Формула 1 - сезона 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Ме чуди зошто Мерцедес не го повика во бокс Ботас откако беше минат од Перез по тазе меки гуми за најбрз круг и поен + пошто имаше огромна предност пред Норис а се спремаа во гаражата според тоа што покажа режисерот на преносот. Ред Бул редовно ја користат таа можност кога се во слична ситуација а овие им го оставија и тој бод на Макс.
 
Ме чуди зошто Мерцедес не го повика во бокс Ботас откако беше минат од Перез по тазе меки гуми за најбрз круг и поен + пошто имаше огромна предност пред Норис а се спремаа во гаражата според тоа што покажа режисерот на преносот. Ред Бул редовно ја користат таа можност кога се во слична ситуација а овие им го оставија и тој бод на Макс.

ваљда зашо им се наљути. Да го шупчат до крај. Го оставија на патека за да му го чува грбот на Хамилтон, ништо више. Бајаѓи беше изнервиран на радио.
 
Заклучокот од денес: и на најтапа патеки може да се има интересна трка ако тимовите имаат скоро ист race pace.

Ај Ред Бул и Мерцедес напред, ама средината покољ беше со Мекларен/Ферари(лол)/Алпин/Гасли/ и Астон Мартин. Не се знаеше кој пие кој плаќа, покољ се направија.
Фетел изгледа направил грешка на последниот круг пред да влезе во бокс (+ спор пит-стоп 4 секунди) иначе ќе ги стигнеше Гасли и Алонсо во последните 2-3 круга за уште поголеми драми.
 
ваљда зашо им се наљути. Да го шупчат до крај. Го оставија на патека за да му го чува грбот на Хамилтон, ништо више. Бајаѓи беше изнервиран на радио.
Би се шупчеле сами себе повеќе со тоа. Повеќе им е во прилог да му скинат еден бод на Макс.
 
Механичарине од Мекларен ги усраа гаќите :ROFLMAO:

Не знам што се глупираат питлејнот со боја да го мачкаат, тоа и така немаат никаков грип новиве гуми. Со тоа уште повеќе придонесуваат да проклиза.
 
Не знам што се глупираат питлејнот со боја да го мачкаат, тоа и така немаат никаков грип новиве гуми. Со тоа уште повеќе придонесуваат да проклиза.

The deal will include trackside branding for Aramco at most races, title rights to the US, Spanish and Hungarian Grands Prix in 2020, broadcast integration and exposure through our digital platforms to showcase Aramco’s position as an innovator in transport technology.

Договор си е договор, си плаќаш и кај сакаш ќе мачкаш боја :)
 
На времето луѓето викаа дека FIA било скратеница за Ferrari International Assistance иако FIA и FOM т.е. Макс и Берни направија доста измени да ја прекинат доминацијата на Ферари. А моментално (од 2014 навака) слабо такви фори за ФИА и Мерцедес иако се ко брачен пар во кој Мерцедес го има последниот збор.

Ред Бул се покажа како озбилна закана сезонава и што се дешава? Прво ги нападнаа за флексибилниот заден спојлер за кој се воведоа нови регулации и РБ мораше да дизајнираат нов спојлер. Тоа што предното и задното крило на Мерцедес се тресат ко луди нема везе.

Потоа Ред Бул, без конкретни докази, беа обвинети за правење дубари со притисокот на пневматиците(демек они биле криви што му пукна гума на Макс), па ФИА и Пирели го покачија минималниот притисок.

Неделава ФИА воведе нови регулации што ќе ги успори пит стопите бидејќи наводно тимовите (пр. Ред Бул/Вилијамс како најдобри) не почитувале safety protocols па се случувале инциденти. Кога имале РБ инцидент со лошо заштрафена гума? Иначе Мерцедес во просек имаат 0,3/4 секнунди поспор пит стоп од Ред Бул. Со новите правила се верува дека таа разлика ќе се намали/изедначи. Али останува да видиме. Во секој случај новите регулации за пит-стоп не се наменети да им помогнат на РБ, Хорнер доста нервозен и љут делува по изјавите.

Во Силверстон, Пирели ќе донесе нова компонента на потврди пневматици што можат комплетно да ја сјебат сезоната и да го сменат распоредот на табелата. Ви текнува како првиот дел од 2013 беше интересен слично на 2012, па после Силверстон донесоа нови поиздржливи пневматици што комплетно ја уништија сезоната (9 победи на Фетел по ред)? Ништо чудно да видиме исто сценарио за месец дена.

Во глобала го пратам спортот од љубов и немам омилени тимови/возачи (освен Кими), навивам за забава колку глупо и да звучи.
Ама ради хајкава што се води против Ред Бул од страна на ФИА и Мерцедес, посакувам Макс и Перез да им го зачукаат сосе јајца и да освојат WDC/WCC покрај сите сопки што им ги прават.
 
Ќе може ли некој да ми прати линк за гледање на тркава во порака :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom