Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Уф, фала на исцрпниот одговор. Во глобала тоа ми беше и муабетот, дека највеќе би се сликало во затворени простории (ретко надвор). Комбинацијата што ти ја препорачуваш, дали има шанси да се земе за до максимум 1000$?
зависи од каде ја земаш, дали преку фирма со фактура или на приватно... ќе ти пишам на порака детали
 
Ако ме прашуваш мене, јас би ти предложил следна комбинација: Nikon D3200 со објектив 18-55mm VR со блиц Sigma Electronic Flash EF-610 DG ST. Според сајтот на Pix+ ќе ти испадне 39 илјадарки во денари.

Nikon 3200 е нов модел од entry level, но сепак има мошне добар сензор со резолуција од дури 24 мегапиксели, пука 4 фрејма во секунда ако фоткаш сечење ленти и лопати ова е сосема доволно.
Објективот е исто ентри левел, но е доволно широк за фаќање на „цела сала“ кадри, и пристојно зумира (понекогаш ќе треба и ти да се доближиш) за крупни кадри од битните сурати.
Блицот се синхронизира со апаратот, така да можеш комотно да го оставиш на ауто се додека не научиш или имаш потреба од мануелно прилагодување на светлината која што ја испушта.

Остај го Лет3 со неговите концертни фотки. 3 години фоткав дешафки во една скопска општина, така да ова е топла препорака од моја страна. Евентуално после ако се дограбиш до средства мошеш да набавиш поквалитетен објектив и SB 700/910 (или нивните претходници) блиц :)
 
Нема понезгодна работа од колку на конференција да му маваш блицеви на учесниците, да е концерт на техно или рок музика па и нема да се примети, али некој ако држи предавање а ти од време на време окинуваш блицеви кон него или кон слушателите може да биде непријатно (има во битола еден љубитељ на блицови, и то максимални снаги, беше интересна реакцијата и на публиката и на изведувачите кога на концерт на клсаична музика се распука и на сцена и на публика, па после му забранија да ги фотографира настаните од Битолска културно лето) . Зато и предложив апарат кој може на високо ИСО да прави добри фотографии без користење на блиц, башка фуџито е мирорлес така да го нема ни звукот на чкрапање на механизмот со огледало внатре а и објективот кој е 18-55 почнува од 2,8 и цела сала ќе ја фати со поголем отвор од било кој друг кит објектив и поотивко и на повисоко ИСО без да користи блиц.
Инаку број на мегапиксели нема никаква врска со квалитет на фотографијата така да дали е 24 или 16 или 12 не менува многу (дури и билбоарди да печати дали е фотката со 16 или 24 мегапиксели - не е битно)

http://www.dpreview.com/reviews/nikon-d5300/15

овде можеш и да направиш споредба како би изгледала фотографија на ИСО 6400 исо никон 3200 или 5300 и со други апарати

ПС
Интересно е да споредиш квалитет на фуџи (на горепоставениот линк) и со Канон 6Д и Никон 4
 
Последно уредено:

И јас се изненадив од резултатите, навистина одличен квалитет. Во иднина би се префрлил на фуџи.
 
Ова го имам кажувано но пак ќе повторам, фуџи е стара компанија за фото хардвер и филмови. Има големо искуство и што ми е битно има многу добар развоен тим кој исфрла нови работи на пазарот. Кај нас не е раширен и познат, но првиот ДСЛР беше Никон-Фуџи, серијата С на фуџи пред дестина години имаше 2 сензори во апарат и ни еден друг не можеше како него да долови тоналитет на бои на човечки тен или сит енијанси на белата венчаница па го користеа доста за фотографирање на луѓе портрети и свадби, денес сензорот на фуџи е понаку матрички распореден со што добија предност над останатите сензори, фуџи тела и објективи се користат од други компании (Хазелблад).... ај да не изигравам потпарол на фуџи, за недела дена ќе стигни мојот, одвај чекам па ќе кажам искуства
 
Коа ќе ти стигне има два дена да не спиеш од возбуда. Инаку мој колега од работа има фуџи X-100s и можам да ти кажам дека камерата му е фенси-шменси, ама не е лесен за употреба.
 
Не знам многу за стотката, немам читано за неа али Е1 (исто како и Про и Е2...) ги фалат како многу интуивни и едноставни апарати, најбитните опции се поставени на камерата не низ менијата, апературето го менуваш како н астарите аналогни - со вртење на прстенот на објектив, шутерот со горното тркалце.... има многу помалце потреба да се влегува и пребарува и одбира по менија или со комбинации на притиснати дугмиња....
 
Додуша секој со своите навики и преференци. Мене 100ката на колегата не ми е нешто а-у којзнае што. Изгледа премногу долго сум со СЛР камери :)))
 
Дечки мал update на моево барање.

Разгледувајќи ги цените тука, заклучив дека овие продавачите овде не се нормални. Фуџито на @Let 3 e 1400$ :tapp:

Е сега мора да барам нешто друго. Разгледав цени и на други по-“стандардни“ модели и цените се следни

Canon 600d - 940$

Nikon 3200 - 960$

Имаше и некои други како на пример Canon 1100d што спаѓаат во цената до 1000$ ама врска немам што е како е.

Е сега постои мала шанса да некој ми донесе од страна Canon 700d или Nikon 5200. Фуџито е пак над 1000$, така да нема шанси.
Кој модел од овие би го препорачале вие?
 
Ти понудиле или Фуџи ПРО или Е2
не знам во која земја си претпоставувам америка си али еве ти цени на фуџи Е1 и со објективи и без

http://www.bhphotovideo.com/c/search?Ntt=fujifilm x-e1&N=0&InitialSearch=yes&sts=ta

http://www.adorama.com/catalog.tpl?op=itemlist&cat1=Cameras&cat2=Mirrorless Cameras&Feature1=Fujifilm&Feature2=Fuji X-E1&term=fuji x-e1

ПС
Еве тебе што ти нудат - Е2

http://www.bhphotovideo.com/c/search?Ntt=fujifilm+x-e2&N=0&InitialSearch=yes&sts=ma&Top+Nav-Search=
 
Последно уредено:
Ти понудиле или Фуџи ПРО или Е2
не знам во која земја си претпоставувам америка си али еве ти цени на фуџи Е1 и со објективи и без

http://www.bhphotovideo.com/c/search?Ntt=fujifilm x-e1&N=0&InitialSearch=yes&sts=ta

Јас можи да потврдам дека bhphoto е супер продавница, јас од таму ја зедов скоро цела опрема :)
 
Е сега мора да барам нешто друго. Разгледав цени и на други по-“стандардни“ модели и цените се следни

Canon 600d - 940$

Nikon 3200 - 960$

Е сега постои мала шанса да некој ми донесе од страна Canon 700d или Nikon 5200. Фуџито е пак над 1000$, така да нема шанси.
Кој модел од овие би го препорачале вие?

претпоставувам со стандардни објективи се, ако ти е веќе за затворен простор земи си никон иако не знам на пример кога ќе сликаш со 55мм најголем отвор ќе ти биде (ако се сеќавцам) 5,6 а тоа е премногу... не знам ни за какви потреби ти се фотографиите ако се само за на интернет да се стават мали сликички како инфо за некоја конференција - може некако и да помине, ако ти се за нешто друго... зависи...
 
Дечки мал update на моево барање.

Разгледувајќи ги цените тука, заклучив дека овие продавачите овде не се нормални. Фуџито на @Let 3 e 1400$ :tapp:

Е сега мора да барам нешто друго. Разгледав цени и на други по-“стандардни“ модели и цените се следни

Canon 600d - 940$

Nikon 3200 - 960$

Имаше и некои други како на пример Canon 1100d што спаѓаат во цената до 1000$ ама врска немам што е како е.

Е сега постои мала шанса да некој ми донесе од страна Canon 700d или Nikon 5200. Фуџито е пак над 1000$, така да нема шанси.
Кој модел од овие би го препорачале вие?
Кај ги најде цениве? Во Pix+ цените ти се следни:
Nikon D3200 (18-55) - 29.999 ден ~ 680$
Nikon D3200 (18-105) - 36.999 ден ~ 840$
Canon 600D (18-55) + 8GB картичка и торба - 30.499 ~ 690$
Canon 1100D (18-55) - 20.299 ден ~ 460$
Со доплата од 1600 денари добиваш мошне фино Канон ранче 300EG.
 
Дечкото е во странство (изгледа во Америка) и ќе плаќа со некаков чек на компанија
 
Ако е Америка, ТоБ, B&H се мошне фина продавница, посебно ако некаде у близина на Њу Јорк имаат диливери за 2 дена :) Ако е Велика Британија... хух...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom