Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Точно, но па Ферари никогаш не давале мотори на тимови од ранкот на Ред Бул на пример, срамота е да се деси да бидат поразени од друг тим со нивен мотор :D
Па мислам на почеток, година-две дека баш од Ферари користеа мотори, али тогаш уште беа неконкурентни, после се префрлија на Рено.
А работата е што Мерцедес даваат мотори, нема што Мекларен да даваат нешто што не е нивно... Така да германците видоа дека можат со свој тим и мотор да бидат конкурентни, па не губат многу ако Мекларен го прекинат договорот со нив.
 
Па мислам на почеток, година-две дека баш од Ферари користеа мотори, али тогаш уште беа неконкурентни, после се префрлија на Рено.
А работата е што Мерцедес даваат мотори, нема што Мекларен да даваат нешто што не е нивно... Така да германците видоа дека можат со свој тим и мотор да бидат конкурентни, па не губат многу ако Мекларен го прекинат договорот со нив.
Да користеа две години, но тогаш беа ептен нов тим, и не претставуваа закана некоја, баш откако го земаа Њуи во тим, Ферари само на Торо Росо даваа мотор а Ред Бул се префрли на Рено.
Али па можда и на Ред Бул избор било тоа да земат мотор од Рено, осетиле дека Рено повеќе ќе се фокусираат да им направат добар мотор отколку Ферари да им пуштат сакал некој :)

A за Мерцедес знаев дека ќе целат кон титула, неможе такво бренд со толку големи ресурси да прави тим а да не освои титула со тек на време.
 
Ферари, барем до лани беше така, не знам дали сеуште, ги даваше моторите од претходната сезона на тимовите кои ги снабдуваше, а најновиот само ферари го користеше и тоа јавно беше декларирано, додека мерцедес и рено со потпуно истите мотори последна верзија ги снабдуваа и своите тимови и останатите кои ги користеа, а сега и јас се сложувам дека тешко е да се поверува дека баш исто силни и идентични мотори користи и мерцедес тимот и ја снабдува конкуренцијата, али барем формално е декларирано дека се истите мотори..
 
Освен моторите безброј други технологии и иновации го прават тимот конкурентен и успешен. Аеродинамиката еден од најбитните фактори...
Мерцедес ГП во моментов голем дел од овие иновации ги има сработено подобро од Мекларен, така да не би требало да е само до моторот.
 
Абе никад не сме разговарале за Безбедносното возило. :D Што мислите какво е? Убаво ли е, моќно ли е...? :icon_lol:
 
Абе никад не сме разговарале за Безбедносното возило. :D Што мислите какво е? Убаво ли е, моќно ли е...? :icon_lol:
:D Абе кога ќе го видам помеѓу болидите, ............. грдо е!!! :pipi:уште и колку е сиротото споро, леле леле, ама толку му е душата
Ама ако се потрудам да го замислам без нив, кој знае, може и да ми се допадне:cuc:
 
Ферари, барем до лани беше така, не знам дали сеуште, ги даваше моторите од претходната сезона на тимовите кои ги снабдуваше, а најновиот само ферари го користеше и тоа јавно беше декларирано, додека мерцедес и рено со потпуно истите мотори последна верзија ги снабдуваа и своите тимови и останатите кои ги користеа, а сега и јас се сложувам дека тешко е да се поверува дека баш исто силни и идентични мотори користи и мерцедес тимот и ја снабдува конкуренцијата, али барем формално е декларирано дека се истите мотори..
Не ми е некако логично Ферари да давале лански мотори, ФИА ја проверува конструкцијата на моторите а и тимовите ќе се бунат, ќе беше контроверзија и мислам дека ќе знаевме, имаш некој линк од нешто вакво?
 
Не ми е некако логично Ферари да давале лански мотори, ФИА ја проверува конструкцијата на моторите а и тимовите ќе се бунат, ќе беше контроверзија и мислам дека ќе знаевме, имаш некој линк од нешто вакво?
Општо познато и легално беше дека Ферари ги даваа ланските мотори, до пред неколку години, за последните година-две не знам.
 
Општо познато и легално беше дека Ферари ги даваа ланските мотори, до пред неколку години, за последните година-две не знам.
Можно е, поради тоа и давале на ептен срање тимови, тим со амбиции никогаш не би прифатил.
Но па тогашка се возеше со ист тип на мотори многу години, правилата не се менуваа нешто посебно околу моторот.
Aли ако драстично се променат правилата околу моторот, нема шанси да им даваат лански мотори.
 
Мексико од идната година во Формула 1 календарот

meksiko-f1.jpg

Мексиканските медиуми најавија дека главнио град Мексико сити ќе се врати во календарот за светското првенство во Формула 1 веќе од идната година, што ќе биде прва трка во оваа земја во Средна Америка по пауза од 22 години. Како што наведуваат медиумите, Ф1 и Мексико сити потпишале петгодишен договор со опција за продолжување на уште пет години. Гран-прито ќе се одржи на автодромот „Херманос Родригес“, кој претходно беше домаќин на Ф1-трки во периодот 1986-1992. Се шпекулира дека трката ќе се одржи во октомври или ноември, непосредно пред трката за ГН на САД. На последното гран-при на Мексико во 1992 година победи Најџел Менсел. Инаку оваа земја во моментов има два возачи во Ф1, Серхио Перез и Естебан Гутиерес.[DOUBLEPOST=1406067323][/DOUBLEPOST]
Formula 1 Pirelli Magyar Nagydij (Hockenheim)
2014 ФИА Формула 1-ГН на Унгарија (Хунгароринг)


456px-Hungaroring.svg.png

Основни податоци:
Капацитет: 70 000
Отворена: 1986
Број на кругови: 70
Должина на патеката: 4.381 km (2.722 mi)
Рекорд: 1:19.071-М. Шумахер (2004)
Старт на сесиите:
Петок 25.07.2014

Тренинг 1: 10:00 - 11:30* (10:00 - 11:30)
Тренинг 2: 14:00 - 15:30* (14:00 - 15:30)
Сабота 26.07.2014
Тренинг 3: 11:00 - 12:00* (11:00 - 12:00)
Квалификации: 14:00* (14:00)
Недела 27.07.2014
Трка: 14:00* (14:00)
* Локално време

ТВ Преноси
-Среда 23.07
15:30 SK1; Inside GP-Hungary
-Четврток 24.07
11:00 SK 1;
Inside GP-Hungary
-Петок 25.07
04:45 SK 1;
Inside GP-Hungary
09:15 SK 1; Inside GP-Hungary
10:00 SK 1; Ф1 Унгарија-Тренинг 1 (Пренос)
14:00 SK 1; Ф1 Унгарија-Тренинг 2 (Пренос)
17:00 SK 1; Inside GP-Hungary
-Сабота 26.07
06:00 SK 1;
Ф1 Унгарија-Тренинг # (Снимка)
11:00 SK 1; Ф1 Унгарија-Тренинг 3 (Пренос)
14:00 МРТ 1 HD, SK 1; Ф1 Унгарија-Квалификации (Пренос)
23:30 SK 1; Ф1 Унгарија-Квалификации (Снимка)
-Недела 27.07
14:00 МРТ 1 HD, SK 1; Ф1 Унгарија-Трка (Пренос)
23:55 SK 1; Ф1 Унгарија-Трка (Снимка)
-Понеделник 28.07
19:00 SK 1;
Ф1 Унгарија-Трка (Снимка)
-Вторник 29.07
08:30 SK 1; Ф1 Унгарија-Трка (Снимка)
-Среда 30.07
06:00 SK 1;
Ф1 Унгарија-Трка (Снимка)
Напомена:
-
Програмските шеми се под можност за промени.
 
Последно уредено:
Луѓе, нешто не ми штима со тркиве догодина: Еве Мексико ќе биде, Баку ќе влезе, Њу Џерси сака да влезе, а Берни изјави дека и догодина ќе има 19 трки. Ако влезат 3 трки, кои 3 ќе излезат???[DOUBLEPOST=1406282635][/DOUBLEPOST]Фетел: Не ни помислувам да го напуштам Ред Бул

tocka-132694.jpg

Иако вози разочарувачка сезона во болидот на Ред Бул, четирикратниот Ф1 шампион Себастијан Фетел воопшто не размислува за напуштање на австрискиот тим.
„Јас и натаму сум многу задоволен во тимот на Ред Бул. Моментално немам причини да размислувам за други опции“, изјави германскиот пилот во пресрет на трката за Големата награда на Унгарија која се вози овој викенд. Според пишувањето на Билд, челниците на Мерцедес наводно биле подготвени да му понудат договор на Фетел во 2016-та година, токму кога ќе истече нивниот договор со британскиот возач Луис Хамилтон. Себастијан Фетел не сакаше ништо конкретно да изјави во врска со тоа: „Вреди да се размисли за секоја понуда, но кај мене ништо не се менува. Не сакам ниту да разговарам за такви работи на средина од сезона“, порача Фетел.

Еклстон: Ф1 во Баку од 2016 година

f1.jpg

Само еден ден откако беше потврдено дека Формула 1 по пауза од 23 години се враќа во Мексико, првиот човек на „октанскиот циркус“, Берни Еклстон потврди дека Азербејџан е закажан за календарот веќе од 2016 година. Од поодама е најавено дека Азербејџан, земјата богата со нафта ќе биде дел од шампионатот во Ф1 и дека ќе се вози градска трка по улиците на Баку. Азербејџан ќе биде 21-та трка во шампионатот за две години. „Наку е закажана за 2016 година“, рече Екелстоун. „Некој ми рече дека Њу Џерси е подготвен, дека имаат пари и дека се во добра позиција за организација на Ф1 трка. Не знам дали е тоа точно, но најрано може да влезат во календарот во 2016 година“, додаде Еклстон за „Форбс“.[DOUBLEPOST=1406282738][/DOUBLEPOST]Логично:
-До година влегува Мексико (20 трки ќе има)
-ВО 2016: Влегува Баку, излегува Монца (20 трки ќе има) :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Последно уредено:
2014 УНГАРИЈА ГП: ВТОРИОТ ТРЕНИНГ ПОТВРДИ, МЕРЦЕДЕС АМГ Е НАЈГОЛЕМИОТ ФАВОРИТ ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА И ПОБЕДАТА!!!


По само 5 дена од трката во Германија, тимовите ги комплетираа двете петочни тренинг сесии за Големата Награда на Унгарија. Очекувано, во толку мал период не може да се очекуваат големи промени, па така доминацијата на Мерцедес АМГ е нормална работа. Попладнево најбрзото време повторно го имаше Луис Хамилтон.

Времето беше сончево со амбиентални температури околу 26-от степен и 54 степени на патеката. Ф1 тимовите работеа на подготовки на болидот за трка и се навикнуваат на сет-ап без FRIC-амортизациониот систем, кој е забранет.

Неколку возачи имаа излетувања надвор од патеката, но без некој посериозен инцидент. Долгите стинтови, т.е. симулацијата на трка, повторно го ставаат Мерцедес АМГ во добитна комбинација, и ако немаат технички проблеми, сигурно освојуваат 1-2 Победа. Борбата за останатите места ќе ни биде појасна по утрешниот ден.

Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 СЕТ/МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.482 38
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.720 + 0.238 38
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:25.111 + 0.629 33
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.437 + 0.955 26
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:25.580 + 1.098 34
6. Кими Раиконен Ферари 1:25.730 + 1.248 30
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:25.983 + 1.501 29
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.999 + 1.517 37
9. Џенсон Батон Мекларен 1:26.234 + 1.752 33
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:26.402 + 1.920 18
11. Дањил Квјат Торо Росо 1:26.689 + 2.207 42
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.703 + 2.221 37
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.789 + 2.307 39
14. Адријан Сутил Заубер 1:26.919 + 2.437 41
15. Серџо Перез Форс Индија 1:27.015 + 2.531 39
16. Пастор Малдонадо Лотус 1:27.019 + 2.537 40
17. Роман Грожан Лотус 1:27.021 + 2.539 14
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:27.480 + 2.998 32
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:28.370 + 3.888 35
20. Жил Бјанки Марусија 1:28.469 + 3.987 26
21. Макс Чилтон Марусија 1:28.586 + 4.104 35
22. Маркус Ериксон Катерам 1:29.036 + 4.554 34

Првиот тренинг за Големата Награда на Унгарија заврши со Луис Хамилтон на чело на табелата на најбрзите времиња, следен од својот тимски колега од Мерцедес АМГ. Сребрените стрели повторно доминираат, Ферари повторно со трето најбрзо време, но сега со Кими Раиконен. Оваа сезона секој почеток на тркачкиот викенд ни носи очекувани резултати кога немаме дожд на патеката. Очекуваме повеќе возбудувања за време на вториот тренинг, кој започнува во 14:00 часот.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:25.814 27
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.997 + 0.183 31
3. Кими Раиконен Ферари 1:26.421 + 0.607 29
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:26.872 + 1.058 23
5. Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.220 + 1.406 28
6. Кевин Магнусен Мекларен 1:27.357 + 1.543 28
7. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:27.683 + 1.869 30
8. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:27.782 + 1.968 16
9. Џенсон Батон Мекларен 1:27.804 + 1.990 27
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:27.960 + 2.146 24
11. Естебан Гутиерес Заубер 1:27.967 + 2.153 25
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:28.101 + 2.287 28
13. Дањил Квјат Торо Росо 1:28.208 + 2.394 32
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:28.266 + 2.452 28
15. Валтери Ботас Вилијамс 1:28.330 + 2.516 21
16. Серџо Перез Форс Индија 1:28.376 + 2.562 24
17. Роман Грожан Лотус 1:28.593 + 2.779 24
18. Адријан Сутил Заубер 1:29.025 + 3.211 23
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:30.363 + 4.549 30
20. Маркус Ериксон Катерам 1:30.892 + 5.078 24
21. Макс Чилтон Марусија 1:31.004 + 5.190 5
22. Жил Бјанки Марусија 1:31.248 + 5.434 20

Поврзани содржини
 
Ферари е најголемата жртва на ФРИК

alonso_pred_kimi_ungarija_2014.jpg

Поранешниот пилот на Тојота, Шкотланѓанецот Ален МекНиш, во својата техничка колумна за Би-Би-Си изнесе анализа според која Ферари и Мекларен се тимовите кои се најоштетени од забраната на уредот ФРИК.
Пред трката во Германија, ФИА упати писмо до сите екипи дека системот е забранет бидејќи се смета како замена за активната суспензија, но ќе го толерира до крајот на сезоната доколку сите екипи го дозволат тоа. Како и за повеќето други прашања, единството на екипите не беше на ниво и сите мораа да го отстранат пред трката во Хокенхајм, а се шпекулираше дека токму Мерцедес ќе загуби најмногу бидејќи има најкомплициран систем. Самото име на уредот сугерира дека тој го контролира предниот и задниот дел на болидот (Front and Rear Inter-Connected), што дозволува поагресивна аеродинамика и подобар контакт со подлогата. Според анализата на МекНиш, Ред Бул Ринг и Хокенхајмринг се сличен тип на патеки со правци и доминантни остри свиоци, со по некој брз свиок. На двете победија возачи на Мерцедес, при што во двата случаја имаше болид на Вилијамс на второ место.
Гледано само низ призма на најдобриот круг извозен во трка, Ферари губи најмногу бидејќи задоцнувањето од 0,079 секунди по километар скока на неверојатни 0,242 секунди по километар, или три пати, додека кај Вилијамс е речиси идентично, а кај Ред Бул и Мекларен постојат заостанувања од 25% до 30%. Од друга страна, кога се анализира разликата меѓу победникот во трката и најдобриот болид од останатите зад него, само Ред Бул е конзистентен (47 наспроти 48 секунди во трка), додека сите други губат повеќе (Вилијамс од 8 на 20, Ферари од 18 на 52 и Мекларен од 32 на 84 секунди). Изразено во километри, Ферари во Австрија задоцнувал 0,06 секунди по километар, додека во Германија тоа е мултиплицирано на 0,17 секунди по километар. Во случајот на Мекларен, тоа е 0,104 секунди по километар во Австрија наспроти 0,276 во Германија. Од тоа, МекНиш доаѓа до заклучок дека гледано преку задоцнувањето зад Мерцедес, Ферари и Мекларен имаат три пати поголеми разлики од претходно и се најоштетени од забраната на ФРИК.
- Без стабилноста на ФРИК, екипите мора да ги подигнат своите болиди, да го направат болидот покрут, бидејќи ја немаат контролата врз платформата од хидрауличкиот систем. Во двата случаи го губат механичкиот грип при мали брзини. Истовремено, мора да ја редуцираат агресивноста на аеродинамиката што ја користат на подот од болидот, бидејќи без контрола на висината на болидите повеќе се склони кон пресекување на протокот на воздухот, а тоа дава променлив воздушен потисок и ја нарушува самодовербата на возачот,- вели поранешниот пилот на Тојота.
Според него, на претстојното гран при во Унгарија, отсуството на ФРИК ќе биде уште позабележително бидејќи има долги свиоци со брза промена на правецот и нерамна подлога. Недостатокот на механичкиот грип, односно добриот контакт со подлогата при ниски брзини, ќе направи гумите да бидат под поголем стрес, што можеби нема да се забележи во еден круг, но ќе дојде до израз во текот на трката. Според Шкотланѓанецот, тоа било слаба страна на Ферари и Мекларен уште пред да се отстрани ФРИК, бидејќи на слична патека како оваа (во Монако) тие биле по цел круг зад победниците.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Алонсо: Фокусот на Ферари веќе е насочен кон следната сезона
 
Тоа е, а се радувавме Мерцедес ќе паднат хаха.
Тоа уште подоминатни станаа:ROFLMAO:
 
На пола сезона менуваат правила :facepalm:.... и после се чудат зошто паѓа гледаноста.
А и забраната им е ѕверска, ако се согласат другите тимови можело да го користиш системот хах... Сигурно автомобилите од инднината немаат потреба од вакво нешто
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom