Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...


  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Случајно да не знаете која МАК телевизија ги има откупено прават за Ф1 2015 ако ги има или да гледaм на SKAY SPORTS F1
 
Дали некој гледаше Top Gear минатата недела?
Рикиардо го руши рекордот на Хамилтон со Сузуки Лиана што ја возеа скоро сите актуелни пилоти. Сите три возења ги извозел со исто време од 1:42:9 што е за 0.7 секунди побрзо од Хамилтон!!! ИМПРЕСИВНО :cuc:

http://transmission.blogs.topgear.com/2015/02/10/video-how-ricciardo-set-his-tg-lap-record/
 
Случајно да не знаете која МАК телевизија ги има откупено прават за Ф1 2015 ако ги има или да гледaм на SKAY SPORTS F1
Засега ништо. Од извори можам да потврдам дека МРТ најверојатно нема да пренесува, бидејќи Ф1 е емитувана на СК. Е сега што ќе биде со СК во државава никој ништо не знае. Можно е годинава и без преноси од Ф1 да останеме...
 
Лани и МРТ и СК го пренесуваа без проблем
Да ама види што се случува со СК! На blizoo воопшто и го нема, а АВМУ (агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) им наложи на операторите да ги исклучат каналите, или пак да го емитуваат Хрватскиот СК кој Ф1 не емитуваше (барем лани, годинава не знам)...
 
Ова болидов на Ред Бул ми изледа како напалена тинејџерка со зебрести хеланки.
 
Убав концепт, но ова повеќе личи на автомобил отколку на болид. Се надевам нема вакви да станат болидиве сепак.
Инаку Ред Булон баш е добар бе... она лименката за енерџи пијалок ако ја офарбаат пак, тапа е :)
 
Случајно да не знаете која МАК телевизија ги има откупено прават за Ф1 2015 ако ги има или да гледaм на SKAY SPORTS F1

Од оваа 2015 сезона нема Ф1 преноси на нити една МК телевизија !!! Дефинитвно МРТВ отпаѓа од игра... Останува само Спортклуб...
Кој е на Близу нека менува оператор побрзо :)[DOUBLEPOST=1424279505][/DOUBLEPOST] 2015 БАРСЕЛОНА ТЕСТ СЕСИИ, ВРЕМЕ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ КОЈ ШТО МОЖЕ


Од утре започнува втората пред сезонска тест сесија, која ќе се одржува на патеката Каталуња, во Барселона, Шпанија. На четиридневната тест сесија ќе присуствуваат 9 Ф1 тимови, т.е. тимот на Форс Индија ќе го има својот прв настап оваа година, но, со нивниот 2014 болид.

Останатите тимови, освен Марусија(сега Манор, име под кое ја платиле котизацијата за 2015 сезоната) и Катерам, ќе продолжат да работат со своите 2015 болиди. Неколку тест возачи ќе добијат шанса да седнат зад воланот, и тоа Џолион Палмер за Лотус, Паскал Верјан за Форс Индија и Сузи Волф за Вилијамс. Според временската прогноза тест сесијата треба да помине при суво време, со малку дожд, кој се предвидува за сабота. Температурите ќе се движат околу 15-от степен.

Посетете не на нашата ФБ страна за најновите вести од Барселона. Првичниот распоред по денови е следниот:

ТИМ ПЕ ЧЕТВРТОК, 19/02/2015 ПЕТОК,
20/02/2015
Мерцедес АМГ Мерцедес-Бенц Луис Хамилтон Нико Розберг
Ред Бул Рено Даниел Рикиардо Даниел Рикиардо
Вилијамс Мерцедес-Бенц Сузи Волф Валтери Ботас
Ферари Ферари Кими Раиконен Кими Раиконен
Мекларен Хонда Џенсон Батон Џенсон Батон
Форс Индија Мерцедес-Бенц Паскал Верлајн Серџо Перез
Торо Росо Рено Макс Ферстапен Карлос Саинц ЈР.
Лотус Мерцедес-Бенц Пастор Малдонадо Џолион Палмер
Манор Ферари не присуствува не присуствува
Заубер Ферари Фелипе Наср Маркус Ериксон
Катерам Рено не присуствува не присуствува
ТИМ ПЕ САБОТА,
21/02/2015 НЕДЕЛА,
22/02/2015
Мерцедес АМГ Мерцедес-Бенц Луис Хамилтон Нико Розберг
Ред Бул Рено Дањил Квјат Дањил Квјат
Вилијамс Мерцедес-Бенц Фелипе Маса Ботас/ Маса
Ферари Ферари Себастијан Ветел Себастијан Ветел
Мекларен Хонда Фернандо Алонсо Фернандо Алонсо
Форс Индија Мерцедес-Бенц Паскал Верлајн Нико Хулкенберег
Торо Росо Рено Макс Ферстапен Карлос Саинц ЈР.
Лотус Мерцедес-Бенц Пастор Малдонадо Роман Грожан
Манор Ферари не присуствува не присуствува
Заубер Ферари Маркус Ериксон Фелипе Наср
Катерам Рено не присуствува не присуствува


Вторaтa 2014-та сезонска тест сесија исто така беше одржана на патеката Каталуња покрај Барселона, а најбрзото време го забележа Пастор Малдонадо во болидот на Лотус. Во табелата се сите постигнати времиња во текот на двата тест дена, колку да се има споредба со времињата кои би се постигнале на сесијата која треба да започне утре, 19 Февруари.

2014 БАРСЕЛОНА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА - НАЈБРЗИ ВРЕМИЊА
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ КРУГОВИ ТИП НА ГУМИ
Пастор Малдонадо Лотус 1:24.871 102 Супер-Меки Нови
Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.805 102 Медиум Нови
Макс Чилтон Марусија 1:26.434 60 Супер-Меки Нови
Кими Раиконен Ферари 1:26.480 94 Меки Нови
Чарлс Пик Лотус 1:26.661 70 Меки Нови
Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.674 79 Медиум Нови
Естебан Гутиерес Заубер 1:26.972 91 Меки Нови
Сузи Волф Вилијамс 1:27.280 55 Меки Нови
Жил Бјанки Марусија 1:27.718 55 Меки Нови
Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:27.724 52 Прототип
Нико Хулкенберг Форс Индија 1:27.727 53 Медиум Нови
Фелипе Маса Вилијамс 1:27.756 55 Медиум Нови
Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.973 73 Медиум Нови
Даниел Хункадеља Форс Индија 1:28.278 21 Прототип
Џенсон Батон Мекларен 1:28.333 74 Медиум Нови
Стофел Фандорне Мекларен 1:28.441 136 Медиум Нови
Дањил Квјат Торо Росо 1:28.910 21 Тврди Нови
Камуи Кобајаши Катерам 1:30.101 72 Медиум Нови
Себастијан Буеми Ред Бул 1:31.440 54 Тврди Нови
Гидо ван дер Гард Заубер 1:31.783 84 Прототип
 
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ ДЕН ТЕСТИРАЊА ВО БАРСЕЛОНА

1. Малдонадо, Лотус, 1:25.011, 69 круга
2. Раиконен, Ферари, 1:25.167, 74 круга
3. Рикиардо, Ред Бул, 1:25.547, 59 круга
4. Перез, Форс Индија, 1:26.636, 34 круга
5. Наср, Заубер 1:27.307, 79 круга
6. Верстапен, Торо Росо, 1:27.900, 94 круга
7. Батон, МекЛарен, 1:28.182, 21 круг
8. Вехрлеин, Форс Индија, 1:28.329, 32 круга
9. Верхлеин, Мерцедес, 1:28.489, 48 круга
10. Волф, Вилијамс, 1:28.906, 86 круга
11. Хамилтон, Мерцедес, 1:30.429, 11 круга
 
Малдонадо и Рикаирдо времињата ги поставија на меки(жолти) гуми,додека другите на медиум(бели).Хамилтон крена температура,а Розберг имал вкочанет врат па така им го зедоа возчот на Субрата Рој кој после само 11 круга со Форс Индија го смени комбинизонот и до крајот на денот го возеше Мерцедесот.

Општиот впечаток е дека Ферарито се држи најстабилно,а дека РБ и Мерцедес ја кријат својата брзина.

Кими денес возеше 2 секунди побрзо време него што извозе на трката на истата стаза во 2014 што е голем напредок за Ферари
 
2015 БАРСЕЛОНА ТЕСТ - ПАСТОР МАЛДОНАДО ГО УКРАДЕ ПРВОТО МЕСТО ОД ФЕРАРИ


Пастор Малдонадо, по слабиот почеток на денот, при самиот крај на сесијата го постави најбрзото време на првиот ден од тестирањето во Барселона, победувајќи ја Ферари ПЕ со болидите на Кими Раиконен и Фелипe Наср, кои најчесто беа на врвот во текот на денот. Лотусот користеше меки, додека Ферарито на Раиконен, медиум гуми на Пирели. Пастор Малдонадо предизвика две црвени знамиња, но се оправда со најдоброто време. Рекордер по бројот на комплетирани кругови, болид со Рено ПЕ и тоа Торо Росо, со Макс Ферстапен зад воланот и комплетирани 94 круга.

Ферари повторно се покажа во добро светло, но очекуваме најголемите конкуренти Мерцедес АМГ и Ред Бул конечно да покажат добри времиња. Мекларен денес започна добро, Џенсон Батон успеа да комплетира 21 круга, но повторно се соочија со проблеми, па нема да може да продолжат со тест сесијата до сабота. Хонда треба целосно да редизајнира мала компонента од MGU-К под-системот кој е дел од ERS системот.

Луис Хамилтон комплетираше само 11 круга пред да ја прекине сесијата поради болест (висока температура), додека Нико Рзоберг исто така е под знак прашалник за следните денови, имал воспален нерв од вратот, кој предизвикува големи болки. Планот на Мерцедес АМГ за утрешниот ден е да започне Нико, но, ако има неподносливи болки, да го замени Луис, кој би требало да се чувствува подобро. Денес на помош беше повикан Паскал Верлајн, кој денот го започна со болидот на Форс Индија, чив 2014 болид го превзема Серџо Перез.

И тоа е возможно!!! Сузи Волф и Фелипе Наср завршија во чакалот покрај патеката, по нивниот контакт кога Вилијамсот бил на бавен круг, а Зауберот на брз круг. Поголема штета претрпе Зауберот, кој имаше оштетено задно крило, задна суспензија, менувач и под, но механичарите и на двата тима успеаа да ги поправат болидите во рекордно време, за при крај да се најдат повторно на асфалтот. Заубер C34 со мала естетска промена, додадена жолта линија на предниот дел на болидот, но со голем импакт на визуелното дожувување.

Ред Бул и Даниел Рикиардо повторно со проблеми, но имаат добро време, за разлика од вториот тим со Рено ПЕ, кој покажува издржливост, но не баш брзи времиња. Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна.

ПРВ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Пастор Малдонадо Лотус 1:25.011 69
2. Кими Раиконен Ферари 1:25.167 + 0.156 74
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:25.547 + 0.536 59
4. Серџо Перез Форс Индија 1:26.636 + 1.625 34
5. Фелипе Наср Заубер 1:27.307 + 2.296 79
6. Макс Ферстапен Торо Росо 1:27.900 + 2.889 94
7. Џенсон Батон Мекларен 1:28.182 + 3.171 21
8. Паскал Верлајн Форс Индија 1:28.329 + 3.318 32
9. Паскал Верлајн Мерцедес АМГ 1:28.489 + 3.478 48
10. Сузи Волф Вилијамс 1:28.906 + 3.895 86
11. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:30.429 + 5.418 11
 
2015 БАРСЕЛОНА ТЕСТ - ДАНИЕЛ РИКИАРДО И РЕД БУЛ КОНЕЧНО НА ВРВОТ


Даниел Рикиардо, по подолго време го постави најбрзото време на вториот ден од тестирањето во Барселона, со само .010 сек. предност пред Кими Раиконен. На Финецот веќе втор ден му бега првото место за влакно. Двете времиња беа поставени на меките гуми на Пирели.

Мерцедес АМГ е убедливо најиздржливиот болид и во Барселона, со компплетирани најголем број кругови. Нико Розберг во предпладневниот дел од сесијата забележа 66 круга и реши да го предаде болидот на својот тимски колега по паузата за ручек, како превенција за да не се комплицира воспалението на вратниот нерв, кој му задаваше големи болки во текот на минатите денови....

http://mkformula1.blogspot.com/2015/02/2015_20.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom