Формула 1 - сезона 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Макс не му е дораснат на Луис, али зато со Ботас нема веке проблеми, на секоја трка си го :sekc:
 
Уште на првата трка сезонава си реков, во право време сум решил пак да пратам Ф1, после неколку години пауза, досега речиси да немаше досадна трка.

Мајсторски и шампионски изработено од Мерцедес, од друга страна многу аматерски од РБ, не знам што очекуваа со еден пит дека ќе направат.

Има и Макс уште да учи.
 
не знам што е Макс или па РБ крив за денеска? Мерцедесите беа два према еден и можеа да играат на таа стратегија. Место Перез да се бори за подиум, он позади со Рикиардо се оправа цела трка. Да беше напред ќе беше друга приказната.
 
На било која друга патека Хамилтон ќе го поминеше Макс уште во првите 30 кругови, затоа мислам дека утка направија РБ со тоа што го оставија до крај на медиум. Требаше да ја искористат конфигурацијата на стазата што не дозволува претекнувања па така да го држат Луис позади нив. Ама вака со 2 секунди побрз Хамилтон не го држиш позади па ако сака и Монако нека е.

Иначе уште во Имола (кога се исуши стазата) се виде дека Мерцедес има побрз болид во недела, но не се непобедвливи. РБ мора поголеми ризици да превземаат за да победат, ама мора да имаат и подршка од Перез, вака Макс сам ништо не прави. Да беше Перез заедно со Ботас, нема да можеше Хамилтон туку така да влага во бокс по вторпат.
 
Не гледам баш што повеке можеа РБ да направат, Мерцедес или поточно Луис беше одличен денес, ако влезеше во бокс круг подоцна да ја покрива стратегијата на Мерцедес, големи беа шансите да излези зад Луис, пошто овој беше залепен за него на 0,7 секунди кога влезе и 1 круг на свежи гуми на Луис пред влегувањето на Макс ке беше пресудно.
Алонсо слабо, изгледа не е истиот од кога возеше со ВанДорн
 
Мерцедес се тоа што се затоа што единствени успеваат да спремат константни два болиди.
Не дека Луис е слаб возач, ама и кога има проблеми успева да извади добри резултати благодарение на вториот возач и можните стратегии.
 
Макс не му е дораснат на Луис, али зато со Ботас нема веке проблеми, на секоја трка си го :sekc:

како не му е дораснат, го изеде на старт денес и во италија, полоша стратегија неможеа да смислат ред бул.
 
Никој нема да го искоментира потегот на Перез кога го претекна Рикиардо?
 
Многу грдо изгледаат гумиве не можам да ги гледам искрено, а и болидот од наредна сезона не е нешто посебно, делува ептен просто и неинвентивно. Фактички ист глуп дизајн ќе има и мерцедес и Хаас кој е последен на табела. Што ќе тие такмичење каде што сите се исти, и не се гледа инженеријата и мајсторијата.
 
Сепак нема трка во Турција. Франција се преместува една недела порано, на 20 јуни. Ќе има две трки во Австрија, 27 јуни и 4 јули.
FB_IMG_1620997375734.jpg
 
дупла забава значи, Австрија никогаш не разочарала.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom