Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Овој болид што е моментално има уште потенцијал во него. Целиот овој преокрет на нов болид ми делува избрзан.Поентата на регулацииве е да се отстрани турбулентниот воздух што го создаваат формулите и со тоа да се овозможи блиско пратење на два или повеќе болида без да губат 50% на аеродинамика и да им прегреваат гумите кога се на 10-20 метри одалеченост.Не сфаќам само кај може DRS со ваков одвратен футуристички пегла спојлер. Може да изгледаат и погрди формуливе од доминацијата на Ред Бул кога беа како коцкички.
Ограничено делува бидејќи и ограничен е. Регулацииве им дозволуваат многу мала слобода на инжињерите да си играат со правилата и да бидат иновативни. Најпознативе како Џејмс Алисон и Адријан Њуи имаат многу критики за ограниченоста во дизајнирањето.Многу ограничено делува болидов, Големи тркала што ќе го успорат. А и нема премногу елементи кои тимовите може да ги искористат у своја полза и тука да се види инжинеријата. Плус на 10% етанол ќе работиОвој болид што е моментално има уште потенцијал во него. Целиот овој преокрет на нов болид ми делува избрзан.
Поентата на регулацииве е да се отстрани турбулентниот воздух што го создаваат формулите и со тоа да се овозможи блиско пратење на два или повеќе болида без да губат 50% на аеродинамика и да им прегреваат гумите кога се на 10-20 метри одалеченост.
Со ова всушност они сакаат да го елиминираат DRS, затоа и не личи како спојлер направен за DRS.
Доколку се покаже дека болидите можат да се следат и претекнуваат без DRS, тогаш во план им е комплетно да го отстранат. Искрено не верувам дека ќе се случи ама останува да видиме.
Пократки ќе бидат ама ништо значајно, негде околу 10-15цм беше разликата ме мрзи да барам сега. Ќе останат исто 2 метра широки ко камиони, а згора на тоа ќе бидат и за 15кг потешки од моменталниве болиди. Во споредба со 2013, формулите догодина ќе бидат за 150кг потешки, ужас.DRS е најголемото гомно, ама ти создаваш болид што е поголем од моменталниот сега(лупетам ми изгледа така, дај боже да грешам). Се додека не се вратат формулите во изглед на тие од 2001-2007 каде што не личеа на камиони тогаш може да праиме муабет. Се друго е тешка глупост зошто со ваков тек на правила уште малце на СПА нема да собере болид еден до друг паралелно да возат, а не да доживееме ново претекнување налик на легендарното на хакинен со шумахер.

Пократки ќе бидат ама ништо значајно, негде околу 10-15цм беше разликата ме мрзи да барам сега. Ќе останат исто 2 метра широки ко камиони, а згора на тоа ќе бидат и за 15кг потешки од моменталниве болиди. Во споредба со 2013, формулите догодина ќе бидат за 150кг потешки, ужас.
Се согласувам за 2001-2008, идеална големина.
Иначе 2018 имаше легендарно претекнување на СПА со 4 формули една до друга кога Фетел го помина Хамилтон, така да добри се уште за таму
![]()
Мене ми се свиѓа како изгледа концептот вака, посебно затоа што е скратен подот, но задново крило боде у очи малце. Мада изгледот ми е скоро и небитен ако има добри трки со јаки дуели.

Има надеж за Расел? Или ќе го изедат? 17 круга не се малце, се надевам ќе издржи бар до 10то.
