Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дојде време и јас да побарам помош.. :)

Кои се најдобрите дигиталци до 200 евра кои може да се најдат кај нас? Ми фатија око Samsung NV30 (9.000 ден.) и Nikon Coolpix S560 (11.000 ден.), ама наоѓам се` повеќе коментари дека Nikon-от вадел лоши фотографии (голем шум, лош фокус, неправилни автоматски сетинзи).. предлози?
 
ima grip za d40ka iako ne e od nikon od nekoja third firma e

Јас го гледав во пикс плус во гтц (пошто планирам да со земам D60) фирмата е Hahnel и грипот (кој пасува на D40 и D60) кошта околу 3000-4000 не сум точно сигурен.

И јас сум почетник така да мислам дека D60 ми е доволен.Во што се разликува 450D од D60 (освен во резолуција) и кој е попогоден за докупување на објективи (кои се поефтини/подобри)?
 
Шо пари е D60 ката?

Оти во Софија D80 kата е 500 евра
 
Мене од Канада изгледа ќе ми го носат, и со VR kit ќе ми испадне околу 250 евра. Него дајте одговори на моето прашање?
 
Јас го гледав во пикс плус во гтц (пошто планирам да со земам D60) фирмата е Hahnel и грипот (кој пасува на D40 и D60) кошта околу 3000-4000 не сум точно сигурен.

И јас сум почетник така да мислам дека D60 ми е доволен.Во што се разликува 450D од D60 (освен во резолуција) и кој е попогоден за докупување на објективи (кои се поефтини/подобри)?

Канон 450Д има ЦМОС а Никон ЦЦД сензор, Канон има 9 точки на фокус, Никон има 3 реони на фокус, Канон има Live view опција, никон нема, Канон има 3 инчи ЛЦД Никон има 2,5, канон има 14 битен а-д конвертер никон нема, Канон има АЕ бракетинг Никонот нема.....
Всушност јас мислам дека за споредба со канон 450Д треба да го земеш Никон 80 или 90 (ако занемариш снимање на клипови кај 90) тие се иста класа, Никон 60 е подолна класа од Канон д450.

ПС
Тоа ХАХНЕЛ шо го споменуваш е марка на батерии и полначи за батерии, а прови добро дали е фабрички нов никонот пошто како нов (со мали ситни букви напоменуваат) се продаваат и репарирани, значи веќе користени кои во фабриките на никон се дотеруваат и пак се продаваат како речиси нови. Значи ако нема полна гаранција од барем 12 месеци веројатно е користен. Тие обично имаат 90 дена - 6 месеци гаранција
 
Фала на исцрпниот одговор. Да, ќе проверам да не е refurbished али мислам дека не е пошто го гледав на никон канада.
 
Прашај и дали е покриен со ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НИКОН ГАРАНЦИЈА. Пошто може да ти се случи да има гаранција која важи само за УСА/Канада, па не дај боже да ти притреба сервис......
 
Канон 450Д има ЦМОС а Никон ЦЦД сензор, Канон има 9 точки на фокус, Никон има 3 реони на фокус, Канон има Live view опција, никон нема, Канон има 3 инчи ЛЦД Никон има 2,5, канон има 14 битен а-д конвертер никон нема, Канон има АЕ бракетинг Никонот нема.....
Всушност јас мислам дека за споредба со канон 450Д треба да го земеш Никон 80 или 90 (ако занемариш снимање на клипови кај 90) тие се иста класа, Никон 60 е подолна класа од Канон д450.

ПС
Тоа ХАХНЕЛ шо го споменуваш е марка на батерии и полначи за батерии, а прови добро дали е фабрички нов никонот пошто како нов (со мали ситни букви напоменуваат) се продаваат и репарирани, значи веќе користени кои во фабриките на никон се дотеруваат и пак се продаваат како речиси нови. Значи ако нема полна гаранција од барем 12 месеци веројатно е користен. Тие обично имаат 90 дена - 6 месеци гаранција

За болдираното да знаеш дека си во голема грешка,а тоа што Канонот има ЦМОС сензор не е некоја голема предност,ЦЦД сензорот е многу подобар.
 
Јас набројав работи кои Канон 450D има а Никон D60 нема. Тоа се битни работи. Значи дека и класата е поинаква.
Ај да видиме што сензори имаат врвните модели:

Canon EOS 1D Mark III - CMOS
Nikon D3 - CMOS

Значи и Канон и Никон во своите најдобри (топ) модели ставаат ЦМОС сензори а ти овде онака констатираш дека ЦЦД е многу подобар (без многу објаснување зошто и како - едноставно така било)? Па одма пиши им и на Канон и на Никон да сменат производството и објасни им дека се во грешка и заблуда.
 
Според тебе класата на ДСЛР апаратите се определува по тоа што некој апарат го има ова или она, а некој не,и одма класата е поинаква.Како и да е Никон Д60 и Канон 450Д се ентри левел ДСЛР фотоапарати и таа е нивната класа,а за сензорите ЦМОС е поевтин за произвотсво и дава нешто подобар однос сигнал-шум на повисока ИСО вредност,додека ЦЦД е подобар во секој друг поглед(по гуглај малку ќе научиш подобро),но и е поскап за произвотво па затоа не им пишувам на Канон и Никон да си го сменат произвотвото бидеќи си знаат тие кај им е поголема заработката.
 
Основен модел на ДСЛР кај Канон е 1000д. Тој е упростена верзија на 450Д. Но и тој е подобар од Никон 60, пошто има 14 битен аналог - дигитал конвертор. 450Д е веќе на следно скалило. Кај Никон е почетокот Д60 па Д80 (кој е некој еквивалент на 450Д).
Е сега пази шо глупост трасна, демек скап му бил ЦМОС па да заштедат не го ставале во најскапите модели?!? Па дете во 450Д кој кошта 700 евра има ЦМОС сензор, а не им се исплаќало да го ставт во апарат од 6000 евра?!?!?!!!! По твое тие со секој продаден 450 се во зијан!!

Инаку јас не гуглам, јас сликам, фотографирам веќе 20 години, а поселедните 5 со дигитални апарати. Имав и со ЦЦД и со ЦМОС сензори. Мене не ми треба гугле да ми кажи што е што. Јас имам искуство.
 
CCD сензорите имаат помалку шум при ниско ИСО до кај 400, и подобар динамички опсег, но бидејки сега се оди кон што помалку шум на високо исо од 1600-3200 затоа и повеќе се користи CMOS како технологија бидејки тука дава подобри резултати.
Но бидејки кај студиските фотоапарати потребен е добар динамички опсег и максимум исо 400 кај нив се користи CCD технологијата, а истите се со цена од по 15000 евра па нагоре. :-)

А што се однесува до Никон Д60 кај и да е треба да извади никон понов модел бидејки скоро сите од конкуренцијата имаат подобар модел, а и наследникот сигурно ке има ист сензор како и Д90 и Д300 односно CMOS со 12Мpix, така да и сите модели кај Никон ке бидат со CMOS сензори.

Инаку и Канон 1000д би го ставил како избор пред Никон д40 и Д60. Додека Никон Д80 или Д90 е подобро апаратче од Канонот 450д.

*** дур коментираме тука гледам дека канон го претставиле новиот модел 500д. Што направија, почнаа секоја година да вадат нов модел.***

Дојде време и јас да побарам помош.. :)

Кои се најдобрите дигиталци до 200 евра кои може да се најдат кај нас? Ми фатија око Samsung NV30 (9.000 ден.) и Nikon Coolpix S560 (11.000 ден.), ама наоѓам се` повеќе коментари дека Nikon-от вадел лоши фотографии (голем шум, лош фокус, неправилни автоматски сетинзи).. предлози?

Види што има Канон до 200 евра, бидејки за компактни дигиталци се најдобри.
 
Основен модел на ДСЛР кај Канон е 1000д. Тој е упростена верзија на 450Д. Но и тој е подобар од Никон 60, пошто има 14 битен аналог - дигитал конвертор. 450Д е веќе на следно скалило. Кај Никон е почетокот Д60 па Д80 (кој е некој еквивалент на 450Д).
Е сега пази шо глупост трасна, демек скап му бил ЦМОС па да заштедат не го ставале во најскапите модели?!? Па дете во 450Д кој кошта 700 евра има ЦМОС сензор, а не им се исплаќало да го ставт во апарат од 6000 евра?!?!?!!!! По твое тие со секој продаден 450 се во зијан!!

Инаку јас не гуглам, јас сликам, фотографирам веќе 20 години, а поселедните 5 со дигитални апарати. Имав и со ЦЦД и со ЦМОС сензори. Мене не ми треба гугле да ми кажи што е што. Јас имам искуство.

Јас колку што знам никаде не пишав дека ЦМОС сензорот е поскап,туку обратното дека е поевтин за произвотво, и од каде дојде до заклучок дека реков не им се исплаќа да ставаат во апарат од 6000евра.И не сум дете за тебе има уште многу да учиш за фотографија,без разлика дали сликаш 20 години,не вреди да се препукуваме тука за џабе.
 
Како и да е останува факт дека и канон и никон во своите најскапи модели ставаат ЦМОС сензори (ваљда затоа што се полоши од ЦЦД). А штом видов дека “прогуглуваш“ за да најдеш информација ми е јасно навистина дека нема што ти да се препукуваш со мене.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom