Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?

  • Вкупно гласачи
    89
Ферари се за комплетен ремонт, инаку релативно тивка трка со добар дуел помеѓу Рено, РП и Мекларен... и каков фото финиш за Норис!!! Браво уште еднаш, целиот мој осврт за денешната трка во видеото подолу

И на најдобрите им се случува да згрешат, јбг.. Ист потег како Фетел минатата недела..

Браво за Твич стримерот Ландо, детето е ѕвер :D
 
Не можат сега, преокупирани се со талентот Леклерк:facepalm:
Секому може да му се деси не е дека Леклер не е одличен шофер, неискуство е во прашање

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Како што пишав,дугачко време пасивно следев Ф1.Јас го знам само 2 трки,и засега можам да го кажам тоа.
По мое мислење Строл е еден од најнеталентираните возачи не само во денешно време, туку кога било, откако следам F1, а следам од 1995. Да го немаше Строл татичко, којзнае дали ќе возеше картинг во Волково. Сега така му се поклопиле коцките, може си видел некое претекнување, или што знам што, па си добил таков впечаток, но верувај, болидот на Рејсинг Поинт во моментов и не е баш за фрлање, па така, што и да било, најверојатно не било до Строл.
 
може и да е така не велам не,ама јас не ги познавам 50%од новиве шофери,така да сеа градам мислење,ќе видиме
 
Строл е подобар отколку шо беше на почетокот, освен тоа ми се допаѓа шо не прави срања тоес ретко да е вклучен во инциденти, вероватно затоа што не мора да се бори за местото во тимот па како и да извози нема да го шутнат, не е некој талент се согласувам ама пак од друга страна шо е подобар Грожан на пример? според мене Строл е подобар од Грожан.
 
може и да е така не велам не,ама јас не ги познавам 50%од новиве шофери,така да сеа градам мислење,ќе видиме
Строл возеше во Вилијамс 2 сезони, ако не се лажам, на крајот на 2018 му истече договорот, а Вилијамс уште во октомври прво најавија дека во 2019 потишале со тогашниот шампион од F2, Џорџ Расел, а подоцна го најавија и враќањето на Роберт Кубица како втор возач. Ленс Строл остана слободен возач, и веројатно немаше да вози никаде, ама во 2018 британски конзорциум воден од татко му, канадски бизнисмен Лоренс Строл, го купи тимот Форс Индија, и го прекрстија во Рејсинг Поинт за 2019. И нормално, татица му даде воланче на неговото синче.

Хинт за возачите: прати ги Ландо Норис, Шарл Леклер(к), Карлос Сајнц, Макс Верстапен, па и Александер Албон и Џорџ Расел - тие се иднината на F1. Даниел Рикардо, исто, ама тој е веќе нешто ко на граница меѓу новите и ветераните.
Автоматски споено мислење:

Строл е подобар отколку шо беше на почетокот, освен тоа ми се допаѓа шо не прави срања тоес ретко да е вклучен во инциденти, вероватно затоа што не мора да се бори за местото во тимот па како и да извози нема да го шутнат, не е некој талент се согласувам ама пак од друга страна шо е подобар Грожан на пример? според мене Строл е подобар од Грожан.
За стабилност се согласувам. Секогаш беше таков. Една сезона во Вилијамс имаше само 2 незавршени трки. Гросжан е исто еден од најлошите, ever. Го делат последното место со Строл. :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom