситени, скоро секој ден фудбал гледаме.
 
Како резултат на сето ова, секој натпревар ми изгледа како предходниот и некако ми станува напорно да го гледам сето тоа. Дали сум единствен што го чувствува ова или не има повеќе?
Тука може да се надоврзиме со друго прашање, кога последен пат сме изгледале целосно натпревар, а да не е тоа омилениот клуб(некогаш и него не го следам со целосно внимание)?

Времето од кога ние сме почнале да гледаме фудбал (претежно сите сме од 30-40 години :)) и сега моменталното е изменето, можеби не толку фудбалската игра туку начинот на кој се следи, од страна на тв права, новинарство и тн.
Имаме фудбал секојдневно на телевизија, заситени сме или остарени..

Пред неколку години фудбал следевме ако има само на нашите телевизии, одбрани преноси, сега имаш во секој момент да одбереш кој натпревар сакаш да го следиш.
Од толку што сме преоптеретени од информации, морам да гуглам кој беше последен европски првак во фудбал, не ми текнува од прва, за разлика од минатото што одма може да се сетиме и на Франција 98, па и Англија 94 европското, барем кај мене е така.

А квалитетот на фудбалот сега и претходно не може да се споредува, доволно е да се погледнат фудбалерите, а и парите што се вложуваат.
 
Знаеш колку е пропаднат нашиов фудбал, кога вториот најголем град во Македонија нема фудбалски тим во прва лига, а градскиот стадион е распаднат и со децении никој не го реновира...
 
Тука може да се надоврзиме со друго прашање, кога последен пат сме изгледале целосно натпревар, а да не е тоа омилениот клуб(некогаш и него не го следам со целосно внимание)?

Времето од кога ние сме почнале да гледаме фудбал (претежно сите сме од 30-40 години :)) и сега моменталното е изменето, можеби не толку фудбалската игра туку начинот на кој се следи, од страна на тв права, новинарство и тн.
Имаме фудбал секојдневно на телевизија, заситени сме или остарени..

Пред неколку години фудбал следевме ако има само на нашите телевизии, одбрани преноси, сега имаш во секој момент да одбереш кој натпревар сакаш да го следиш.
Од толку што сме преоптеретени од информации, морам да гуглам кој беше последен европски првак во фудбал, не ми текнува од прва, за разлика од минатото што одма може да се сетиме и на Франција 98, па и Англија 94 европското, барем кај мене е така.

А квалитетот на фудбалот сега и претходно не може да се споредува, доволно е да се погледнат фудбалерите, а и парите што се вложуваат.
Разликата е што порано фудбалерите беа технички лица, тоа што го може еден Пирло, Ѕидан, Баџо, Тоти не го може ни еден друг фудбалер а камоли просечен човек.

Али форсот за пресинг 90 минути го смени калапот на модерниот фудбалер, сега ако не си атлета нема да припариш до терен.

Играчи како Инзаги што ај што не беше атлета туку и у техника беше слаб, али имаше осет за гол......таков играч нема да видиме, не дека нема такви деца туку дека поред тоа мора и да ораат на терен.

Има сигурно деца со талент на Роналдињо ама не ги гледаме на сметка на спринтери и останати физикуси....

Затоа више ретко се гледаат утакмици што не се твојот тим, просечен човек сака да види магија а не пресинг и контра пресинг стапици и тригери.
 
Добар муабет, се сложувам потполно. Меѓутоа под својот клуб мислам и на клубови од Англија, Италија, Шпанија, Германија итн., еве на пример навиваш за Баерн Минхен, го гледаш вечер во ЛШ и дури следна кога играат - првенство, куп, меѓутоа ние ќе си пуштиме фудбал и утре, па и четврток ако има, а за викенд знаеме и други клубови да гледаме, демек ако има интересни утакмици, после сме биле презаситени, епа нормално дека ќе бидеме презаситени, скоро секој ден фудбал гледаме.
Не е тоа, Види Фотос :D
Тука може да се надоврзиме со друго прашање, кога последен пат сме изгледале целосно натпревар, а да не е тоа омилениот клуб(некогаш и него не го следам со целосно внимание)?
Повеќе е ова ^^

А квалитетот на фудбалот сега и претходно не може да се споредува, доволно е да се погледнат фудбалерите, а и парите што се вложуваат.
Не сум сигурен, што мислиш, поквалитетен е фудбалот сега од порано? И како го мериме тоа?

Инаку да, сега се бараат атлетски способности и да знаеш да подадеш топка прецизно. Се друго е непотребно.

Некогаш беше вака:

Dejan Savićević je devedesetih godina vodio novinara jedne domaće televizije u obilazak “Milanela”.
Kada su prolazili blizu teretane, usledila je sada već kultna Dejina rečenica:

A viđi, ođe ti je teretana. To ti meni ne treba.” - rekao je “Genije” tada novinaru. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Не сум сигурен, што мислиш, поквалитетен е фудбалот сега од порано? И како го мериме тоа?
Ова не треба ни да е поставено како прашање, смешно е да се спореди денешниот фудбал со оној пред 20 години. Едноставно толку е се отидено напред што у денешно време се знае и колку пати вдиши-издиши направил играчот во текот на еден меч.

Не викам дека не чинел фудбалот порано, да не се разбереме погрешно, секоја ера си има свој шмек и свои квалитети.
 
Ко што кажа Стефан, секоја генерација си носи свое. Да го прашам татко ми, ќе рече дека во негово време се играл поубав фудбал за разлика од денешното, е сеа тој може да зборе за генерации наназад, а ние може од стариот Роналдо наваму(барем јас), што мислам дека и тој го промени фудбалот од аспект на напаѓачи, сам да се избори да постигне гол, што не било случај со 90% од старите напаѓачи што чекале да им некој намести шанса и тие да реализираат, пример би го зел Панчев(сличен играч и Инзаги), чекач играч, му се погоди генерација добра, па зема златна топка, во денешно време би бил просек, за тоа после Звезда потоп му се случи во кариерата..

Башка е целата оваа технологија, што во некој случај е добра, во некој не. Премногу се опседнати со статистика за банални работи. Гледајќи го на телевизија изгледа ко да играш на плејстејшн.

Пак ќе спомнам денешните деца не знам дали седнале и изгледале цел меч, да не зборам па да водат статистики за натпреварите во А4 формат чекајќи да излезе понеделнички македонски спорт :)

Новите генерации ќе зборуваат за фудбалот во Саудиска Арабија, што од наше гледиште беше незамисливо, ние бевме ограничени до италијанско првенство, ни беше врв.

И не може да го мериме и да се убедуваме, секој има различни гледишта, може само да дискутираме.
 
Ова не треба ни да е поставено како прашање, смешно е да се спореди денешниот фудбал со оној пред 20 години. Едноставно толку е се отидено напред што у денешно време се знае и колку пати вдиши-издиши направил играчот во текот на еден меч.

Не викам дека не чинел фудбалот порано, да не се разбереме погрешно, секоја ера си има свој шмек и свои квалитети.
Во однос на техника не е подобар фудбалот, далеку е полош. Рикелме или Жунињо, Верон.....у однос на техника кој е денес таков калап? А овие не беа ни најдобри на свои позиции.

Али не играа пресинг, тоа е разликата.

Е сеа у поглед на тактика и физичка спремност светлосни години е понапред фудбалот, али за просечен човек што сака да гледа фудбал а не тактичко надмудрување оваа ера на фудбалот е најлоша.
 
И што кажа сега? Мбапе? Нејмар?
Или пошо си спомнал везњаци, Де Брујне? Барела? Не ти го сфаќам муабетов, како тоа порано технички бил подобар фудбалов?? Тоа што чат пат успевал по некој уличар да игра не докажува дека бил подобар фудбалот, него спортивното.
 
Барела :pos:

Нејмар, Де Брујне ок али Мбапе у листата да го ставиш....

И уште еднаш Барела го пиша со цел памет :pos:
 
Ова не треба ни да е поставено како прашање, смешно е да се спореди денешниот фудбал со оној пред 20 години. Едноставно толку е се отидено напред што у денешно време се знае и колку пати вдиши-издиши направил играчот во текот на еден меч.
Не е смешно, може секакви споредби да се прават, зависи која мерна единица ја користиш. Ако е атлетицизам, да, отиден е напред, се трча повеќе. Дали е тоа мерило за тоа колку добар фудбал гледаме? Ако да, во ред. Ако е поентата дека денешните екипи би ги надтрчале екипите од минатото, веројатно да, не го спорам тоа.

Но дали тебе како гледач тоа ти причинува најголемо задоволство кога гледаш фудбал, или е нешто друго?

@Види Фотос нема да влегувам во дискусии конкретно за играчот за кој пиша за да не отиде дискусијата во друг правец, но и други типови на играчи се непотребни денес. Не е потребен бек како Гери Невил, не е потребна позиција либеро веќе многу одамна, не е потребен голман кој не знае да игра со нога, а нема потреба ни од легендарната десетка, иако се уште минимум еден креативец секако треба. Кој го нема може да надомести со трчање.

Тоа не ги прави овие играчи од минатото лоши, тие беа добри за тоа што се барало од нив тогаш. Деветка која се враќа на гол црта да одбрани гол со глава како Лаутаро на последниот натпревар, ќе го мислеа дека е луд пред 30 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom