Формула 1 - сезона 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Одлично, ова може да значи Расел во Мерцедес. Феноменалниот проспект Расел заедно во ист тим со легендарниот Луис Хамилтон. Може да биде мега-борба од епски размери и да значи префрлање на факелот. Но, тоа е огромен залак за Расел, ќе биде стварно класика момент за паметење ако успее да го победи Хамилтон.
 
Одлично, ова може да значи Расел во Мерцедес.

Според Скај Спортс работата е веќе готова, само се чека потврда неделава.
 
Одлично, ова може да значи Расел во Мерцедес. Феноменалниот проспект Расел заедно во ист тим со легендарниот Луис Хамилтон. Може да биде мега-борба од епски размери и да значи префрлање на факелот. Но, тоа е огромен залак за Расел, ќе биде стварно класика момент за паметење ако успее да го победи Хамилтон.
Као да божем не сме го виделе тоа претходно. Нико Розберг?
 
Расел е добар, но сепак Хамилтон го има искуството и брзината, така да не верувам лесно да се предаде и ќе има тешка борба меѓу нив.
 
Као да божем не сме го виделе тоа претходно. Нико Розберг?
Сме виделе де, но Расел со негово искуство да победи легендарен повеќекратен шампион како Хамилтон кој сеуште не е во многу одминати години е дефинитивно успех кој ќе се памети и ќе влезе како класика во историја на Формула 1.

Но кога станува збор за Розберг, да бидеме исто така фер, Розберг имаше значителна доза на среќа што му помогна да го порази Хамилтон. Колку трки не заврши Хамилтон поради откажан мотор? Но сепак, заслуга за Розберг што го даде максимумот и не падна под притисок бидејќи Хамилтон сепак се бореше до последниот свиок.
 
Wow, среќа имал Розберг. Ова исто ко вчера Хамилтон кога кажа, he has luck with the traffic. Зошто бе никој не кажа до сеа како Хамилтон има luck едно 150 контакти имаше и никогаш он не беше у аут туку другиот? Колку пати бил во инцидент, а секогаш ја завршил трката? Како не е luck што други возат исто за него?

Истите тие што им се смееа на Ферари кога даваа суптилни пораки за предност, сега да се помирени со тоа Ботас да го пензионираат од победа уште у 10ти круг.

И да за да бидеш шампион ни ти треба само искуство и знаење туку и среќа. Факт.
 
Wow, среќа имал Розберг. Ова исто ко вчера Хамилтон кога кажа, he has luck with the traffic. Зошто бе никој не кажа до сеа како Хамилтон има luck едно 150 контакти имаше и никогаш он не беше у аут туку другиот? Колку пати бил во инцидент, а секогаш ја завршил трката? Како не е luck што други возат исто за него?

Да бидам поедеднакво фер и Хамилтон знае да има многу среќа :D Али таа сезона немаше воопшто среќа, баш напротив.
 
Спаси гз Хамилтон во Белгија со тие пола поени, иначе Макс уште пред една недела ќе го превземеше водството во шампионатот и ќе имаше 10+ поени предност, али тоа е :D

 
Одлично, ова може да значи Расел во Мерцедес. Феноменалниот проспект Расел заедно во ист тим со легендарниот Луис Хамилтон

Официјално е од вчера.

 
Колку што гледам немаат меѓу себе муабет Хамилтон и Расел. Тоа што беше во Белгија само од чиста куртоазија со бокс си честитаа еден на друг. Ако му дадат ист болид како Хамилтон, има да го јаде за поручек. Се надевам дека нема да го запустат да им биде втор возач.
 
Притисок од Макс и контантно плачење, можен притисок и од Расел(ако не е нареден да биде нов Ботас) и можно е да сме сведоци на нервен слом на сред трка на тимско радио.


Мада разбирливо е, тешко му е да прифати дека веќе не е најдобар шофер на патеката.
 
Притисок од Макс и контантно плачење, можен притисок и од Расел(ако не е нареден да биде нов Ботас) и можно е да сме сведоци на нервен слом на сред трка на тимско радио.


Мада разбирливо е, тешко му е да прифати дека веќе нема најдобар болид на патеката.

fixed
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom