Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

тие се исти цени како и МК и Грција, ме чуди што Никонот е толку поефтин....
Инаку по она што прочитав по нтернет види во ој ранг се Панасоники Олимпус апаратите ми се чини дека се подобри од Никон...
 
Лет, за тебе имам конкретно прашање.
На памет сум prime да си купам....читам многу позитивни критики, ама дилемата ми е 35 или 50мм.

http://www.dpreview.com/products/co...oducts=nikon_50_1p4_g&products=nikon_50_1p8_g

Планирам од Германија да купувам, околу 170 евра се, не е нешто многу поефтино, ама посигурно ми е некако. Сега имам класичен kit-lens 18-55mm - дали вреди инвестицијата во прајм? Архитектура и природа ми е во прв план, као планинар...па и портрети ми се нешто интересни во последно време...

Во овој опсег со цени, ама друга намена се овие зум објективи -
TAMRON AF 18-200mm F/3,5-6,3 XR Di II LD и SIGMA 18-200mm F3,5-6,3 II DC OS HSM

Никон во овој ранг има прилично повисоки цени (сигурно е и поквалитетен), ама не би идел со толку пари...
За намената каде да се фокусирам?
 
За архиитектура и природа не би зел фиксни 35 и 50 за такви потреби би зел зум, најубо е сам да пробаш како тоа би изгледало, намести го китот кој го имаш на 35 или 50 и пробај само така да сликаш и природа и архитектура. Мислам дека ќе ти фали можноста да зумираш или добиеш широк агол. За архитектура не знам дали сакаш да фотографираш реални сцени и детали или не ти смета изобличувања, ако не ти сметаат изобличувања (каде зидови се неприродно искривени - дисторзирани) побарај некој широкоаголен, 10, 14, 18.. ммм ако не тогаш избегавај ги екстремно широките (можеш и на китот да приметиш дека кога сликаш на 18 зидовите се благо искривени а кај некои апарати и екстремно многу. Јас избегавам да земем екстремни распони на објектив (18-200) речиси ни еден таков во некоја прифатлива класа - не е без мани затоа што е многу тешко и некогаш и невозможно да се создаде објектив кој во цел распон ќе биде и остар и да нема вигнетинг или дисторзија... обично дваат најдобри резултати на одреден распон а останатото е лошо.
За портрети - најдобро е фиксен објектив, нема некое строго правило, некој преферира 50 ска некој 80 некој дури и 100мм (зборувам за 35мм формат или фул фрејм во дигитална) али фиксните се тука нешто како закон.
Према мене најуниверзален објектив за тебе (и за архитектура и за портрет и природа би бил некој си 24-70мм. значи да имаш и ширина за да фатиш објект или група луѓе и да имаш зум да можеш на планина да сликаш нешто што е далеку (не многу далеку). По правило ти би требало да имаш еден широкоаголен за природа и пејсажи една фиксна за портрети и еден зум за архитектура и природа, али пошто то многу кошта и е непрактично да се влечкаат и менуваат објективи - јас би одел на зум во горенапоменат распон.
Секако дека ова е мое лично мислење а не некое правило или закон, некој нема да се сложи со мене а и јас не сликам баш природа а ни архитектура баш многу така да можеби некој со повеќе искуство во таа област би дал и свое поинакво мислење.
 
Не бе, одлично.

Го знам овој 24-70мм, сепак цената е цирка 1500 евра, далеку од се' ова за што збориме.
А што мислиш на пример за 55-200, 70-300 во однос на vigneting, острина, изобличеност?
f-stop од 4,0-5,6...веројатно и на послабо светло се послаби (претпоставувам!?)....

Пошо кит-леќава мислам дека за пејсажи е добра, има релативно широк агол, па да ги менувам...

За Сигма и Тамрон читам генерално критики дека се поспори во фокусирањето, што не ми менува многу, не сликам спорт...и изработката не им е којзнае каква - поефтина пластика , а од друга страна гледам дека имаат и некоја макро варијанта (мада бара поголема дистанца од објектот што е чудно)....
 
Aj вака сега :)

Прво, се надевам дека нема да ми замерите и ќе бидите стрпливи на некој начин со мене, затоа што немам многу познавање од фотографија (прочитав неколку теми од базата на знаење).

Е сега, ми треба апаратче за кое не знам да ви набројам карактеристики како што сите тука набројувате кога ви треба помош при избор на фотоапарат и тука лежи мојот проблем.

Значи ми треба апарат за астрофотографија во главно. Немора да е некој си профи, туку да е пристојно доволен за астрофотографија. Може дури и да е обичен но да ги има карактеристиките со кои ќе можам да правам вакви фотографии. Можно е и препораки на старо.

Благодарам :)
Поздрав.
 
Ми треба апарат за сликање на секојдневни фотки ( одмори , клубови и слично) е сеа шетајќи по продавници мислам дека некој од овие два е совршен за таа работа
CANON IXUS 132

  • Stylish IXUS in four colours
  • Get closer: 8x zoom lens, 28mm wide-angle
  • 16 Megapixels capture fine detail
  • Intelligent IS for sharp results
  • Smart Auto (32 scenes)
  • HD movies (720p) with movie button
  • 6.8 cm (2.7") LCD
  • Fun and creative modes
  • Eco mode Nikon Coolpix S3300
  • 16 megapixel CCD sensor
    6x optical zoom lens, 4x digital zoom
    Lens-shift Vibration Reduction (VR)
    2.7 inch LCD screen
    Slim 19.5 mm body
    720p video recording
    ISO 80 - 3200
    5cm minimum focusing distance
    18 scene modes
    Smart portrait system
    Battery life Approx. 210 shots with EN-EL19 battery
    Weight 128 g
 
Не бе, одлично.

Го знам овој 24-70мм, сепак цената е цирка 1500 евра, далеку од се' ова за што збориме.
А што мислиш на пример за 55-200, 70-300 во однос на vigneting, острина, изобличеност?
f-stop од 4,0-5,6...веројатно и на послабо светло се послаби (претпоставувам!?)....

Пошо кит-леќава мислам дека за пејсажи е добра, има релативно широк агол, па да ги менувам...

За Сигма и Тамрон читам генерално критики дека се поспори во фокусирањето, што не ми менува многу, не сликам спорт...и изработката не им е којзнае каква - поефтина пластика , а од друга страна гледам дека имаат и некоја макро варијанта (мада бара поголема дистанца од објектот што е чудно)....

ауу пропуштив да видам дека си ме прашал! ми промакна во други известувања....
ако имаш 18-55 кит со кој со задоволен, значи следно би било покривање 50 - нагоре. Јас имам 70-300 кој е супер брз, многу остар и го користам 1-2 пати во годината :D, едноставно немам потреба од тоа освен за мотокрос (смолево) и аеромитинг. Се сеќавам на неколку ситуации кога сум одел онака а шетња само со него и сум се каел пошто многу работи не сум можел да сликам или сум требал да се одалечувам 20 метри поодалеку за да сликам...... на слабо светло се бавни, мојот има двојна стабилизација па малце тука компензира али не знам дали воопшто некогаш сум сликал со него при слабо светло, обично свирките во клубови се на мало растојание во некои сум од бендот на 2 метра одалечен па ниту ќе можам да сликам со него пошто фокусот му е некаде на метроипол....
Не знам дали ја знаеш страната
http://www.photozone.de/canon-eos
тука можеш да видиш тестови на објективи (и на апарати) кратки јасни прегледни па ако некој објектив те бендиса - можеш подетално да истражиш и по други страни.
--- надополнето: 20 декември 2013 во 09:53 ---
Aj вака сега :)

Прво, се надевам дека нема да ми замерите и ќе бидите стрпливи на некој начин со мене, затоа што немам многу познавање од фотографија (прочитав неколку теми од базата на знаење).

Е сега, ми треба апаратче за кое не знам да ви набројам карактеристики како што сите тука набројувате кога ви треба помош при избор на фотоапарат и тука лежи мојот проблем.

Значи ми треба апарат за астрофотографија во главно. Немора да е некој си профи, туку да е пристојно доволен за астрофотографија. Може дури и да е обичен но да ги има карактеристиките со кои ќе можам да правам вакви фотографии. Можно е и препораки на старо.

Благодарам :)
Поздрав.
Мислиш на астрофотографија преку телескоп или обична фотографија на ноќно небо?
Ако сликаш преку телескоп пожелно е да земеш посебен или модофициран апарат - нив им ги ваѓаат филтрите пред сензор за да можат да ги фатат и боите на звездите и галаксиите кои не поминуваат преку филтер, а ако мислиш само на сликање на ноќно небо - можеш со стандарден дслр апарат и добар трипод. За да ја сликаш месечината ќе ти треба зум објектив за да се видат колку толку некои детали, но ако ти се само звезди ноќе на небо и не треба толку. Мене таква фотографија не ме привлекува и немам сликано многу освен месечината, еве како тоа изгледа со обичен апарат и малце појак зум објектив и трипод:

529879_235423673229809_1485012577_n.jpg

474942_234765769962266_7459101_o.jpg
 
Мислиш на астрофотографија преку телескоп или обична фотографија на ноќно небо?
Ако сликаш преку телескоп пожелно е да земеш посебен или модофициран апарат - нив им ги ваѓаат филтрите пред сензор за да можат да ги фатат и боите на звездите и галаксиите кои не поминуваат преку филтер, а ако мислиш само на сликање на ноќно небо - можеш со стандарден дслр апарат и добар трипод. За да ја сликаш месечината ќе ти треба зум објектив за да се видат колку толку некои детали, но ако ти се само звезди ноќе на небо и не треба толку. Мене таква фотографија не ме привлекува и немам сликано многу освен месечината, еве како тоа изгледа со обичен апарат и малце појак зум објектив и трипод:

Не ми треба за сликање со телескоп или фаќање на останатите бои од спектарот. Така пристоен фотоапарат со кој ќе можам да сликам обично небо, ѕвезди, метеори, комети.

Океј, јасно до тука.
Некој предлог за фотоапарат или одредени карактеристики кои ќе треба да ги земам во предвид кога ќе купувам?
 
Од она што го најдов по форуми на луѓе кои сликаат звездани неба, повеќето преферираат Канон апарати за таа намена,, и тоа ко што читав нема некоја посебна препорака гледам и од основните верзии па нагоре, секако што поскап (погорна класа) би требало и резултатите да се подобри.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom