Friends

Lisa Kudrow with her son:) Phoebo веројатно.:LOL:

10460285_307325152762130_3741064340310741194_n.jpg
 
Отепав 10 сезони. Конено ја изгледав. Не конечно оти едвај чекав да ја изгледам, таман работа, туку на старост ја изгледав. Али во тоа има многу јака работа. Ми беа нови, за разлика од @Io Sono Interista на кого му заврши френдс 10 години пред мене. hhihi.

Прво, да си се оправдам самиот со тоа што ќе кажам дека не сум ситком гуру, со тоа што колку толку почвам да фаќам некои работи, за да изградам некој вкус во врска со овие рабоќе. Во смисла, порано може и rita rocks ке ми беше ОК серија, пошо не гледав воопшто (освен спин сити на а1). И воопшто не гледав филмој, па осетот не ми е дотолку истанчен. Али, да речиме, не ни треба кизнај колку да имаш осет. Освен ако не си ибрик ко @Red John. Ибрик и пол е дотичниот.

важи за култна серија, ко што е Ван Гог во шљакање, или ко шо се Парпл во рокање, и тоа си носи одредени последици по оформување на објективно мислење за серијава. Факт е дека има концепт, е изградена, и има мрежа на приказни и случувања, што ја прави ретка (ваљда не е единствена). Сето тоа е убаво склопено и аранжирано, и комично. Сите ликови се доволно добро изградени, и нивниот ристап во комедичното шоу е аналоген на нивниот лик. бла бла бла.

Прво, многу ретки се аномалиите во приказните. Има неколку, и тоа беа дебели, али се ретки. Не ми текнува на некоја голема дупка во сценариото, али утре кога ке сум свеж и трезен ке испричам. Второ се осеќа голема (р)еволуција во целата нивна приказна.
Ме нервира што ликовите одвреме на време забегуваат од реалноста, т.е. ептен се фиктивни ликови, иако се вел инаф изградени. Али, ок, шо вика Ио, не ни треба да бараш риал лајф ликови во ситком, тоа не е реално. :D

Komedijata vo главно се сведува на сарказмот на Чендлер, наивноста на Рос и глупоќата на Џои. Останатото е исфорсирано. Другите три, чавките Фиби Моника и Рејчел го даваат турбофолкерскот шмек во серијава. (бар на Рејчел онанираа гледачите, шо не е мала работа за да набиеш популарност, да се разбериме). Е сега, во добра склопена комедија, имаш добар хумор од една страна, и турбофолк од друга страна. Добар хумор и гилти плежр споено во едно е топ комбинација. Можеш да уживаш и во нискокалоричен хумор без да те заебаваат другарчиња од маало за твојот ситком вкус. Тоа го имаш во Фиби и Моника.

Фиби и Моника се најиритантни и најглупи ликови ever. Порано мислев ПХОЕБЕ, али дефинитивно Моника. Нема ништо смешно во ликот нејзин. НИШТО. Ништо. Освен лејм обидите да се реферира на нејзината дебелина и спојката со наивноста и геј обидите од детството на Рос. Рејчел е јако парче па не коментирам.

Чендлер, Рос и Џои заедно не се темелот на шоуто, туку тие СЕ комедијата во шоуто. Нема да ги коментирам што како и зошто, пошо почна да ме боцка левава рака и тука ке прекинам.

Само уште да кажам дека ова е еден од најдобрите ситкоми шо сум ги гледал, али тоа е заслуга на тројцата машки ликови во серијата, кои индивидуално и заедно ме натераа да се смејам ко отиден во ниедно време. И така :D
 
Викаат дека разликата помеѓу американскиот и британскиот хумор е што во првиот, главниот лик обично е лузер кој чудесно се претвора во јунак, додека во британскиот главниот лик е јунак што се претвора во лузер, трпи и страда цело време. Рос, Чендлер и Џои се страдалници, секогаш се во некое срање (кожни пантолони, Џенис, Мек анд Чииз) и секогаш мораме да ги гледаме како константно од просто прават комплицирано. Ова и дава некој бритиш шмек на серијата и ја разликува од повеќето.

Другото што ја разликува од попари како HIMYM и слични е креативноста, т.е. богатството на приказни. За разлика од останатите во кои главно има по една приказна во епизода, во Френдс има 3-4 паралелни приказни за следење во секоја епизода.

@Malcolm van den Сабаховић, спремен си за следниот предизвик. @Iceboy, да го примиме во клубот?
 
порано мислев дека Фиби сосила и неприродно е толку чудна, да речам, но читајќи неколку членови на форумов за почеток се повеќе сум уверена дека е сосема нормален лик во серија
 
Малколм значи со Фиби ја претера. Ај ој си таму у музика продавај им приказни. Новајлија си у темава и дај среди се малку. И тека.

Givmi а брејк. Го сменив мислењето. Порано мислев дека ПХОЕБЕ е најиритантниот лик во историјата на ситкомите. Сум згрешил. Прва е Моника, па сто празни места, па Карла од Чирс, па ПХОЕБЕ. Треќа.

Искомплексиран либерал со некомпатибилни сфаќања. Го менува името во Консуела, али се венчава по законот на стејт оф Њу Јорк. И не се дрогира. И бла бла. Мислам, лесен хумор е да изиграваш дете на 40 години. Што е креативно во хуморот кај ПХОЕБЕ?
Сакајте си ги френдс, али не мора по дифолт и Џенис да ја фалите дека ви е неизоставен дел од најубавата серија.

П.С. @Io Sono Interista, сум отворен (3 сантиметри) за нов предизвик.

Тебе ќе ти кажам, ти разбираш појќе. ЗНајш шо ме нервираше во серијава? Општиот турбофолк. Најчести споменувани зборови беа брејк ап, броук ап, хевинг секс. МИслам, камон. Секоја од трите чавки се имаше клецнато со 40+ различни мажи. То во ниедна серија го нема. Чак ни во Сексот и градот.
 
You don't like Janice??? (Пази прашалнициве :) )
Oh my God !!!

Види, јес да тие се највртени зборови и теми, ама рачунај дека пред нив никој не ги вртел така отворено, тие ја почнаа први. Исто кога ќе го гледаш Primal Fear и ќе речеш: предвидлив ми е, сум гледал 100 вакви. Јест, тачно, ама колку си гледал што биле снимени пред него?

Туку добро, ти ги разбирам забелешките, знам дека има мал милион можности за шутирање пенали, ама нема потреба. Со самото тоа што сум не сум можел да заспијам од смеење (буквално) по сцената со гајдата на Рос, се е кажано. Целта е постигната. Нијансите се небитни.

Иначе ја и Ајси имаме една серија што ја чуваме само за специјални личности (Ја, Ајси и Мурињо). Ќе ти пишам на профил.[DOUBLEPOST=1407756799][/DOUBLEPOST]Ајси, немој јавно бе!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom