Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?

  • Вкупно гласачи
    89
И на хрватскиот СК ќе оди, така?
па хрватите откупија(автоматски и за нас, освен ако не продадат на некоја од нашите тв или пак за време на пренос да иде коментар од македонски коментатор), србите веќе ја имаа земено пред неколку години.

иначе никој не ни е крив што сме последна дупка од свиралото кога е во прашање тв права од спортски преноси и што сме нула од пазар за таа работа, па со монополот на телеком уште потешко ќе се дојде до пренос на наш јазик. кога една фудбалска, кошаркарската репрезентација иде на туѓ јазик што повеќе и дискутираме.
 
Чеко е далеку постабилен возач од Макс. Јас мислам дека доволно ќе му биде само 3 трки повеќе од Макс да заврши, за да финишира пред него во генерален. Правев и една анализа - единствено во 2019 имаат двајцата незавршено по 2 трки. Во сите останати години од 2015 наваму, Макс води со откажувањата, некои години by a lot. Или севкупно, од 2015 до денес, Макс има дури 26 нефиниширани трки, а Чеко само 9.
 
И јас така мислам, ама се ми се чини дека Чеко е донесен за да биде поддршка за Макс. Не верувам дека ќе дозволат он да биде број 1 возач.
 
И јас така мислам, ама се ми се чини дека Чеко е донесен за да биде поддршка за Макс. Не верувам дека ќе дозволат он да биде број 1 возач.
Тоа е јасно. Ама ако е вториот возач секогаш блиску зад првиот, а првиот не заврши 3-4 трки повеќе од вториот, вториот има шанси да стане прв. ;)
 
РедБул го развиваат според возачкиот стил на Макс така да ке видиме како ке се адаптира Чеко, Квјат, Гасли и Албон не успеаја во тоа, Рикиардо едино не беше послаб од Макс но тој го возеше РедБулот пред Макс уште од времето на Фетел.
Одлика на големите возачи е да работат заедно со механичарите и да ги насочуваат во кој правец да го развиваат болидот (баланс, сетап) а не само да возат. Такви беа Алонсо, Шумахер, Сена, Хамилтон...
 
Треба да се земе во предвид дека Макс е доста позрел возач сега и вози постабилно. Времето кога го заработи надимакот Crashstappen е зад него, така да јас не би рачунал на тоа дека Макс ќе се откажува а Чеко ќе завршува.
 
Подобрен е дефинитивно, не го рачунав за добар шофер додека се лупаше цело време, колку и да се гледаше талентот што го има. Сега е позрел и ретко со други болиди се судира Макс, станува шофериште. Како и да е правилен потег на Ред Бул што го земаа Перез, него има ли нешто за Хулкенберг или повторно ќе биде резервен возач, на сите тимови :D
 
Времето кога го заработи надимакот Crashstappen е зад него
Па не би рекол баш. Еве, и годинава имаше 5 незавршени трки (од кои 2 заради crash), наспроти само 1 на Перез.
 
Па не би рекол баш. Еве, и годинава имаше 5 незавршени трки (од кои 2 заради crash), наспроти само 1 на Перез.

Не ми текнува кои беа крашовите? Сепак мислам дека вози многу посмирено од порано.
 
На Верстапен у днк му пишуе победа, типче како него немало у спортов. Што би правел да го има мерцедесот господ знае, ниеден шофер на гридот ја нема таа брзина освен Хамилтон можеби.
 
На Верстапен у днк му пишуе победа, типче како него немало у спортов. Што би правел да го има мерцедесот господ знае, ниеден шофер на гридот ја нема таа брзина освен Хамилтон можеби.

Лигуш класичен. Што има постигнато за да му пишуе победа? Колку победи има вкупно? Рикардо е скоро ко него.

Дечкото лечи комплекси, напатен е. Миљарда пати пробувал ризично да претекне у пит лејн, демек пред другите да отиде, на загревање или на тренинзи стиска да отиде измеѓу или пред Мерцедесот, сите се криви кога он вози само он не е. А последнава трка, свршување... Изгасете го моторот ако сакате, демек многу се брзи.

Следна година, ако му дозволат на Перез да вози како Рикардо, т.е ако не му прават притисоци ко на Албон, сигурен сум дека ќе има боље резултати од лиглево.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom