Формула 1 - сезона 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата JB00F
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2022?

  • Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ

    Гласови: 14 11,1%
  • Џорџ Расел - Мерцедес АМГ

    Гласови: 1 0,8%
  • Макс Верстапен - Ред Бул

    Гласови: 38 30,2%
  • Серхио Перез - Ред Бул

    Гласови: 0 0,0%
  • Шарл Леклерк - Ферари

    Гласови: 42 33,3%
  • Карлос Сајнц - Ферари

    Гласови: 6 4,8%
  • Даниел Рикиардо - Мекларен

    Гласови: 3 2,4%
  • Ландо Норис - Мекларен

    Гласови: 7 5,6%
  • Фернандо Алонсо (El Plan) - Алпин

    Гласови: 3 2,4%
  • Естебан Окон - Алпин

    Гласови: 0 0,0%
  • Пјер Гасли - Алфа Таури

    Гласови: 1 0,8%
  • Јуки Тсунода - Алфа Таури

    Гласови: 2 1,6%
  • Себастијан Ветел - Астон Мартин

    Гласови: 4 3,2%
  • Ленс Строл - Астон Мартин

    Гласови: 0 0,0%
  • Николас Латифи - Вилијамс

    Гласови: 0 0,0%
  • Алекс Албон - Вилијамс

    Гласови: 2 1,6%
  • Валтери Ботас - Алфа Ромео

    Гласови: 0 0,0%
  • Жо Гуанју - Алфа Ромео

    Гласови: 1 0,8%
  • Никита Мацепин - Хаас

    Гласови: 1 0,8%
  • Мик Шумахер - Хаас

    Гласови: 1 0,8%

  • Вкупно гласачи
    126
Статус
Затворена за нови мислења.
мора да е некоја дубара ова на РБ, не е возможно ова без мамење да испадне вака.
 
Не е само до Ферари, и останатите екипи ги истрошија гумите. Освен РедБул. Сите паѓаа во времињата само Перез притискаше а Макс билдаше предност до 27 секунди за 20тина круга. И оние кои по втор пат влегоа во бокс, се разбира.
 
Пратам онака формула чат пат и никогаш не ми било јасно едно нешто.
Зошто не направат сите да имаат исти болиди, по јачина, по гуми по не знам ти што, па да се види кој е најдобар.
 
Пратам онака формула чат пат и никогаш не ми било јасно едно нешто.
Зошто не направат сите да имаат исти болиди, по јачина, по гуми по не знам ти што, па да се види кој е најдобар.
Зашто е тимски спорт а не индивидуален. Дел од натпреварот е и развој на болидот и моторот, иновација итн.. Затоа има и две титули и две табели, една за возачи, друга за конструктори.

Во Ф2 и Ф3 мислам имаат исти болиди, ама тамо секој сетап е различен така да пак не се исти, исто така и во ФЕ. Надвор од Формула имаш таканаречени spec series кај што се прилично исти колите. Али пак ќе кажам и тамо може секој да си прави различен сетап, има различен буџет, механичари и слично така да не можеш никогаш да имаш две 100% исто спремни возила.
 
It has been reported that Red Bull are £1.8m ($2m) or less over the budget cap, which debuted in 2021 to level F1's playing field.
 
според кловнот Биното и Тото ова било доволно за пола секунда предност да им ред бул пред другите.

Безразлика. Затоа постојат тие правила. Пишува во објавата дека ако не бидат жестоко казнети која е поентата на правилото? Сите ќе надминуваат.
 
Безразлика. Затоа постојат тие правила. Пишува во објавата дека ако не бидат жестоко казнети која е поентата на правилото? Сите ќе надминуваат.

можат само да попушат
 
It has been reported that Red Bull are £1.8m ($2m) or less over the budget cap, which debuted in 2021 to level F1's playing field.

Ако е само толку тогаш да, најверојатно е занемарливо, иако и таа сума е доволна за развој и валидација на некој мал дел. Меѓутоа ако е околу 5% тоа се 7-8 милиони, тоа е веќе сериозна сума.
 
Како бе не се знае што е, надминале буџет над дозволениот лимит, потврдено од неколку извори. Што мешате баби и жаби, ова е просто ко два и два. Сега читам гласини демек ги истрошиле на кетеринг тие пари, па океј е треба да им се прости :ROFLMAO:

незнам што да ти кажам кога ништо не е официјално нагаѓате само, сам се дементираш у 2 реченици...
 
според кловнот Биното и Тото ова било доволно за пола секунда предност да им ред бул пред другите.
Рече може да се добие до пола секунда предност и тој коментар се однесуваше на 4 милиони а не 2. Иначе интересно е како сите станаа инженери и експерти за финансии одеднаш, па сега знаат што точно може да направи еден тим со 2 милиона рецимо.

незнам што да ти кажам кога ништо не е официјално нагаѓате само, сам се дементираш у 2 реченици...
Како се демантирав, саракстичен бев ако не примети. Официјално е дека надминале буџет и нема никакво нагаѓање во тој дел, не знам што е толкава дискусија и зошто сакате на некој што прекршил јасно поставено правило да му простат.
 
сакаме за сите да биде исто, ако на ферари му простија 2019, зашто сега да не им простат на РВ?
 
Еден нормален валидационен тест во автомобилска индустрија кошта 100к-200к, зависно од обемот на испитувања и трае неколку месеци. Таа сума е само за тестот. Настрана од функционалниот дел мора да помини и "environmental shock" тест кој што се смета за еден од најригорозните и е генерално прифатен и баран од секоја земја/ легална страна како апсолутен минимум. Значи тука не се воопшто пресметани цените за развој и производство.

Е сеа, поим неам колку би коштало нешто такво во Ф1. Сигурно имаат поригорозни барања, поскапи материјали, можеби дури си развиваат, тестираат и валидираат во сопствени лабаратории. Сето тоа ќе влијае на цената.

Ама доколку го земеш фактот дека нормална цена за валидација на некаков дел е,еве и максималната 200к, тие 2 милиони прокачување наеднаш и не изгледаат толку наивно.

Нејсе, пак ќе речам, може и некако за 1.5-2 можат да најдат некакво оправдување и да го карактеризираат како „минорно“, ама ако праиме муабет за сума од 7-8 милиони е богами мора казна.
 
сакаме за сите да биде исто, ако на ферари му простија 2019, зашто сега да не им простат на РВ?
Зашто ова е дијаметрално различна ситуација oд таа како што веќе кажав и претходно. Да не почнуваме сега офтопик теми. Овде имаш јасно поставено правило, со фактичка бројка која не смее да се надмине.
Само едно ќе кажам - никој никогаш не им простил на Ферари, туку постигнаа спогодба која не беше објавена јавно. После излегоа гласини дека таа спогодба била на штета на Ферари, односно биле казнети да мора да користат помал доток на гориво цела сезона, и они и сите тимови што ги користат нивните мотори. Така да далеку од тоа дека им беше простено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom