Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледајте го пак инцидентот со Фетел на стартната рамнина. Колку само искусно го остави воланот у нормална положба, кој е шовер ќе разбере. Секој друг возач (освен неколку поединци) го крши болидот на тој инцидент.
Рикардо.. колку само сакам за некоја година да биде шампион ! :love:
 
Прегледајте го пак инцидентот со Фетел на стартната рамнина. Колку само искусно го остави воланот у нормална положба, кој е шовер ќе разбере. Секој друг возач (освен неколку поединци) го кршеа болидот на тој инцидент.
Рикардо.. колку само сакам да биде нов шампион ! :love:
Така е. Ете Перез на истото место и на истиот начин цел болид го уништи. Овој само милиметарски го допре ѕидот.
 
Прегледајте го пак инцидентот со Фетел на стартната рамнина. Колку само искусно го остави воланот у нормална положба, кој е шовер ќе разбере. Секој друг возач (освен неколку поединци) го крши болидот на тој инцидент.
Рикардо.. колку само сакам за некоја година да биде шампион ! :love:
Дека го остави воланот "закочи" навреме?
Ако споредуваш со Перез, системот за сопирање на Ред Бул е светлосни години понапред од тој на Форс Индија.
 
Дека го остави воланот "закочи" навреме?
Така е.
Да продолжеше со истиот правец (околу 90степени десно свртен волан) ќе имаше најмалце уште 2-3 пируетски вртења завршени со плескање у ѕид.
btw не се работи за системот за кочење, инцидентот беше при излез од кривината кон стартната рамнина [DOUBLEPOST=1406477368]
 
Последно уредено:
2014 УНГАРИЈА ГП: НАЈИНТЕРЕСНАТА ТРКА ЗА КРАЈ НА ПОЛУСЕЗОНАТА


Даниел Рикиардо со фантастичен финиш на трката и две рискантни претекнувања на Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо дојде до втората победа во сезоната и воопшто неговата Формула 1 кариерата на драматичното Унгарско ГП.

Навивачите на Ферари се понадеваа дека Алонсо ќе стави крај на 15-месечниот пост на овој тим, но, на крај мораше да се задоволи со 2-то место, што секако е огромен успех. Се покажа неговата умешност со владеењето на Ф14 Т и имаше неверојатен последен стинт од 32 круга на меките гуми на Пирели.

Луис Хамилтон по стартот од пит линијата, сепак успеа да ја намали разликата во генералниот пласман на возачи кон својот ривал и тимски колега, Нико Розберг, со освојувајќи го третото место.

Трката започна во влажни услови и интермедиа гуми на болидите, поради дожд кој заврна непосредно пред почетокот на Големата Награда на Унгарија. Нико Розберг имаше добар старт и го задржа водството по што почна да прави разлика од вториот во тој момент Валтери Ботас, кој го помина Себастијан Ветел. Тој потоа беше поминат и од страна на Алонсо во вториот свиок, но, сепак наскоро се врати на третото место, во свиокот со број пет.

Луис Хамилтон во првиот круг се изврте на патеката и за влакно успеа да избегне посериозен судир со бариерите, како последица на ладните сопирачки, по стартот од пит линијата. Кога си дојде се на свое место, тој започна да се пробива низ поредокот, и веќе во 8-от круг стигна до 13-тото место. Напред Розберг веќе имаше 9 секунди предност пред Ботас.

Но, тогаш беше уништена трката на Германецот, откако Маркус Ериксон ја загуби контролата врз болидот на Катерам во третиот свиок и заврши во бариерите покрај патеката. Тоа значеше прво излегување на безбедносното возило. Првите четири болиди(Розберг, Ботас,Ветел, Алонсо) веќе го имаа поминато влезот во боксевите, а од останатите возачи влегоа за промена на интермедиа гумите со тие за суво време.

Четворицата водечки во тој момент ја направија таа промена со закаснување од еден круг, па по првиот стинт редоследот беше Рикиардо кој водеше на меки гуми, пред Џенсон Батон, кој повторно се одлучи за интермедиа гумите, што се покажа како катастрофална одлука. Зад нив беа Фелипе Маса, Розберг, Кевин Магнусен, кој не влезе во боксот и исто така беше интермедиа гумите, Жан-Ерик Верн, Ветел, Алонсо, Нико Хулкенберг и Серџо Перез. Ботас изгуби најмногу и падна на 11-тото место.

Таман кога беше објавено дека безбедносното возило ќе ја напушти патеката, Роман Грожан успеа да излета надвор и заврши во бариерите, исто така, при свиокот со број 3, со тоа продолжувајќи го престојот на безбедносното возило. Рестартот на трката беше на крајот од 13-от круг, а на Батон веднаш му беше соопштено да го извади максимумот од интермедиа гумите, бидејќи очекуваниот дожд нема да се појави на патеката. Брзо го превзеде водството од Рикиардо, но гумите за влажно време на сув асфалт траат кратко, па тој наскоро мораше во боксот, а со тоа и неговата трка за висок пласман беше завршена.

Зад нив, на изненадување на сите Розберг место да напредува, тој паѓаше наназад во поредокот. Тој беше поминат од страна на Верн и Алонсо, со само Ветел меѓу него и тимскиот колега Хамилтон. Во меѓувреме условите на патеката се подобруваа и Рикиардо почна да прави разлика на првото место поставувајќи најбрзи кругови и беше пет секунди пред Маса. Алонсо го притискаше Маса, а Нико Розберг заглави зад Верн со Торо Росо. Позади нив се одвиваше битка помеѓу Ветел и Хамилтон.

Тогаш во 23 круг повторно на сцена стапува безбедносното возило. Серџо Перез ја загуби контролата врз болидот на стартно/целниот правец и заврши во пит зидот. Лидерот Рикиардо веднаш реагираше со влез во бокс, повторно ставајќи меки гуми. Него го следеа болидите на Вилијамс, Маса на 2-то и Ботас на 8-то место, но тие променија на медиум гумите. Маса се врати на 7-то место зад Рикиардо, а Ботас на 13-то место.

Запира лево Алонсо во водство од Верн, со Розберг трети пред Фетел и четвртиот поставени Хамилтон. Безбедносното возило ја напушти патеката на крајот на 26-от круг со Фернандо Алонсо на првото место. Жан-Ерик Верн не можеше да го следи, но успешно му се спротиставуваше на Розберг, кој никако не можеше да најде начин да го претекне, играјќи многу на сигурно во тие моменти. Германецот се обиде да го промени тоа со промена на гумите во 33-от круг. На патеката, Ветел за малку ќе го реплицираше инцидентот на Перез. Тој за малку го избегна пит ѕидот, но тоа го врати назад на седмото место.

Напред, Хамилтон успеа да го помине Верн, по што Французинот замина во бокс по нови гуми. Рикиардо во тие моменти возеше најбрзи кругови, најавувајќи ја борбата за висок пласман. Розберг, по неговото второ застанување во бокс беше на 10-то место и 27 секунди зад второ пласираниот Хамилтон. Британецот замина во бокс по промена на гуми во 40-от круг, ставајќи медиум гуми. Се врати на 5 место зад Алонсо, но најважно, тој беше пред Розберг.

Рикиардо повторно се врати на водечката позиција, а по влегувањето на Маса и Кими Раиконен, Алонсо беше на второ место со0 15.8 секунди зад Австралијанецот и 2.4 секунди пред Хамилтон, кој се најде под мал притисок од неговиот тимски колега. Мерцедес АМГ со тимска наредба до Луис Хамилтон да го пропушти Розберг, кој има уште едно застанување во бокс. Британецот одби да ја послуша оваа наредба, со објаснување дека тоа ќе го чини премногу време.

Рикиардо, пак, беше загрижен за состојбата на неговите задни гуми и покрај тоа што тимот сакаше тој да се обиде да издржи до крајот на трката. Возачот на Ред Бул беше принуден да влезе во боксот за меки гуми во 55 круг. Тој се врати на четвртото место, но беше многу побрз од неговите ривали. Мерцедес АМГ го повика Розберг во бокс во 57 круг за промена на користени меки гуми. Тој врати на 7-мо место пред Ветел и му беше кажано да вози како секој преостанат круг да е квалификациски.

На 13 круга до целта, Фернандо Алонсо беше прв - од Ферари конечно со добра стратегиска одлука да не менуваат гуми - со три секунди пред Хамилтон, а Рикиардо беше трет на нови гуми гуми. Ботас се искачи на четвртото место пред Маса, Раиконен и Розберг, кој беше само половина секунда зад Финецот.

Ботас мораше во бокс, а Розберг експресно ги помина Раиконен и Маса, со 22 секунди заостанување зад Рикиардо, форсирајќи да ја стигне водечката тројка. Веќе во 66-от круг таа разлика беше преполовена на 11 секунди, а Германецот беше три секунди побрз од водечките, но и круговите се намалуваа.

Даниел Рикиардо беше решен да направи обид за победа, и по неколку неуспешни обиди да го помине дефанзивниот Хамилтон, тоа му успеа во 68 круг. Фернандо Алонсо и Ферари се понадеваа на првата победа, но по успешното бранење од Хамилтон, не неговите гуми не успеаа да издржат и лесно беше поминат. Хамилтон повторно го притисна Шпанецот, но и тој наскоро се најде под притисок на својот тимски колега, по што Алонсо здивна и остана на второто место, а Британецот се посвети на одбрана од Розберг, во што и успеа. Зад првите четири, Маса беше петти пред Раиконен, Ветел, Ботас, Верн и Џенсон Батон.
Голема Награда на Унгарија, Хунгароринг
70 круга, 306.630км., Време: Дожд/Сончево.

ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Даниел Рикирадо Ред Бул 1ч53:05.058
2. Фернандо Алонсо Ферари + 5.225
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 5.857
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 6.361
5. Фелипе Маса Вилијамс + 29.841
6. Кими Раиконен Ферари + 31.491
7. Себастијан Ветел Ред Бул + 40.964
8. Валтери Ботас Вилијамс + 41.344
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 58.527
10. Џенсон Батон Мекларен + 1:07.280
11. Адријан Сутил Заубер + 1:08.169
12. Кевин Магнусен Мекларен + 1:18.465
13. Пастор Малдонадо Лотус + 1:24.024
14. Дањил Квјат Торо Росо + 1 круг
15. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
16. Макс Чилтон Марусија + 1 круг

НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:25.724

БЕЗ ПЛАСМАН:
Естебан Гутиерес Заубер 34
Камуи Кобајаши Катерам 26
Серџо Перез Форс Индија 24
Нико Хулкенберг Форс Индија 16
Роман Грожан Лотус 12
Маркус Ериксон Катерам 8

Генерален пласман по 11 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 202 1. Мерцедес АМГ 393
2. Луис Хамилтон 191 2. Ред Бул 219
3. Даниел Рикиардо 131 3. Ферари 142
4. Фернандо Алонсо 115 4. Вилијамс 135
5. Валтери Ботас 95 5. Форс Индија 98
6. Себастијан Ветел 88 6. Мекларен 97
7. Нико Хулкенберг 69 7. Торо Росо 17
8. Џенсон Батон 60 8. Лотус 8
9. Фелипе Маса 40 9. Марусија 2
10. Кевин Магнусен 37
11. Серџо Перез 29
12. Кими Раиконен 27
13. Жан-Ерик Верн 11
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 6
16. Жил Бјанки 2
 
Дај кажете ми го името на кокоментаторот на Зоран Видевски, никако да фатам одпочеток Ф1 за да го дознам. Денес ептен напна човекот, нервите ми ги искина
 
Дај кажете ми го името на кокоментаторот на Зоран Видевски, никако да фатам одпочеток Ф1 за да го дознам. Денес ептен напна човекот, нервите ми ги искина
Константин Ангеловски. Зошто? Не коментираше лошо? И плус ниту еднаш не дадоа ЕПП.
 
Константин Ангеловски. Зошто? Не коментираше лошо? И плус ниту еднаш не дадоа ЕПП.

Многу го дрви, кога ќе фати да вергла за нешто, абе саат време не престанува... Видо неможе до збор да дојде од него
 
кажувајте кај да ја најдам тркава на нет, немам t-home дома :(:mad:
 
кажувајте кај да ја најдам тркава на нет, немам t-home дома :(:mad:
Почекај, ќе излезе торент, ќе ти дадам. ;) До среда би требало да излезе. На кој оператор си, доколку имаш СК ќе ти даваат снимка?
 
србиве на форуми кажуваат дека реприза имаат во 00.00 вечерва,а на која тв-незнам
 
Почекај, ќе излезе торент, ќе ти дадам. ;) До среда би требало да излезе. На кој оператор си, доколку имаш СК ќе ти даваат снимка?

имам СК да на boom сум, еве торент од sky излезе ама споро симнува
 
Многу го дрви, кога ќе фати да вергла за нешто, абе саат време не престанува... Видо неможе до збор да дојде од него
Кажува некои глупости од технички аспект на Ф1, ама кога ќе почне, цела трка не застанува човекот. Мотори, трактори, аеродинамики, а во кадар некој дуел и овој ко да не гледа, продолжува да си зборува... Преку кур веќе.
 
Кажува некои глупости од технички аспект на Ф1, ама кога ќе почне, цела трка не застанува човекот. Мотори, трактори, аеродинамики, а во кадар некој дуел и овој ко да не гледа, продолжува да си зборува... Преку кур веќе.

Гледај си на СпортКлуб и немаш промашај..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom