„Форсирано“ заљубување

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Реченицава ја прочитав пред некој ден од брн:

Љубов е хемиска реакција кој што се случува во мозокот, и за жал со доволно пракса можеш и сам да си ја предизвикаш, това е научен факт. Жал ми е за слеповерците...

Значи сам можеш да ја предизвикаш, доколку посакаш. Се насочуваш кон некоја личност кон која имаш било каква привлечност (сексуална, физичка, интелектуална), можеби немаш никакви но наоѓаш било што карактеристично кое ти се допаѓа и сите можни сигнали во својот мозок ги преведуваш како позитивен одговор. Без разлика што не е твој тип, од еден муабет можеш да си склопиш цел филм и личноста да ја перципираш како божество. Го тераш својот мозок да прифати дел од личноста, потоа го „шминкаш“ со комплименти убавина, забавен дел и интелект и на крај се впушташ во акција на освојување. За да го одржиш тоа чувство се дозираш со секојдневно зјапање, филмање дека имаш одличен избор и дека сето тоа на некој начин ти е возвратено.

Значи муабетот дека срцето бира паѓа во вода, доволно е да се натераш самиот дека си заљубен после е лесно. Се согласувате или имате друга дефиниција за создавање на љубовта?
 
Нели имплицитно, делот со додавање посакувани карактеристики и атрибути, ја поврзува љубовта со срцето*.
* срце во преносна смисла на зборот
 
Има многу финти со мозокот ама не ги знаеме, могуче е да е вистина who knows :)
 
Сега сите точно и аплаудирате, а јас кога кажав дека никогаш не сум дозволил да се заљубам вон рамките на нормалата, се исмејувавте:D
 
Абе ако не верувавме досега ќе немаше деца а ние немаше да постоиме него проблемот е во друго.

Сега имаме повеќе отколку што ни треба па затоа не цениме.
 
Токму така-љуб0вта е сложен биохемиски процес кој може и да се имитира едноставно купите три чоколада и какао со млеко-добивате биохемиска љубов.

Многу баран е на пазарот Мphenylethylamine кој ќе ве прави посреќни:)

.
 
Идеализирањето е најгадната ствар која може да ти се деси, а која сигурно те носи кон непобитниот факт - Затрескување у погрешна личност. Башка шо е болно, ако е невозвратено, но уше поболна варијанта е ( ми се чини) да е возвратена, али по некое време да сфатиш дека се е тешка хемија која ти ја зготвил твојот мозок. Така да да, се согласувам.
 
Крејзи не се нервирај. Поентата на муабетот е дека можеш да направиш да се заљубиш во некој ако посакаш и ако го насочиш мозокот да гледа само „убави“ работи во личноста. Можеби таа личност нема ни да ја приметиш ако не се фокусираш на неа. Ниту некогаш би те привлекла. Наоѓаш нешто во неа и се стимулираш до заљубување. Би го нарекла форсирано заљубување.
 
Ама дека љубовта доаѓа од мозокот - НИКОГАШ
Идење со главом у ѕид беспотребно. Љубовта е само когнитивен феномен. Електричен импулс. Илузија.
--- надополнето: 29 февруари 2012 во 00:18 ---
Крејзи не се нервирај. Поентата на муабетот е дека можеш да направиш да се заљубиш во некој ако посакаш и ако го насочиш мозокот да гледа само „убави“ работи во личноста. Можеби таа личност нема ни да ја приметиш ако не се фокусираш на неа. Ниту некогаш би те привлекла. Наоѓаш нешто во неа и се стимулираш до заљубување. Би го нарекла форсирано заљубување.
Повеќе како автономно потсвесно заљубување.
 
Aло, никој не збори за разликите меѓу опсесија и заљубување.
Збориме чисто за заљубување и неговото настанување како резултат на потсвесно “лажење“ на свеста дека си заљубен кое е еднакво вистински како и светот во кој живееш.
И никој не рече дека ја намалуваме вредноста на “правата љубов“. Само и дојдовме до јадрото, и ја прифаќаме како таква. Никој не рече дека сега помалку значајна ако и ги “дознавме тајните“
 
Не се залажуваш туку се заљубуваш. Мозокот ти помага да ја изградиш совршената слика за личноста со која не би била доколку не се „натераш“ самиот. Потоа го одржуваш тоа, па бараш други карактеристики за да продолжиш и така натаму.
Еве објасни ми зошто ако е онака како што велиш ти, зошто љубовта после неколку години бледее и се распаѓа од едната страна некаде и од двете страни? Зошто ако е онака како што велиш не трае вечно тоа? Затоа што се откажуваш од одржување на таа слика и наоѓаш нова, поинтересна за истражување :)
 
А како би можел да ја одржуваш таа слика, кога секој ден ја гледаш другата ( полоша ) слика?
 
дај бе изгледајте ги овие или спуштете ги од некој торент ако ги најдите. се си е фино лепо објаснето со експерименти, со научници со анкети.
јас на времето сите кога ги даваја ги имав гледано повеќето.
таму објаснува буквално се од почеток до крај. од формата на цицките до големината на тестисите. од формата на лицето до допирот со рака. од заљубување до смрт.дали сме по природа моногамни или не. во секој случај вреди да се гледа.
и сигурно не знаевте оти машките претпочитаат тесна половина, широки колкови , големи цицки и газ и така натаму.
е па гледајте и научно ке дознаете зошто е тоа така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom