Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Чек малку, да разграничиме малку ова со оптичкиов зум. На СЛР апаратите се менуваат објективите. Идиотчињата имаат фиксни објективи и таму може да гледате 10, 20, 30х оптички зум и слично, иако не е пресудно за квалитетот на фотографијата, голем зум е битен ако сакате да правите папарацо фотки или да фотографирате птици и диви животни.
230.000 точки и 920.000 точки не прави некоја разлика, се работи за резолуција на дисплејот вграден во апаратот. Тој служи за набрзинка да видите што сте фотографирале. За гледање фотографии служи монитор од компјутер, овај нали :)

За сите тие ствари како стативи, торбици, батерии, ти препорачувам да скокнеш до Pix+ во работен ден од 10 до 4 часот кога на смена е Никола. Не дека ми е комшија, ама фин момак е, и можеш комотно да си направиш муабет, да ѕирнеш на лице место различни модели, цени... ти ја препорачувам оваа продавница затоа што имаат и најширок асортиман на продукти поврзани со фотографија во земјава.

Во врска со 1100 и 3100, се работи за два многу слични фото-апарати, и изборот што ќе го направиш сега повеќе се однесува на тоа на кое SLR семејство ќе се приклучиш, отколку кој модел е подобар во моментот. Објективите од овој апарат, ќе се фаќаат и на следниот што ќе го купиш.
 
Мислам дека се одлучив...Еве овој ќе го купам...Во ПИКс плус го има...Добар ли е моделот? Шо мислите?

http://pixplus.com.mk/index.aspx?tabindex=0&tabid=1&productid=1026&directoryid= 229&ctrl=productdetails

Фин апарат за тие пари :) Сепак, јас преферирам Канон :) Поедноставен за употреба, почиста слика, повеќе експериментирање дозволува :)
 
Зависи од модел до модел, D3100 го споредуваат со Canon 550D што е класа разлика. Неможеш така да генерализираш. Сум пробал и канон и никон, двете марки се добри. Кога би земал предусна би била цена-перформанси а не марката.
 
Ако е оф топик извинете.
Дали пикс плус имаат некој бенефиции во однос на плаќање на рати со картичка ???
 
Зависи од модел до модел, D3100 го споредуваат со Canon 550D што е класа разлика. Неможеш така да генерализираш. Сум пробал и канон и никон, двете марки се добри. Кога би земал предусна би била цена-перформанси а не марката.

Не секогаш. Еве рецимо кога го земав ја апаратот (Canon 1000D) перформансите на неговиот конкурент Никон D3000 беа за нијанса подобри, и за нијанса поефтин, но тоа не го направи подобар апратот. Не е само резолуцијата на слика или видеото. Рецимо, да земеме било кој канон, и било кој никон да го ресетираме фабрички, и да мериме колку време ќе ти треба да го подесиш за да фатиш слика со 1600 исо 13 ф 30 секунди експозиција. На никонот дур влезеш у мени дур смениш исо, јас веќе ќе имам се наместено и ќе сликам. Никонот ќе извади поживи бои, канонот помалку шум, боите се корегираат во фотошоп, шумот исто така, ама со корекција на шум губиш детали, со корекција на боја не губиш ништо.
После тоа, рецимо ќе сакаш да сликаш макро со објективот наопачки, нема да можеш, никон не слика без објектив на него, па затоа сите мануелни објективи шо ќе ги ставиш сакаат поскуп адаптер/ макро цевки триста тракатанци. Никонот имаше 9 точки на фокус, мојот 7, ни 9 ни 7 користам, се на се користам 2. централна и најдесна (за портрети да ми биде горе на лицето точно) ретко кој од фотографите користи повеќе од 2-3 точки на фокус. Џабе е нешто убер моќно кога не е јузер френдли. Да беше се по тој закон, линуксот ќе беше најкористен оперативен систем :)
 
Затоа никонот е поефтин. Можеби во ентри класата и не се приметува до толку но во фул фрејм сегментот веќе разликата во цена е забележителна.
Сепак ќе повторам, најбитно е кои ти се преференците и очекувањата.

Блонди, со здравје да го штракаш, и убавини да пушташ на форумов :)
 
Не секогаш. Еве рецимо кога го земав ја апаратот (Canon 1000D) перформансите на неговиот конкурент Никон D3000 беа за нијанса подобри, и за нијанса поефтин, но тоа не го направи подобар апратот. Не е само резолуцијата на слика или видеото. Рецимо, да земеме било кој канон, и било кој никон да го ресетираме фабрички, и да мериме колку време ќе ти треба да го подесиш за да фатиш слика со 1600 исо 13 ф 30 секунди експозиција. На никонот дур влезеш у мени дур смениш исо, јас веќе ќе имам се наместено и ќе сликам. Никонот ќе извади поживи бои, канонот помалку шум, боите се корегираат во фотошоп, шумот исто така, ама со корекција на шум губиш детали, со корекција на боја не губиш ништо.
После тоа, рецимо ќе сакаш да сликаш макро со објективот наопачки, нема да можеш, никон не слика без објектив на него, па затоа сите мануелни објективи шо ќе ги ставиш сакаат поскуп адаптер/ макро цевки триста тракатанци. Никонот имаше 9 точки на фокус, мојот 7, ни 9 ни 7 користам, се на се користам 2. централна и најдесна (за портрети да ми биде горе на лицето точно) ретко кој од фотографите користи повеќе од 2-3 точки на фокус. Џабе е нешто убер моќно кога не е јузер френдли. Да беше се по тој закон, линуксот ќе беше најкористен оперативен систем :)
Има шорткати преку копчињата, за ISO да променам немора да влезам воопшто во мени исто и експозиција и отвор на бленда.
D3100 многу напредна од D3000 кој има бајаги повисок ноиз, вградија нов процесор и сега е доста солидно тело.

Како и да е, почетник што и да одбере нема да згреши. Побрзо би одел со евтино тело а скапа леќа него обратно.
 
Незнам колку време се бавиш со фотографија, но од лично искуство, за нашиве услови и стандарди, поише од кит објективот и фиксно пеефче нема да ти треба, осим наравно ако немаш 2500 евра за објектив вишак :)

сепак, ствар на перференци ко шо рече тончи :)
 
Демек за да сликаш портрет или пејсаж овде ти е доволен кит објектив али ако преминеш граница на кај ЕУ веќе ти треба друг - поскап???
Правилата на оптика, светло.... се универзални и во америка и во германија и во нигерија.
 
Canon EFS 17-85 IS USM е тоБ објектив за портрети, и нормално, го користам рангот од 50-85. И што велиш сеа ДонЈас? :)
 
Иначе да ви кажам дека во Пикс плус кога бев ми рекоа дека имам опција да земам тело од Никон 3100 VR и објектив од Никон D90...Така ќе му дојде само 7,000 ден поскапо и плус се исплати мислам...Мене оптичкиот зум на Никон 3100D VR ми го крши филмот, затоа што е 3X и редовно треба опцијата кроп да ја користиш ако сакаш да истакнеш некој детаљ од сликата, а кај Никон D90 го нема тој недостаток...
Што мислите за таква опција? Тело од Никон 3100 VR и објектив од Никон D90..........???
 
Велам дека стандардите не се исти, тука да заработиш 2000 евра и таму да заработиш 2000 евра не е подеднакво лесно.
--- надополнето: Oct 31, 2011 9:25 PM ---
Canon EFS 17-85 IS USM е тоБ објектив за портрети, и нормално, го користам рангот од 50-85. И што велиш сеа ДонЈас? :)

Велам Тончи кој како си ја наредил. Не секој хоби фотограф може да си дозволи поголеми суми да фрла на објективи, и најчесто треба да се снаоѓаме :)
--- надополнето: Oct 31, 2011 9:28 PM ---
Иначе да ви кажам дека во Пикс плус кога бев ми рекоа дека имам опција да земам тело од Никон 3100 VR и објектив од Никон D90...Така ќе му дојде само 7,000 ден поскапо и плус се исплати мислам...Мене оптичкиот зум на Никон 3100D VR ми го крши филмот, затоа што е 3X и редовно треба опцијата кроп да ја користиш ако сакаш да истакнеш некој детаљ од сликата, а кај Никон D90 го нема тој недостаток...
Што мислите за таква опција? Тело од Никон 3100 VR и објектив од Никон D90..........???

Оптички зум 3х? 18-55 објектив шо иде стандард е доста доволно и за макро и за портрети и за лендскејпови, збориме за почеток, а објективот шо иде со D90 ако не се лажам е 18-105, со +7000, можеби е подобро да купиш го купиш само телото и некој пофин објектив, види различни опции :)
 
Иначе да ви кажам дека во Пикс плус кога бев ми рекоа дека имам опција да земам тело од Никон 3100 VR и објектив од Никон D90...Така ќе му дојде само 7,000 ден поскапо и плус се исплати мислам...Мене оптичкиот зум на Никон 3100D VR ми го крши филмот, затоа што е 3X и редовно треба опцијата кроп да ја користиш ако сакаш да истакнеш некој детаљ од сликата, а кај Никон D90 го нема тој недостаток...
Што мислите за таква опција? Тело од Никон 3100 VR и објектив од Никон D90..........???
Ова е одличен објектив за почетник, затоа што ќе можеш да увидиш кој тип на објектив повеќе ти лежи. И доколку планираш во иднина да инвестираш во објективи, да знаеш во какви објективи да инвестираш ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom