Епилог
Еве сега пред 5 минути само што влегов дома..... и да кажам дека журот заврши у 4 саат.
Инаку да кажам дека перфектна беше вечертаа. Супер друштво, со многу луѓе се видов. Значи ако нема вакви дешавки коа ќе се видам со тие луѓе....
Прво ние (Гижо, Јоцо и јас) отидовме на плоштад да се најдеме со кајганџиската багра па киднавме малце до парк да се видиме со некои луѓе, и останавме едно пола саат на Школка на DnB, на Гижо и Јоцо не им се свиѓаше музиката, но океј атмосфера имаше и таму, се опуштив ја, но решивме да идеме на плоштад на транс.
Стигнавме на плоштад атмосферата беше заегранааааааа, Навигатор пушташе музиче, ми ги погоди сите траки, си мислев ми го украл хард дискот. Се видовме со Теди па заминавме во гужвата се најдовме со цела кајгана багра и продуживме у клаберскиот ритам со точкест, Ред Хот, Крејзи ин Лав, Acid, Скулгрл, Алек, Бушав, Чајна, Антонела, Сусаро, VORTEX и Tonchie.
Едно време се појави Земзела и донесе некакво шише од Браво сок, но во шишето немаше Браво сок, туку РАКИЈААААААААА! Заеби табли, спидови, екстази, ред були со водка и слично, ракија е нов клаберски пијалак, чиста домача 52 степенска ракија, секоја голтка те дига.
Мац (Navigator) заврши со неговиот сет и еве го гркот на сцена Angelo. Дечкото одлично си испушта музиче, изненадно. Миксот на No Good од Prodigy беше перфектен, тоа беше ломење на вечерта. Поголемиот дел од баграта си отиде едно време сите на кај дома, останавме само ја и Тончи, кој после ремиксот на Tainted Love од Dino Psaras кидна да го фати последниот воз за Миладиновци.

И јас останав сам со ракијата до крај, но после и ракијата ја снема.
Дани (Bushava Azbuka) и Angelo правеа b2b, значи заедно пуштаа до крај, и ги откршија летните псај-транс хитови до 4 саат. Беше перфектно журче.
Девојкиве ме изненадија, Крејзи ин Лав, Антонела, Скул и Ред Хот, мислев дека цело време ќе стојат и ќе фаќаат женски сеир наоколу, но тие беа цело време опуштени и денсаа на музиката, а додека останативе „статисти“ стоеа од страна и посматраа што се дешава, Бушав не го сметам за статист пошо он у себе си игра.
Ииии кај кидна Ива Псајкакоидабеше........?
П.С. Се на се одличен бесплатен жур, нормално се останува до крај за да се искористи, пошо е гага. Синдикалско правило.
