Fornetti - вреди ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Возраст
42
Сигурно сте ги забележиле,јаделе и слично...се мислам дека не вреди за тие пари тоа јадење...за 30 денари добиваш едни 5-6 минијатурни лиснати исполнети со нешто...но ти требаат добри 200 денари за да се најадеш,барем јас :kesa:
...ваши мислења,коментари?
 
Никако. Еднаш или два пати имам пробано, вкусни се, но и сосема доволни за само да ти влезат меѓу заби.
Не е исплатливо воопшто.
 
300 грама ме најадува (90 ден некаде ида) што е сосема пристојна цена ако се земе во обзир што еден хамбургер тежи исто
 
Па нормално дека не можеш да се најадеш од 100гр мали лиснати, тоа може да ти биде нешто како предјадење или ужина, а ако сакаш да се најадеш оди во 7ца хаххахах:pos2:
 
Прво искуство ми беше со тие од пилешко и печурки и ми се здоповраќа... за некој со апетит ко на мачка со 50тина денари може да се како така малку засити но не ми се којзнае какви посебно ко се ладни..
 
Воздух може да те најаде?
 
не бе па ти двеста денари
со 100че можеш да се прејадеш гарант, освен ако немаш некоја болест со желудникот.
 
Super se Fornetti be so vi e na vas, 5-6 mene mi se taman.
 
не бе па ти двеста денари
со 100че можеш да се прејадеш гарант, освен ако немаш некоја болест со желудникот.
Знаев дека сум болен :nesum: :pos2: аман бе како може да те најадат тие :toe:
 
Не сум пробал досега, ама според сликиве што ги гледам на нет, 10-ина доволни би биле:)
 
Мене само ми се грозни? Тие со сирење ептен ако немам ништо можам да ги јадам, и тие со вишна се толку кисели што не го чувствувам тестото. Иначе не ми се свиѓаат ич ич ич!
 
И мене ми се одвратни.Такво нешто во уста не ставам.
 
Скапи се ама пак вкусни се...Ги обожавам оние со кулен мммм :uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom