leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Реченицава ја прочитав пред некој ден од брн:
Значи муабетот дека срцето бира паѓа во вода, доволно е да се натераш самиот дека си заљубен после е лесно. Се согласувате или имате друга дефиниција за создавање на љубовта?
Значи сам можеш да ја предизвикаш, доколку посакаш. Се насочуваш кон некоја личност кон која имаш било каква привлечност (сексуална, физичка, интелектуална), можеби немаш никакви но наоѓаш било што карактеристично кое ти се допаѓа и сите можни сигнали во својот мозок ги преведуваш како позитивен одговор. Без разлика што не е твој тип, од еден муабет можеш да си склопиш цел филм и личноста да ја перципираш како божество. Го тераш својот мозок да прифати дел од личноста, потоа го „шминкаш“ со комплименти убавина, забавен дел и интелект и на крај се впушташ во акција на освојување. За да го одржиш тоа чувство се дозираш со секојдневно зјапање, филмање дека имаш одличен избор и дека сето тоа на некој начин ти е возвратено.Љубов е хемиска реакција кој што се случува во мозокот, и за жал со доволно пракса можеш и сам да си ја предизвикаш, това е научен факт. Жал ми е за слеповерците...
Значи муабетот дека срцето бира паѓа во вода, доволно е да се натераш самиот дека си заљубен после е лесно. Се согласувате или имате друга дефиниција за создавање на љубовта?